Дизајнот на Jaguar беше освежен за новиот милениум. Се разви врз база на дизајнот од последните години но надмина некои поконзервативни дизајнерски решенија што гледаа наназад. Почна да добива сосема нов изглед. Во поголемиот дел тоа беше заслуга на Ијан Калум, директор на дизајн во Jaguar од 1997 година. Во следните две децении тој внесе нов живот во фамилијата Jaguar, црпеше инспирација и виталност од минатото за да ги дефинира идеите за денешните модели.
„Ако погледнете во кој било Jaguar во историјата, една работа по којашто се разликува од останатите автомобили е дека секогаш има повозбудлив облик. Кога ќе видите Jaguar на патот тоа ќе ви го привлече погледот и сакате да се вратите и да го разгледате. Тоа е тоа што Jaguar мора да го прави. Значи, од тука тргнуваме“.
ИЈАН КАЛУМ
Директор на дизајн во Jaguar
Моделот XK од 2006 година беше првиот нов Jaguar во милениумот и првиот што беше дизајниран под покровителство на Ијан Калум.
Од влијанието на Jaguar E-type што се гледа во украсната маска и задните светла, до иновативната алуминиумска монокок конструкција, знаците од големото минато на Jaguar се тука. Но, очигледно XK е производ од 21-от век. Тоа е елеганција, одново дефинирана со умешен допир.
Jaguar XF ја исполни префинетоста на седан моделот со возбудата на спортски автомобил. Неговиот дизајн ги разби стереотипите, со став што ја наговестува неговата експлозивна моќ дури и кога е во мирување. Mark II го создаде секторот на спортски седан модели, а моделот XF беше достојно продолжение на оваа иновација во дизајнот.
Ова беше првиот автомобил дизајниран од нула под раководство на Ијан Калум. Како замена на моделот S-type, XF го разви Jaguar во производител од 21-от век.
Старото и новото се здружија за да се создаде дизајн што ги привлекува погледите; спортската линија од нискиот покрив и малку повисоката средишна линија беспрекорно се комбинираат со препознатливата украсна маска на оригиналниот XJ.
Обновен во 2015 година, неговата еволуција продолжува. Подолг, со поголем сјај и поголема елеганција, но сепак во себе крие импресивна моќност и вроден спортски изглед. Моделот XF продолжува да дава нова дефиниција за дизајнот, луксузот, технологијата и перформансите во сегментот на деловниte автомобили.
Моделот XJ е константа во составот на Jaguar, но тука направи целосно и ненадејно одвојување од неговото скорешно минато. Ова е дизајн што има за цел да го врати возбудливиот изглед од 1968 година. Тука се деталите што се препознатливи за XJ6 како големата украсна маска и издадениот дел на хаубата. Калум на ова гледа како визуелно влијание од минатото, преработено на исклучително современ начин.
XJ во себе ја носи истата впечатлива театралност од 1960-тите години, комбинирана со ненадминатиот луксуз и најсовремената технологија. Сега во своето десето издание, XJ од моделската година 2016 продолжува со новите дефиниции за луксузот.
Моделот F-TYPE е вистинско олицетворение на марката Jaguar. Возбудливите перформанси се споени со дизајнерските детали што го водат Jaguar напред, но и се осврнуваат назад на неговото наследство, со јасно влијание од E-type.
Новата интерпретација на смелата украсна маска на Jaguar ја покажува оваа намера, со оригинален изглед којшто во исто време ги рефлектира истите вредности од минатите децении. Карактерот на F-TYPE се одликува со кокпит што е поставен поназад, издаден дел на пространата едноделна хауба поставена на шарки и мускулестите задни крила. Јасно е дека F-TYPE е духовен наследник на E-type.
„[Jaguar-ите] не треба да изгледаат исто, но вредностите мора да бидат исти. Моќност, театралност и само за тие 10% поразлични од сите останатите на патот“ - Ијан Калум, директор на дизајн во Jaguar
Моделот F‑TYPE во почетокот се појави само во верзијата convertible. Одејќи по стапките на E‑type, една година подоцна се појави F‑TYPE верзијата coupé. А сега, F‑TYPE од 2016 година поставува нови стандарди за динамика и перформанси.
Моделот XE постави нова дефиниција за спортски седан и засекогаш го смени лицето на Jaguar. Дизајнот се спојува со извонредната аеродинамика со возбудливи и компактни пропорции – изграден врз основата на најсовремената алуминиумска конструкција на каросеријата.
Овој фокус кон функционален но сепак прекрасен дизајн го прави моделот XE автомобил за возачот. Мантрата на Малколм Сејр дека формата треба да ја следи функцијата е јасно преставена со XE, чудесен автомобил со перформанси што му одговараат.
Моделот F‑PACE отвори ново поглавје во историјата на дизајнот на Jaguar како наш прв SUV со високи перформанси. Ја продолжуваме традицијата на одново дефинирање на сегментите, создавањето на моделот F‑PACE е голема промена којашто покажува дека иновацијата на дизајнот во Jaguar сè уште постои.
Дизајнот на F‑PACE е потпира на F‑TYPE, со своите елегантни линии на надворешноста во комбинација со пространата внатрешност. Ијан Калум планираше да дизајнира Jaguar со димензии на SUV, а не да го внесе духот на Jaguar во претходно одредена форма. Тоа овозможи во дизајнот на F-PACE да се види влијанието од F-TYPE. Грациозност, простор и темпо – тоа е тоа што го нуди F-PACE.