ГАРАНЦИЈА

Jaguar F-Pace, поглед од назад

Бидете безгрижни и дома и на пат со службата за помош на пат Jaguar Roadside Assistance и со гаранцијата на Jaguar - дизајнирани специјално за сопственици на Jaguar.

Поглед од блиску на просторот околу седиштето за возачот

ГАРАНЦИЈА ОД ПРОИЗВОДИТЕЛОТ

Добивате целосна сеопфатна гаранција од производителот и услуги од службата за помош на пат за 100.000 km или 3 години по купувањето на Вашиот Jaguar1. Сервисните центри одобрени од Jaguar ќе го заменат или поправат бесплатно кој било дел со фабричка грешка.
Поглед од блиску на хаубата на Jaguar XE

ГАРАНЦИЈА НА БОЈАДИСАНИ ПОВРШИНИ И ПРОТИВ КОРОЗИЈА

Вашиот Jaguar е дизајниран за екстремни услови, но заштитата се грижи да изгледа најдобро. Сервисер овластен од Jaguar ќе го поправи или замени кој било кородиран дел од каросеријата, или штета на бојата, бесплатно додека е под гаранција2.
Амортизер на Jaguar F-Pace

ГАРАНЦИЈА НА ДЕЛОВИ И ДОДАТОЦИ

Оваа гаранција го покрива секој оригинален дел или додаток што е купен од сервисен центар одобрен од Jaguar или од дистрибутер на делови одобрен од Jaguar. Ако се купени во рок од еден месец или 1.000 милји од примопредавањето на возилото, деловите ќе бидат покриени со гаранцијата на возилото1.

ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА

Доверба за да одите подалеку. Со продолжена гаранција, за Вашиот Jaguar ќе се грижат нашите обучени техничари.

ШТО ПОКРИВА ГАРАНЦИЈАТА

Продолжената гаранција на Jaguar нуди екстензивно покривање против неочекувани дефекти на механички и електрични компоненти со неограничени побарувања до набавната цена на Вашето возило.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ПРИДОБИВКИ

Заштита при патување додека сте во странство, пристап до оригинални делови на Jaguar и одобрени техничари и опцијата за службата за помош Jaguar Assistance.

ПОМОШ НА ПАТ

Во случај на дефект, незгода или ако сте ги заклучиле Вашите клучеви во возилото, добро е да се знае дека техничар на Jaguar е само на еден телефонски повик од Вас1.

ПРИДОБИВКИ ОД СЛУЖБАТА ПОМОШ НА ПАТ

Придобивките од службата за помош Land Rover Assistance се достапни во текот на гарантниот период за новото возило. Техничар на Jaguar вообичаено може да го реши проблемот на лице место. Ако не може, ќе го земеме Вашето возило во сервисен центар одобрен од Jaguar и ќе го организираме и ќе платиме за Вашето понатамошно патување. Во некои случаи, ќе платиме сместување во хотел.

ПОПРАВКА ПРИ НЕЗГОДА

Програмата за услуги при незгоди Ви дава пристап до нашата мрежа на центри за поправка. Специјалистите во овие центри минуваат низ сеопфатна, сертифицирана обука како би се справиле со сѐ, од мали оштетувања до големи штети од судар. Посветени сме на грижата Вашиот Jaguar да се поправи според највисоките стандарди.

1Точните придобивки и покривање можат да варираат во зависност од пазарот. За подетални информации Ве молиме посетете ја страницата за Вашата земја или контактирајте го Вашиот локален продавач.
2Поправките на бојата и покриеноста се во зависност од гаранцијата за пазарот, без ограничување на километражата како JLR стандард. Корозијата е покриена 6 години без ограничување на километражата како стандард.