ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО ЕКСПЕРТИТЕ НА JAGUAR

Длабоко во седиштето на инженерство во Гајдон, стотици технички волшебници работат на подобрување на идните модели на Jaguar. Запознајте ги седумтемина различни но величенствени претставници на одделите, од специјалисти за виртуелна реалност до специјалисти за самоуки автомобили и акустика.

Орла Марфи, 25
Работно место: Инженер за аудио калибрација
Образование: Дипломиран инженер по електроника
Во слободно време: Свири виола во филхармонискиот оркестар на Бирмингем и игра камоги (спорт сличен на ирскиот спорт харлинг)

Мојата работа е во врска со перцепцијата на звукот во кабината. Во оркестар слушаш секакви звуци, од многу ниските фреквенции на тубата до крајно високите фреквенции од едно пиколо, така што моите уши добро знаат што да слушнат. Неодамна документирав едно истражување за 3Д опкружувачкиот звук и работата на тоа истражување е навистина возбудлива. Но зонско аудио – каде што исклучување на специфична бучава може да создаде различни зони на слушање – е Светиот грал. Сега во одредени делови од автомобилот можеме да го балансираме и ослабнуваме звукот, но за во иднина работиме на сценарио во коешто на некој од задните седишта во автомобилот што води приватен телефонски разговор нема да му пречи музиката што ја пуштил возачот, или совозачот би можел да слуша рок музика додека патникот на задните седишта пушта класична музика без да си попречуваат меѓу себе. Не е само до музиката. Треба да се справиме со вокалната интеграција, сензорите за паркирање и со секаков друг звук во внатрешноста на автомобилот.

Брајан Вотерфилд, 49
Работно место: Технички лидер за виртуелна реалност
Образование: Магистер за виртуелна реалност и технологија на игри
Во слободно време: „Престанав да играм рагби бидјеќи доаѓањето на работа со модрици на очите не изгледаше добро. Сега посетувам вежбалница и слушам ТЕД конференција“.

Нашата кабина за виртуелна реалност беше најголема во светот кога ја поставивме за прв пат. Има три ѕида и таван и е со заднинска проекција со резолуција до четири пати поголема од HD. Обично би поставиле макета на возач и би го визуелизирале остатокот од автомобилот околу него. Кога ги носите овие наочари работите во размер 1:1. Во почетокот ова беше наменето главно за тимот за пакети и уредување на просторот. Но, се јавуваа сè повеќе и повеќе одделенија во JLR што сакаа да ја користат кабината така што направивме 2Д и 3Д видео ѕид што имаат интеракција со кабината. Бројот на луѓе што можат да влезат во кабината е мал но за видео ѕидот има амфитеатар со 52 седишта каде што луѓето можат да го доживеат точно тоа што се случува во кабината. Физичкото тестирање на автомобил зависи од многу фактори – при тестирање на возење по мраз или теренско возење зависите од времето – но во виртуелниот свет не зависите од ништо. Бидејќи развиваме повеќе начини за симулација ќе можеме да го контролираме времето и просторот со секакви временски услови.

Ли Скрипчук, 35
Работно место: Специјалист за Човек-машина посредник (HMI)
Образование: Дипломи од областите Електроника и компјутери, Технологии на системи на дисплеи, во моментов работи на доктороат на тема Посреднички системи во автомобили
Во слободно време: Расте две деца и навива за фудбалскиот клуб Нотингем форест
Дополнителен факт: Презимето на Ли има само една самогласка, додадена од неговиот дедо во Украина за да им биде полесно за изговор на останатите европјани

Орла Марфи е музичар со диплома по електроника којашто го користи своето знаење за да ја унапреди перцепцијата на звукот внатре во кабината на автомобилите.

Кога во 2007 година се појави iPhone-от, се смени начинот на којшто комунициравме со лични екрани. Сакаме нешто интуитивно и привлечно но во исто време да биде балансирано со контролирањето на автомобилот. Мојата истражувачка група се фокусира на многу шпекулации коишто можеби ќе успеат, а можеби не, но 25 од нас сè уште се тука. Во 2007 година бевме само четворица. Работиме на нешто што го нарекуваме „допир над површината“ со капацитивен систем што го чувствува вашиот прст на растојание од 15-20cm – можете преку мафтање со раката да го отворите и затворите панорамскиот покрив, на пример – со помош на сензорот што го држам. За три години би можело да влезе во сериско производство. Се трудиме нашите системи да ги направиме попријатни така што луѓето можат брзо да се исклучат од една задача и да започнат друга на начин на којшто го дизајнираме тоа. Обучени сме на некое ниво да возиме, но никој не нѐ обучил да правиме друга работа во исто време. За пилотите тоа е дел од нивната работа, но за повеќето возачи тоа не е.

Крис Кобилински, 30
Работно место: Менаџер за истражување за испорака на технолошки решенија, проект самоук автомобил
Образование: Магистер во областа Компјутерска наука
Во слободно време: Слободното време го поминувам со жена ми и ќерка ми, играм фудбал, одам на сноуборд, сурфам и земам часови по електрична гитара
Инспирација: Никола Тесла и Алберт Ајнштајн „поради нивните прекрасни умови и неверојатните пронајдоци“

Го водам развојот на технологии што сè уште не постојат во тимот на инженери за машинско учење, научници за големи податоци и специјалисти за човечки фактори. Наша цел е да го развиеме првиот вистински интелигентен автомобил што го препознава секој возач, ги учи неговите приоритети и нуди опции со предвидувања. Мој совет за инженерите почетници што сакаат да се зафатат со оваа проблематика би бил да развиваат страст за автомобилите – ако веќе немаат – да бараат можности за активно работно искуство и да учат математика, физика и компјутерски науки... вредно!

Брајан Вотерфилд го води тимот за технологија на виртуелна реалност во кабината за да ги визуелизира автомобилите во 2Д и 3Д и дури им се спротивставува на времето и просторот.

д-р Томас Попам, 33
Работно место: специјалист за техника, проект самоук автомобил
Образование: Диплома од машински факултет, доктор на компјутерски науки
Во слободно време: скијање и останати рекреативни активности на отворено

Работиме на истражување што користи техники на машинско учење за да се научат приоритетите на возачот. Ова поле е интересно бидејќи е многу разновидно – ни требаат инженери по електротехника, машински инженери, инженери за компјутерски науки, проект менаџери, психолози и стручни лица од други области. Битно е солидно образование, тоа е очигледно, но освен тоа, од апсолутна важност се комуникативност, способност за тимска работа и издржливост. Интелигентно возило ќе биде огромен исчекор – особено бидејќи автомобилите стануваат поврзани еден со друг и со „облакот“. Автомобилската индустрија прави голем прогрес во однос на перформансите за CO2, но ќе бидам навистина возбуден да го видам денот кога ќе се реши овој проблем.

Лин Нгуин Слејтер, 29
Работно место: Специјалист за Човек-машина посредник (HMI) за проектот самоук автомобил
Образование: Диплома и Магистратура
Во слободно време: Готвење и јадење. „Моите пријатели ме викаат „Железен шеф“ или виетнамската Марта Стјуарт“

Вклучена сум во развивањето на посредници за вештачка интелигенција во самоукиот автомобил. Инженерите ја прават позадината додека јас го правам ликот, корисничкиот дизајн. Спроведувам корисничко тестирање за да осигурам дека посредниците што ги дизајнираме се сигурни, употребливи и привлечни. Кога студирав медицина учев за дизајн според човечки фактори, познат и под името ергономија, HMI или корисничко искуство. Тоа е поле што комбинира луѓе, инженерство и дизајн – работа за научник со уметнички дух што сака луѓе. Едвај чекам самоукиот автомобил да биде готов во следните шест години. Тоа ќе биде прв пат како техниките за машинско учење се користат во автомобил, а исто така ќе служи како природна транзиција кон автномно возење.

Џон Пеперел, 49
Работно место: Постар менаџер за планирање бизнис и производ
Образование: Дипломиран машински инженер
Во слободно време: Трчам полумаратони, возам мотоцикл и растам четири деца

Во училиште, кога сите други играа фудбал, момците со коишто се дружев се занимава со поправање стари автомобили како Humber Sceptre, Vauxhall Viva и Hillman Avenger. Основните делови на еден мотор се исти веќе 100 години, но се сменија некои периферни технологии. Многу од тоа што го работам сега е во врска со електронско прилагодување на моторот. Треба да биде извонреден во секакви услови така што треба да го прилагодиме палењето и внесувањето гориво, а за тоа ви требаат многу сензори и побудувачи. За 15 години мислам дека сè уште ќе има конвенционални мотори, но тогаш хибридите ќе бидат „конвенционална“ технологија а ние ќе бидеме на чело на технологијата за, можеби, горивни ќелии.

„ИНТЕЛИГЕНТНО ВОЗИЛО ЌЕ БИДЕ ОГРОМЕН ИСЧЕКОР - ОСОБЕНО БИДЕЈЌИ АВТОМОБИЛИТЕ СТАНУВААТ ПОВРЗАНИ ЕДЕН СО ДРУГ И СО „ОБЛАКОТ“.


д-р ТОМАС ПОПАМ

Специјалист за техника, Проект самоук автомобил