80 ГОДИНИ НА JAGUAR

80 ГОДИНИ НА JAGUAR

ЕВОЛУЦИЈА НА ДИЗАЈНОТ:
80 ГОДИНИ НА JAGUAR - ДЕЛ 2

Осумдесет години на Jaguar значи осумдесет години на легендарен дизајн. Фамилијата Jaguar се смени со текот на времето, но семејната лоза до денешниот асортиман е јасна. Тука следиме само неколку од нашите главни дизајнерски моменти коишто сè уште се инспирација за нас.

Во вториот дел, започнуваме со 1960-тите години и го гледаме создавањето на повеќе легендарни модели. Ова е времето што го дефинираше дизајнот на Jaguar и сè уште ги инспирира денешните автомобили.


 

1960: ВИСТИНСКА ИКОНА

 
Jaguar E‑type еднаш беше наречен „најдобриот магнет за женски што му е познат на мажот“ во списанието Road & Track, и оттогаш стана еден од најпосакуваните примероци на автомобили со британски дизајн. E‑type беше почитуван веднаш по своето појавување.

Многу слично на XK120 пред него, кога моделот E-type имаше премиера на салонот за автомобили во Женева, Geneva Motor Show, во 1961 година. Ги засени ривалите. Засекогаш ја смени сликата за автомобилите со високи перформанси. Совршен пример за мачешката грациозност на името Jaguar. Со својата неверојатно долга и елегантна хауба и тенкиот монокок дизајн, E-type ги комбинираше прекрасната форма и импресивната функција.

А, со 3.8-литарскиот реден шестцилиндричен мотор, неговите перформанси одговараат на неговиот изглед. Целосно алуминиумскиот модел Lightweight E‑type беше тркачка верзија, од којашто се произведоа само 12 од почетно планираните 18 примероци. Овие примероци станаа легенда, проект што повторно заживеа во 2014 година со прозводство на Missing Six, преостанатите шест примероци.

„Jaguar беше навистина „кул“, модерен бренд во 1950-тите и 1950-тите години. Не беше многу постојан, а автомобилите немаа фамилијарна сличност, но основните вредности на брендот - чувството за возбуда, чистотата - движеа сè“.

ИЈАН КАЛУМ

Директор на дизајн во Jaguar


 

1966: НАЈГОЛЕМИОТ JAGUAR ШТО НИКОГАШ НЕ СЕ НАПРАВИ



Изработен во голема тајност, моделот XJ13 беше наменет за трката во Ле Ман. Но, поради промените во регулативите и со акцент на автомобилите од сериско производство, проектот се откажа.

Обликот на XJ13 беше ремек дело и иако се изработи само еден примерок, тој беше соодветно признание за работата на Сејр којшто го формираше дизајнот на Jaguar засекогаш. Компактен, виток и со вроден инстинкт на дива мачка, го покажуваше својот спектакуларен V12 мотор под задниот прозорец.


Иако никогаш не го исполни својот тркачки потенцијал, XJ13 се појави на тркачката патека во 1971 година како дел од маркетиншката камшања за E-type за да го демонстира V12 моторот. Моделот XJ13 беше првиот Jaguar што беше опремен со V12 мотор во 1966 година.


Во текот на снимањето, едно од тркалата изработени од магнезиумска легура се распадна и автомобилот излета. Зад воланот беше Норман Дуес и беше доволно ладнокрвен за да го изгаси моторот додека автомобилот беше во воздух и излезе без никакви повреди. XJ13 беше преработен и преживеа до денес како бесценет и, можеби, најубав Jaguar на сите времиња – денес е дел од колекцијата на наследството на Jaguar.


 

1968: ЅВЕЗДАТА ВО СВОЈАТА ЛОЗА

 
Jaguar XJ6 беше последниот автомобил дизајниран од сер Вилијам Лајонс и беше завештание на неговиот впечатлив метод. Беше горд на својот дизајн, дури и се појавуваше во рекламната кампања изјавувајќи дека XJ6 е „најголемиот Jaguar досега“. Веројатно беше во право. XJ6 ефективно ја замени постоечката палета на седан модели на Jaguar и стана најдолговечна креација на Лајонс.

Обликот на каросеријата на XJ6 беше мајсторија на Лајонс и во ера кога другите автомобили почнуваа да го губат својот карактер, идентитетот на Jaguar јасно блескаше.

Ефектите од XJ6 се чувствуваат и денес. Тоа е моделот што беше инспирација за Ијан Калум, идниот директор на дизајн на Jaguar. Кога имаше 14 години, Калум му напиша на Бил Хејнс, потпретседател на Jaguar, барајќи совет за решавање на некои од своите идеи за дизајн за автомобили. Хејнс му испрати охрабрувачки одговор со којшто го советуваше Калум да ја унапреди својата вештина со изучување на уметноста и техничкото цртање – и кажа дека Калум е талентиран за стилскиот дел од процесот на дизајн. Инспирацијата од XJ6 и позитивниот одговор на Хејнс го кристализираа интересот на Калум за автомобилите – и за Jaguar.



 

1975: МЕНУВАЊЕ НА ИКОНАТА

 
Задачата за менување на иконата, моделот E-type, му припадна на Малком Сејр. Неговиот XJ-S имаше дури и подобра аеродинамика од својот претходник, благодарение на своите лебдечки потпирачи на Ц-столбовите и вдлабнатиот заден прозорец.

Новите прописи за безбедност значеа дека требаше да се напушти стилот за слободен и едноставен дух на моделот E-type од 1960-тите години. Но тој сепак го внесе луксузот и го отелотворуваше храбриот изглед на Jaguar.

XJ-S го претстави третиот целосно оригинален мотор на Jaguar, нов 3.6-литарски шестцилиндричен реден мотор. V12 моторот - надграден - го збогати луксузниот дизајн но и го покажа својот спортски потенцијал.



 

1996: НАЈБРЗО ПРОДАВАНИОТ СПОРТСКИ АВТОМОБИЛ

 
Исто како што моделот XK120 на светот му претстави Jaguar со шестцилиндричен реден мотор, така моделот XK8 го претстави првиот Jaguar V8.

Инспирација за неговиот дизајн беа легендарните модели на Jaguar од минатото. Иако сега под капата на Ford, пригодно беше дека плановите што се избраа за новиот спортски автомобил на Jaguar беа тие на Џеф Лосон и тимот за дизајн на Jaguar.

Ова наследство е јасно во дизајнот, којшто ги меша минатите лица на Jaguar во елегантна форма што ги исполнува сите современи барања за простор, безбедност и луксуз. Моделот XK8 стана најбрзо продаваниот спортски автомобил во историјата на Jaguar во тоа време.