ВОНСЕРИСКИ

За некои луѓе смислата на животот не е во вклопувањето. За нив смислата на животот е да се издвојуваш од останатите, да се игнорира очигледното, да се биде оригинален и да се излезе од границите на вообичаеното.

Во Jaguar, нашите дизајнери и инженери не се раководат само од стручноста при креацијата на луксузни автомобили. Го слушаат својот инстинкт и ја внесуваат својата страст, доза на исклучителност, богатство од емоции, нешто што нема да го видите во обичен автомобил.



Jaguar е поинаков. Вонсериски. Тоа е она што му го кажуваме на светот со глобалното претставување преку разните медиуми, како ТВ, кино, дигиталните, печатените и социјалните медиуми.



Во кампањата е Ева Грин, наградувана актерка и ѕвездата од Казино Ројал и Пени Дредфул. Во кампањата е и моќната дива мачка јагуар. Во кампањата се појавуваат и некои навистина посебни автомобили: наградуваната фамилија на спортски теренски возила PACE, со целосно електричниот I‑PACE којшто го започнува филмот „Електрична бура“, почнува да се прикажува од денес.



Списанието Wired го опиша I‑PACE како „пресвртница за електричните возила“. Top Gear кажа „Jaguar храбро чекори во непознатото – и го освојува“.



Други филмови го прикажуваат изборот на Top Gear за кросовер возило на годината во светот, моделот E‑PACE, компактен SUV, и поранешниот автомобил на годината во светот, моделот F‑PACE, SUV со високи перформанси, во спот со Туре Линдхарт, ѕвезда од ТВ драмата „Мостот“.



„ОВИЕ ФИЛМОВИ ЈА ИСТАКНУВААТ УНИКАТНАТА ПОЈАВА НА АВТОМОБИЛОТ JAGUAR. САМОУВЕРЕНИОТ, НЕЗАВИСЕН ДУХ НА ЕВА СОВРШЕНО ОДГОВАРА НА БРЕНДОТ“.



ФИОНА ПАРЏЕТЕР

Директор за односи со клиентите

asdasd
yt:GmPzHmamgtM
„Тоа е само струја. Нема од што да се плашите“.
yt:X7bhCjUWW1M
Има луѓе што ги следат останатите. А има и луѓе што ги следат своите инстинкти.

Сите филмови ги придружува впечатлива музика од наградуваниот британски рап музичар Скепта.

Кога дискутираше за смислата на ова партнерство Ева Грин кажа, „Кога мислам на Jaguar, помислувам на моќта и елеганцијата на животното. Автомобилите се толку бескомпромисно прекрасни и силни, баш како и мојата голема мачка“.

Фиона Парџетер, директор за односи со клиентите во Jaguar, коментира, „Овие филмови ја истакнуваат уникатната појава на автомобилот Jaguar. Самоуверениот, независен дух на Ева совршено одовара на брендот“.

Брајан Фрејзер, одговорен за креативност во компанијата Spark44 кажа, „Главната идеја е дека автомобилите на Jaguar се поинакви и луѓето со Jaguar се поинакви. Тие не го следат стадото“.

Кампањата ја креираше компанијата Spark44, креативна агенција на Jaguar Land Rover. Филмовите ги режираше Крис Палмер, преку компанијата Gorgeous, фотограф беше Гери Брајан.



ИСТРАЖЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
ИСТРАЖЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
yt:qi4cR8jT03Q
Ева Грин зборува за индивидуализмот, автомобилите и дивите мачки.
ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
F‑PACE – ЛУКСУЗНИОТ SUV СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ
Спортско теренско возило на Jaguar што ги разбива стереотипите за практичност и елеганција. Дизајнерите што го осмислија моделот F-PACE ја опишуваат нивната инспирација.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПРВАТА СЕРИЈА НА ДИНАМИЧНИ МОДЕЛИ НА JAGUAR СО ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА
Најубавите патишта во Велс беа совршени за тест возење на петте моќни серии на модели со погон на сите тркала - XJ, XF, F‑TYPE, XE и F‑PACE.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ФАМИЛИЈАТА НА СЕДАН МОДЕЛИ НА JAGUAR
Jaguar претставува три прекрасни седан автомобили што можат да го исполнат секое барање.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ