БЕНЗИН ИЛИ ДИЗЕЛ?

Промените во законодавството, грижата за јавното здравје и транспарентноста на тестовите за емисија на издувни гасови предизвикаа многумина да запрашаат колку се чисти дизел моторите и дали се вистинскиот избор за нив.


Важно е да се напомене дека актуелните дизел мотори се едни од најчистите што се произведени досега.

Зошто се дизел моторите под лупата на јавноста?

Некои состојки во издувните гасови што ги создаваат моторите со внатрешно согорување се поврзуваат со проблеми со органите за дишење, смогот и загадувањето на воздухот.





Дизел моторите произведуваат, во просек, помалку CO2 од бензинските мотори, но од друга страна тие произведуваат повеќе азотни оксиди, NOx. Кај модерните дизел мотори, течноста за третман на дизел издувните гасови (DEF) – позната и под името AdBlue® – се користи во системот за селективна каталитичка редукција (SCR) за да ги претвори азотните оксиди, NOx, назад во азот и кислород. Од 2006 година, сите наши возила со дизел мотор се опремени со филтер за честички што отстранува 99% од сите честички од издувните гасови.

Дизел моторите што ги исполнуваат најновите стандардни за емисија на издувните гасови EU6 ја имаат технологијата SCR и затоа создаваат помалку азотни оксиди, NOx, и честички од дизел моторите што се произведени пред воведување на стандардот.

Поради лошото влијание врз јавното здравје, бројни европски градови презедоа мерки за намалување на загадувањето со азотни оксиди, NOx. Лондон, на пример, воведе Т-такса, дополнителна давачка на веќе постоечката давачка за сообраќаен метеж за да ги обесхрабри старите дизел возила од влегување во одредени зони. Дизел возилата според EU6 се изземени од оваа такса поради нивната ниска емисија на азотни оксиди, NOx.

Од септември 2015 година, сите наши дизел мотори за ЕУ и ЕЕА ги исполнуваат строгите регулативи EU6 за емисија на издувни гасови. Тоа значи дека нашите дизел мотори се толку чисти што можат слободно да минуваат низ зоните со извонредно ниска емисија на издувни гасови што каде што се наметнува парична давачка за возачите коишто емитираат високо ниво на загадувачи.

Нашата посветеност за чисто возење значи дека ние произведуваме некои од нашите најчисти мотори досега.

Светската хармонизирана постапка за испитување на лесни возила (WLTP) е нов лабораториски метод за испитување воведен во септември 2017 година со цел да се обезбедат податоци за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 што се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Со новиот стандард за емисија на издувни гасови (EU6d RDE) за прв пат ќе се примени и друмско и лабораториско испитување на автомобилите што ќе овозможи уште поточни вредности за емисијата на издувните гасови.

Сите наши дизел мотори произведени за пазарите на ЕУ и ЕЕА, од септември 2015 година, се опремени со систем за селективна каталитичка редукција (SCR). Овој систем ја користи течноста AdBlue®, на база на уреа, за значително да се намали неповолното влијание врз животната средина.

Технологијата за филтрирање, што се вградува како дел од стандардната опрема кај сите наши возила со дизел мотор, отстранува до 99% од сите честички пред тие да излезат од издувната цевка.

Каква е разликата помеѓу бензинските и дизел моторите?

Вообичаена заблуда е дека возилата со дизел мотор се побавни, побучни и поскапи за експлоатација од возилата со бензински мотор. Меѓутоа, подобрените технологии кај дизел моторите и напредните инженерски решенија значат дека денес разликата помеѓу овие два мотори е едвај забележлива.

Вртежниот момент на мал број на вртежи кај дизел моторот е идеален за влечење бидејќи овозможува порано менување на степените на пренос и обезбедува големо забрзување.

Максималната моќност на бензинските мотори е поглатка и со побрза реакција, меѓутоа, за да се развие истиот вртежен момент како кај дизел моторите потребен е поголем број на вртежи.




Кој мотор е вистинскиот за мене?

Пред купувањето на какво било возило, треба да ги земете во предвид вашите вообичаени навики во возењето. Дизел моторите се поефикасни за долги патувања со поголеми брзини. Но, ако вашето вообичаено возење се состои од кратки патувања со редовно запирање и тргнување во градскиот сообраќај, тогаш дизел моторот не е автоматски и најдобриот избор.

Поголемата густина на енергијата што ја има дизел горивото и начинот на којшто таа енергија се ослободува во текот на согорувањето значи дека ако возите 19.000 или повеќе километри годишно тогаш дизел моторот повеќе се исплати. Затоа дизел моторот веројатно ќе биде најисплатливиот избор.

Современите дизел возила се опремени со филтер за дизел честички (DPF). Овој филтер ги собира честичките во издувниот систем за да согорат кога ќе се постигне висока температура. При кратки патувања, како што се градските релации, овој процес потешко се изведува. За оние возачи коишто возат претежно во град попогоден избор можеби е возило со бензински мотор, хибридно возило или целосно електрично возило.

Како ќе ме погодат промените во регулативата поврзани со дизелот?

Автомобилите со дизел мотор што се возат во урбани средини веројатно ќе бидат изложени на дополнителни трошоци во наредните две или три години, поголеми и над оние што им се наметнуваат на возилата со бензински или мотор со алтернативно гориво.

Меѓутоа, сопствениците на поновите возила со дизел мотор којшто ги исполнува најновите стандарди за емисија на издувните гасови EU6 нема да бидат казнети на ист начин како возилата со постар дизел мотор којшто е помалку еколошки.

Сите наши возила со дизел мотор коишто се продадаваат од септември 2015 година на пазарите на ЕУ и ЕЕА ги исполнуваат стандардните EU6.

Досегашни резултати:

Инвестиравме 1 милијарда фунти во нашиот најсовремен центар за производство на мотори за да развиеме помали дизел мотори со пониска емисија на издувни гасови и овие развојни активности дадоа извонредни резултати. Помеѓу 2007 и 2015 година ја намаливме емисијата на CO2 од нашите возила за европскиот возен парк за 32%. Освен тоа, помеѓу 2004 и 2016 година, нашите инженери успеаја да jа намалат нашата емисија на азотни оксиди NOx за 90%.

Што да правам сега?

Нашиот едноставен водич за избор на вашиот нов мотор ќе ви овозможи да донесете одлука врз база на вашиот стил на возење.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ