f-PACE-ЛУКСУЗНИОТ SUV СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ

Спортско теренско возило на Jaguar што ги разбива стереотипите за практичност и елеганција. Дизајнерите што го осмислија моделот F-PACE ја опишуваат нивната инспирација.

Бидејќи Jaguar беше заинтересиран за проширување на своето портфолио, а веќе имаше асортиман на врвни седан модели, лансирањето на луксузен SUV со високи перформанси беше сосема разбирлив потег.



„Светот се смени“, кажа Вејн Бурџес, директор на дизајн студио за сериски модели, „Колку и да ги сакам седан моделите, секогаш сум бил отворен за идејата за попрактичен спортски автомобил на Jaguar. На возраст сум од второто доба во животот, со сопруга и синови близнаци, така што автомобил како F-PACE ми одговара затоа што значи дека можам да имам фамилијарен автомобил што прави сè што барам од него“.

Во 2013 година, идејниот автомобил C-X17 го имаше своето деби на саемот за автомобили во Франкфурт, Frankfurt International Motor Show, и беше прифатен со воодушевување. Очигледен Jaguar, со преден дел сличен како кај моделот XF и агилна каросерија, но со различна намена и пазарна цел. Неговата суштина остана неизменета во серискиот модел F-PACE.

Моделот F-PACE немаше свој претходник во асортиманот на Jaguar и неговиот дизајн беше сосема нов, што беше освежувачко за тимот. „Навистина уживав во работата на оваа програма бидејќи тоа не беше споредба на новиот дизајн со класик модел како E‑Type или XJ“, вели Бурџес. „Тоа беше ослободување“.

Без класик моделите на Jaguar како појдовна точка, Адам Хатон, раководител во одделението за надворешен дизајн, повторно го разгледа F‑TYPE за да ги дефинира дизајнерските детали.

„Неговите линии на предното и задното крило, затегнатите површини, тенките крајни препознатливи светла и чистиот дизајн на задниот дел – бидејќи формите водат кон заштитиот знак на Jaguar, јагуарот во скок – ја исцрпуваат визуелната тежина од автомобилот. Хаубата на F-PACE е повеќе хоризонтална но, заради доследност, ги дели страничните отвори за воздух и острата графика со моделите XE и XF. Задачата ни беше едноставна, да го направиме најубавиот, најспортскиот и најпрактичниот автомобил во светот“.

Додека моделите од асортиманот на Jaguar делат детали, пропорциите на F-PACE се многу поразлични. Кога го гледате F-PACE од страна, од назад према напред, можете да видите како добро оформените страничните рабови на автомобилот постепено растат од тенки, минуваат над линијата на прозорецот на кабината, до широки и силни над задните тркала.

„F‑PACE има долг заден препуст што дава театрален изглед. Можевме да направиме така затоа што имавме исклучително краток преден препуст. Напорно работевме на тој аспект заедно со тимот од инженерството. Паркирајте ги автомобилите на конкурентите до нашиот автомобил и тие не изгледаат толку добро при споредбата“, вели Бурџес.

Не беше едноставно да се направи да биде практичен за производство, додека Дејвид Ходли, проект лидер за каросерии, признава: „Задното крило е главна карактеристика на F-PACE и беше голем предизвик. Не сакавме никакви компромиси, така што ги поместивме границите на можното“.

Поголем од Porsche Macan но помал од Audi Q7, поволностите од долгиот заден препуст на F‑PACE се повеќе од естетски детал на надворешноста, се зголемува просторот за нозе во задниот дел и се зголемува багажниот простор. Автомобилот може да се пофали со багажен простор од 650 литри***, поголем од конкурентите, и импресивна широчина на багажниот простор од 1255mm (1048mm помеѓу лаковите на тркалата).

yt:xs3Lsfp5U-Y
Со системи на шасијата што се изведени од спортските автомобили и технологијата од F-TYPE, F-PACE нуди прецизна динамика на возење и брза реакција на патот.

„Кога седиштата ќе се соборат во хоризонтална положба капацитетот на багажниот простор е неверојатен“, вели Барџес. „Багажниот простор е навистина голем дури и кога седиштата се во исправена положба“.

Кај декоративните површини Portfolio седиштата доаѓаат со ладни „нажлебени“ перничиња – целосно современа референца во однос на седиштата на класик моделите на Jaguar од 60-тите и 70-тите години. Напред, подигнатата спортска командна позиција за возење во F-PACE му влева доверба на возачот и му дава поагресивен преглед на околината.

F‑PACE не е само луксуз и возење, туку е и практичен автомобил. Иновативни системи што се грижат за вашата безбедност во сообраќајот доаѓаат како дел од стандардната опрема, вклучувајќи ги системите Автономно итно кочење, Забележување на сообраќајот при òд наназад со Набљудување на мртвиот агол и Надзор на состојбата на возачот со Помош за задржување во коловозната лента.

F-PACE има нов Клуч за активирање – цврста гумена алка за рака – што го заклучува и отклучува автомобилот преку вграден транспондер така што можете клучевите да ги оставите на сигурно место во автомобилот. „Алката е водонепропусна и отпорна на топлина и удари“, вели Пол Морис, експерт за софтвер на електриката во Jaguar. Работи со помош на препознатливо поле на крајната врата: кај Jaguar тоа е кај буквата Ј. Корисникот ја поставува алката во линија со полето, а таа користи слични радио фреквенции на нашите клучеви. Исто така, алката ги оневозможува клучевите што сте ги оставиле во автомобилот така што секој што ќе се обиде да провали во автомобилот нема да може да ги користи овие клучеви за да го стартува возилото“.

„F‑PACE е меѓу возилата што нудат најдобро чувство при управување во својата класа, поради начинот на којшто го дотеруваме системот тука во Jaguar“, вели Питер Дејвис, технички директор за динамика на возила. „Нема да знаете дека сте во SUV. Имаме предна оска инспирирана од моделот F-TYPE, крута задна оска и многу внимателно развиени пневмацити“.

Нудиме широка палета на мотори*, во зависност од вашиот регион, вклучувајќи ги четирицилиндричните дизел мотори со турбо полнач 20d Ingenium i4 со моќност од 180PS, 30d со моќност од 300ps и 3.0 бензинскиот V6 мотор со моќност од 340PS и 380ps со рачни и автоматски менувачи, погон на задните и погон на сите тркала. Емисијата на CO2 се движи од 129g/km, а потрошувачката на гориво се движи од 4,9 l/100km (57.7mpg)**.

Со каросерија во којашто 80 проценти од конструкцијата е изведена за да се намали вкупната тежина, извонредна динамика и исклучителни вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на издувни гасови, F‑PACE навистина ги открива новите патеки за Jaguar. Алекс Хол, специјалист за погонски елементи, заклучува: „Jaguar го однесовме таму каде што никогаш не бил“.

*Достапноста на овие карактеристики, дали се дел од стандардната опрема или пак се опционална опрема, зависи од пазарот. За подетални информации консултирајте се со вашиот локален продавач на Jaguar.

*Наведените вредности за потрошувачката на гориво се според официјалните тестови на производителот во согласност со ЕУ прописите.

Вистинската потрошувачка на гориво на возилото може да се разликува од потрошувачката добиена со вакви тестови и овие вредности се наменети само за споредба.

Официјални вредности за потрошувачката на гориво на моделот F‑PACE во l/100km (mpg): Во град 12,2 (23.2) – 5,7 (49.6), Надвор од град 7,1 (39.8) – 4,5 (62.8), Комбиниран циклус 8,9 (31.7) – 4,9 (57.7). Емисија на CO2 g/km:209 – 129.

*** Кога возилото е опремено со систем за поправка на пневматици

„F‑PACE Е МЕЃУ ВОЗИЛАТА ШТО НУДАТ НАЈДОБРО ЧУВСТВО ПРИ УПРАВУВАЊЕ ВО СВОЈАТА КЛАСА“.


ПИТЕР ДЕЈВИС
Технички директор за динамика на возила
ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
ПРВАТА СЕРИЈА НА ДИНАМИЧНИ МОДЕЛИ НА JAGUAR СО ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА
Најубавите патишта во Велс беа совршени за тест возење на петте моќни серии на модели со погон на сите тркала - XJ, XF, F‑TYPE, XE и F‑PACE.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ФАМИЛИЈАТА НА СЕДАН МОДЕЛИ НА JAGUAR
Jaguar претставува три прекрасни седан автомобили што можат да го исполнат секое барање.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО ЕКСПЕРТИТЕ НА JAGUAR
Длабоко во седиштето на инженерство во Гајдон, стотици технички волшебници работат на подобрување на идните модели на Jaguar. Запознајте ги седумтемина различни но величенствени претставници на одделите, од специјалисти за виртуелна реалност до специјалисти за самоуки автомобили и акустика.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ