80 ГОДИНИ НА JAGUAR

80 ГОДИНИ НА JAGUAR

ЕВОЛУЦИЈА НА ДИЗАЈНОТ:
80 ГОДИНИ НА JAGUAR - ДЕЛ 1

Осумдесет години на името Jaguar значи осумдесет години на легендарен дизајн. Следиме неколку од нашите главни дизајнерски моменти од изминатите осум децении. Денешната фамилија на Jaguar не би била истата без нив.

Во првиот дел се раните години од еволуцијата од 1935 до 1959 година. Почнавме со првиот модел на Jaguar и патувавме до успех во мото спортот и создавањето на пионерските модели во сегментот спортски седан.



 

1935: ПОЈАВАТА НА JAGUAR

 
Првиот автомобил со името на големата дива мачка беше SS Jaguar 2.5l Saloon од 1935 година. Се произведуваше под името на Swallow Sidecar, компанија што ја основаа Вилијам Лајонс и Вилијам Валмсли во 1922.

Моделот 2.5l Saloon беше еден од најуникатните и најубавите автомобили во периодот пред втората светска војна, спуштен, со елегантен дизајн. Му требаше ново име што ќе ги отсликува овие квалитети, име што ќе ја опише неговата мачешка грациозност и елеганција, совршената рамнотежа помеѓу моќноста и агилноста. Беше избрано името на дивата мачка, а SS Jaguar совршено ја поткрепуваше таа аналогија.

Заради злогласноста којашто името SS ја стекна во втората светска војна, еволуцијата на Jaguar изгледаше нормален процес и во 1945 година името стана име на компанијата. Се роди марката Jaguar.



 

1948: ОСВОЈУВАЊЕ НА ПУБЛИКАТА

 
Вилијам Лајонс го дизајнираше моделот XK120 за само неколку месеци и тој стана права икона. Овој модел не предизвика возбуда, туку восхит.

Ова беше првиот спортски автомобил на Jaguar откако престана производството на моделот SS100 во 1940 година. Со крила што нагло се спуштаа, непрекинати по целата должина на каросеријата, XK120 имаше театрален став од крај до крај. Ниските течни линии ја рефлектираа љубовта на Лајонс кон мотоциклите и можеби беа нацртани според техниките за дизајн на авионите што ги научи за време на војната.

Моделот XK120 ја претстави и овалната украсна маска со вертикални ребра што стана препознатлив детаљ на Jaguar во следните две децении.

XK120 беше дизајнерска вежба и опрема за тестирање на новиот мотор со две брегасти вратила – што самиот по себе беше толку успешен што ќе преовладува во друмските модели на Jaguar повеќе од четириесет години.
 

 

1951: ЧИСТОКРВЕН ТРКАЧКИ АВТОМОБИЛ



Моделот C‑Type без сомнение беше еден од најубавите тркачки автомобили во свое време, ако не и на сите времиња. Вилијам Лајонс мудро сфати дека чистокрвен тркачки Jaguar може да ѝ донесе позитивен публицитет на неговата новооснована марка.

За аеродинамиката беше задолжен Малком Сејр, којшто ги користеше своите искуства од авио индустријата, и тој стоеше зад флуидниот облик на моделот C-type. Благодарение на интуицијата на Сејр за дизајн со мала тежина, C-type исто така беше за околу 25% полесен од XK, модел што беше основа за C-type.

Можеби најубавиот момент во историјата на моделот C-type дојде во Ле Ман. Овој модел победи во 1951 година, но во 1953 година беше несомнено неговата најдобра трка. Со каросериите со мала тежина и напредните диск кочници, моделот C-type го докажа скоро недостижното – заврши на прва, втора, четврта и девета позиција.


 

1954: НЕШТО СОСЕМА НОВО

 
Моделот D‑Type со својата препознатлива крајна перка беше првиот модел со монокок конструкција – со други зборови, позајмува техники од дизајнот на воздухопловите.

И за овој модел одговорен беше Мајкл Сејр, задолжен за аеродинамиката. Ги искористи напредните принципи на аеродинамиката за да направи возбудливи но аеродинамични облици на конструкцијата со мала тежина. Монокок конструкцијата, сè уште се користи во моторспортот, беше интегрална карактеристика на моделот D-type. Оваа конструкција бара централна „када“ во којашто седи возачот, а главните механички компоненти се сместени во предната и задната носечка рамка.

Флуидниот облик на D-type се роди по многу часови поминати во воздушниот тунел, држејќи се до принципот на Сејр дека формата ја следи функцијата. Овалниот отвор за влез на воздух, пространата хауба, полупокриените задни тркала, уникатното крајно ребро за стабилизација – елементи што го прават еден од најубавите натпреварувачки автомобили што е произведен досега.



 

1959: СПОРТСКИОТ СЕДАН ЕВОЛУИРА

 
Mark II беше еволуција во сегментот на спортски седан модели. Го зема Mark I – за прв пат произведен во 1955 година – и дополнително го рафинира дизајнот. Инспириран од успехот на D‑type, Mark II имаше слична крутост и потпирање поставено на носечка рамка. Во себе го имаше и сега легендарниот реден шестцилиндричен мотор со зафатнина од 2.4, 3.4 и 3.8 литри.

Моделот Mark II покажа дека Вилијам Лајонс не изгубил ништо од својата умешност. Работи на моделот Mark I од 1955 година, ги менува дебелите метални рамки на вратите со тенки рамки од хром и ја зголемува димензијата на предното и задното ветробранско стакло. Внатрешноста е светла и пространа – и пред своето време.