Изјава за гаранција за клиентите во врска со Брегзит

На 31 јануари, 2020 година, Обединетото Кралство официјално излезе од Европската Унија и започна период на транзиција во текот на којшто ќе се утврдат нови трговски договори помеѓу Британија и Европа. Jaguar Land Rover би сакал да ги увери своите клиенти во Северна Македонија дека не треба да се грижат во поглед на купување или поседување на Jaguar, како резултат на овие измени.

Воведуваме гаранции за „заштита на цената“ за клиенти коишто сакаат да извршат нарачка преку нашите овластени продавачи и ќе продолжиме да ја нудиме оваа гаранција за нови нарачки сè до крајот на периодот на транзиција или додека не се разјаснат новите трговски договори.

Заштитата на цената особено се однесува на царините за увоз, даноците или тарифите што се менуваат како директна последица на излегувањето на Британија од ЕУ. 
 
За да се искористи оваа гаранција за заштита на цената, потребно е клиентот да има потпишано официјален договор за купување и да се потврди датумот на производство во случајот на поединечни нарачки од фабриката.

За дополнителни информации, контактирајте го вашиот локален овластен продавач на Jaguar.