Возбудлива комбинација на економична потрошувачка на гориво од Plug-in хибрид и перформанси на Jaguar.
Новиот F‑PACE Plug‑in Hybrid овозможува помала потрошувачка на гориво и нулта емисија на издувни гасови кога возите во режим за електрично возило (EV).
F‑PACE е едно од малкуте возила што ги добиле наградите светски автомобил на годината и светски дизајн на автомобил на годината. Новиот Jaguar F‑PACE Plug‑in Hybrid продолжува да ја симболизира нашата филозофија за прогресивен дизајн и современ луксуз.
*Со помош на брз полнач со еднонасочна струја со моќност од 32kW.
†Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.
Погледнете ги WLTP вредностите
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новата официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.
‡Официјални вредности за потрошувачката на гориво за серијата F-PACE (без PHEV) во I/100km (mpg): Комбиниран циклус 5,2-8,9 (54,3-31,7). Емисија на CO2 според NEDC2, 137-202g/km. PHEV во l/100km (mpg): Комбиниран циклус 2,4 (117,7). Емисија на CO2 според NEDC2, 54g/km. Вредностите за автономијата на EV - електричното возило се базираат на сериско возило по стандардизирана патека. Постигнатата автономија ќе се менува во зависност од состојбата на возилото и батеријата, актуелната патека и опкружување и стилот на возење. Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, за потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот и вградените додатоци.