Од 1 јули 2022 година Jaguar воведува нова, петгодишна гаранција за сите возила од својата програма, вклучувајќи ги целосно електричниот модел Jaguar I-PACE и сите делумно хибридни и плаг-ин хибридни електрични возила.
Оваа одлука значи дека Jaguar е првата компанија за луксузни возила што го продолжува својот гарантен период над стандардниот период од три години за оваа индустрија. Во период од пет години, или за изминати 150.000 km, зависно од условот што прв ќе се исполни, Jaguar ќе поправа или заменува дефекти од производството во согласност со регулативите од гаранцијата во материјал или работна рака, целосно бесплатно.
Понуда на производ со врвен луксуз и искуството на клиентот се во сржта на стратегијата Reimagine на Jaguar. 5-годишна гаранција на сите нови возила на Jaguar претставува важен чекор кон совршенство во искуство со сервисот, што на клиентите на Jaguar им обезбедува поголемо спокојство додека го поседуваат возилото.
Сеопфатната гаранција на Jaguar значи пет години на слобода и гаранција за сопствениците на возилата, возните паркови и приватните корисници и нуди транспарентност во сервисирањето и трошоците за одржување.