ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ФАМИЛИЈАТА НА СЕДАН МОДЕЛИ НА JAGUAR

Jaguar претставува три прекрасни седан автомобили што можат да го исполнат секое барање

Постојат три различни модели на Jaguar во три различни пазарни сектори, од компактниот XE и пораснатиот XF до полуксузниот но сепак елегантен XJ. И покрај јасните разлики, нивната врска е очигледна – секој во себе го носи најважното нешто, ДНК на Jaguar.



Најмалиот од трите модели е компактниот XE, а моделот XF е во средина. Моделот XJ од луксузната класа е најголемиот и најдолгиот. Сите три автомобили, кога ги гледате во профил, делат странична линија што почнува скоро од теренот пред предното тркало, потоа со грациозна кривина поминува преку лакот на крилото и тече по целата должина до задниот дел на автомобилот.

Страничната линија на XE се издигнува како што се протега по должина на автомобилот, истакната од ниско поставената предна украсна маска.

Страничната линија нагло се прекршува во капакот на багажниот простор со што го покажува спортскиот профил на XE. Препустите се пократки од порано, но просторот во внатрешноста е поголем – особено во задниот дел – а со алуминиумската конструкција со мала тежина, овој модел е за 190kg полесен од својот претходник.

Иако украсната маска на Jaguar во својата сегашна форма беше претставена со моделот XF во 2007 година, XJ ја демонстрира довербата што ја има Jaguar во неа. Актуелната интерпретација дава најсилен печат. Ако погледнете одблизу, ќе видите дека XJ ја внесува најновата технологија за осветлување, со коцкести облици и истакнати детали за насочување на светлината. Фаровите на XF имаат облик на скапоцен камен и низ нив минува перка, по којашто автомобилот се разликува од XE.

XJ го внесе дизајнерскиот детаљ „Riva Hoop“ во модерниот Jaguar. Тоа е грациозна траверза што беспрекорно се протега од едниот до другиот крај на инструмент таблата и дава чувство на нежност во кокпитот, како во луксузната јахта на класик брендот по којшто го доби името.

Овој детаљ е силниот дизајнерски печат што ја издвојува внатрешноста на XJ од конкурентите. Тоа е повеќе од клуб на англиски членови, љубезен и софистициран.

„ВО ЕДЕН МОМЕНТ МОЖЕТЕ КОМФОРНО ДА ПАТУВАТЕ СО ПОСТОЈАНА БРЗИНА, А ВО СЛЕДНИОТ МОЖЕТЕ ДА ВОЗИТЕ СО ЕЛАН. ТОА СЕ ПРЕКРАСНИТЕ ДВЕ ЛИЦА ШТО ГИ ПОВРЗУВААТ СИТЕ ТРИ АВТОМОБИЛИ“.

XE исто така има „Riva Hoop“ детаљ но во удобна и спортска кабина (горе). Внатрешноста на XF постигнува фина рамнотежа помеѓу другите два модели, со неверојатно пространи задни седишта каде што може да се сместат лица повисоки од 185cm.

Високиот централен тунел за трансмисијата веднаш ве изолира во кабината, опкружен сте со детаљот „Riva Hoop“, а пред вас е широката жестока инструмент табла. Почесното место е резервирано за екранот на допир од 10.2 инчи на системот за информации и забава InControl Touch Pro – со брза реакција и моќен кога поминувате со прст, штипнувате и притискате – исто како кај најновите паметни телефони. Технологијата ја дели со моделот XJ, додека XE добива слична и сè уште добра верзија на InControl Touch, а InControl Touch Pro е опција.

Меѓу разните бензински и дизел погонски единици во асортиманот на XF, 2.0-литарскиот Ingenium дизел мотор е достапен во верзиите со моќност од 163 и 180hp, присоединет со рачен менувач со 6 степени на пренос или со автоматски менувач со 8 степени на пренос.

Јасно е дека големиот вртежен момент е достапен уште од мал број на вртежи на моторот, битна работа кога ќе се земе во предвид дека потрошувачката на гориво може да се симне до 4l/100km (70.6mpg), а емисијата на 104. g/km*. Управувањето со XF е течно и прецизно, што е заштитен знак на Jaguar. Бензинскиот XF со S ниво на опременост има поенергичен карактер. 3.0-литарскиот V6 мотор со супер полнач развива моќност од 340hp и емитира фантастичен звук при забрзување, а има и сериозни перформанси – 0-100km/h за само 5,3 секунди. Неговото предно потпирање со двојна вилушка го одвојува од конкуренцијата и се грижи за динамиката и агилноста. Можете да очекувате XE и XF да ве одушеват зад воланот, но начинот на којшто XJ го прифаќа возачот и моли за возење е оригинално изненадување. 3.0-литарскиот V6 турбо дизел мотор сега нуди моќност од 300hp и беспрекорно ги совладува кривините, а брзото и точно управување повеќе прилега на спортски автомобил отколку на голема лимузина.

Тоа значи дека во еден момент можете комфорно да патувате со постојана брзина, а во следниот можете да возите со елан. Тоа се прекрасните две лица што ги поврзуваат сите три автомобили. Како браќа се, се разликуваат и по лик и по карактер, но сите се дел од фамилијата.

*Наведените вредности за потрошувачката на гориво се според официјалните тестови на производителот во согласност со ЕУ прописите.

Вистинската потрошувачка на гориво на возилото може да се разликува од потрошувачката добиена со вакви тестови и овие вредности се наменети само за споредба.

Официјални вредности за потрошувачката на гориво на седан моделите на Jaguar во l/100km (mpg): Во град 16,2 (17.4) – 4,4 (64.2) , Надвор од град 8,2 (34.5) – 3,4 (83.1) , Комбиниран циклус 11,1 (25.5) – 3,8 (75.0). Емисија на CO2 g/km: 264 – 99.

„СИТЕ ТРИ АВТОМОБИЛИ, КОГА ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ПРОФИЛ, ДЕЛАТ СТРАНИЧНА ЛИНИЈА ШТО ПОЧНУВА СКОРО ОД ТЕРЕНОТ ПРЕД ПРЕДНОТО ТРКАЛО, ПОТОА СО ГРАЦИОЗНА КРИВИНА ПОМИНУВА ПРЕКУ ЛАКОТ НА КРИЛОТО И ТЕЧЕ ПО ЦЕЛАТА ДОЛЖИНА ДО ЗАДНИОТ ДЕЛ НА АВТОМОБИЛОТ“.

ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
ЕВОЛУЦИЈАТА НА XF
Дизајнот на Jaguar XF еволуираше, но неговата технологија и пространството од перформанси се револуционерни. Дизајнерите Ијан Калум и Адам Хатон објаснуваат како созреа средишниот седан модел на Jaguar.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
F‑PACE – ЛУКСУЗНИОТ SUV СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ
Спортско теренско возило на Jaguar што ги разбива стереотипите за практичност и елеганција. Дизајнерите што го осмислија моделот F-PACE ја опишуваат нивната инспирација.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПРВАТА СЕРИЈА НА ДИНАМИЧНИ МОДЕЛИ НА JAGUAR СО ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА
Најубавите патишта во Велс беа совршени за тест возење на петте моќни серии на модели со погон на сите тркала - XJ, XF, F‑TYPE, XE и F‑PACE.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ