ПРВАТА СЕРИЈА НА ДИНАМИЧНИ МОДЕЛИ НА JAGUAR СО ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Најубавите патишта во Велс беа совршени за тест возење на петте моќни серии на модели со погон на сите тркала - XJ, XF, F‑TYPE, XE и F‑PACE.

Велс е рај за возачот. Слаб сообраќај во националниот парк Сноудониа, чудесен пејсаж и патишта меѓу најдобрите во светот. Комбинирајте ги нивните предизвикувачки кривини со непредвидливите временски услови и добивате совршен терен за да се уверите во способностите на погонот на сите тркала (AWD).



Сега секој Jaguar нуди погон на сите тркала AWD како опција – кај моделите XE, XF, XJ, F‑PACE и F‑TYPE овој систем се нуди со сите мотори, од ефикасните 2.0 дизели до бензинските мотори со високи перформанси за спортски автомобили.

Лимузината XJ беше првиот од актуелните модели на Jaguar со AWD, систем што се покажа како мирен сопатник на долгото патување од Лондон до Северен Велс. При патување, едноставно не сте свесни за можностите на AWD, а тоа и беше идејата. Инженерите на Jaguar имаа за цел да ја постигнат беспрекорноста на погонот на задни тркала (RWD) од спортски автомобил со додадена сигурност од AWD. Затоа, во нормално возење, XJ претежно е со погон на задни тркала RWD. Само кога возите по комплицирани и кривулести патишта, или кога забрзувате поенергично на подлога со мала тракција, системот суптилно ја насочува моќноста и кон предните тркала. Тоа значи дека го менувате провртувањето на тркалата во екстремни услови за мирното движење нанапред, што големиот луксузен автомобил како XJ го прави уште попрефинет.

XE е компактен премиум седан модел што ја претстави напредната нова алуминиумска каросерија со мала тежина на Jaguar и сега погонот на сите тркала AWD е достапен и кај дизел и кај бензинските модели (во зависност од пазарниот регион). Како и системот во XJ, AWD е целосно варијабилен, но кај XE во нормални услови е 90% RWD и го користи системот Интелигентна динамика на погонот (IDD) за постојано да го менува вртежниот момент помеѓу двете оски.

Системот Интелигентна динамика на погонот (IDD) првпат беше развиен за да се сочуваат спортските карактеристики на F-TYPE со AWD и беспрекорно ги координира реакциите од моторот, менувачот и системите за контрола на тракцијата и стабилноста. Може од место да помине од RWD во AWD за само 165 милисекунди или за 100 милисекунди кога автомобилот се движи. Овој систем не само што реагира на провртувањето, туку и го предвидува благодарение на сензорите што ги мерат командите со педалот за гас и воланот.

yt:Ny9yFHt5pxE
Погонот на сите тркала не само што е побезбеден во опасни ситуации, тој ви дава и поголема самодоверба без оглед на временските услови.

Кога провтрувањето на тркалата е неизбежно, системот превентивно префрлува повеќе од 90% од вртежниот момент на моторот од задните на предните тркала за да обезбеди оптимална тракција.

Тоа е моќна комбинација, внесува дополнителна смиреност во познатата агилност на XE без да го намали уживањето на возачот и беспрекорно ја развива моќноста.

XF ја користи формулата на XE како основа, со истиот систем за погон на сите тркала AWD, доживување во возењето што може подеднакво да возбудува и да разгалува, а нуди поголем простор и збогатен луксуз. Ефикасниот 2.0-литарски дизел мотор развива моќност од 180PS, се карактеризира со енергичност и може жестоко да повлече и од најнискиот број на вртежи.

И кај овој модел скоро и да не забележувате кога се вклучува AWD – само чувствувате дека педалот за гас можете да го притиснете повеќе и порано кога возите во кривини. Не само што е побезбеден во опасни ситуации, тој ви дава поголема самодоверба без оглед на временските услови. Како и кај XE, и кај XF системот AWD останува 90% RWD во нормални услови за возење. Но постои посебна карактеристика во системот IDD на Jaguar што конкурентите едноставно не можат да ја постигнат: системот забележува кога можете да ја изгубите тракцијата при возење и превентивно се подготвува за префрлање на поголем дел од тракцијата кон предните тркала, што е од помош на кривулести патишта. Исто така, го скратува времето потребно за забрзување од 0 до 100km/h кај повеќето модели и го прави забрзувањето на прометен пат побезбедно бидејќи сите четири пневматици го делат оптоварувањето.

Најновиот модел во палетата на Jaguar, моделот F-PACE, претставува нова територија за компанијата. Но, тој е изработен врз основа на истите алуминиумски конструктивни блокови и истиот систем AWD како кај моделите XE и XF, а суштината на Jaguar се гледа и во впечатливиот дизајн и во погонот.

И покрај тоа што имате команден поглед на патот пред вас, сепак седите релативно ниско во кокпитот и држите волан што е мал и практичен. Предните пневматици брзо се движат во кривините со прецизност на спортски автомобил, управувањето се одликува со брза реакција и има одлично одмерено оптоварување, а за цело време потпирањето ги урамнотежува финесите со суптилен комфор. Задниот дел е простран, а водечкиот во класата багажен простор е флексибилен со едноставен пристап преку неговата голема крајна врата.

„СИСТЕМОТ AWD ЈА ЗАФАЌА ПОВРШИНАТА БЕЗ ОГЛЕД ДАЛИ ЗАБРЗУВАТЕ ОД МЕСТО ИЛИ ВОЗИТЕ БРЗО НА ПРАЗЕН ПАТ“.

Системот AWD е достапен кај варијантите на F-PACE со четирицилиндрични и шестцилиндрични мотори и е стандардна опрема на нашиот модел. Да повториме, чувството на погон на задните тркала останува, но можете да забрзувате низ долги кривини а моќноста неосетно се префрла кон предните тркала што му помага на F-PACE со голема леснотија да се движи како виор во кривините. Ова е брз, безбеден и исклучително задоволителен начин за патување по предизвикувачките патишта на Велс.

F‑PACE нуди и способност за теренско возење, но битно е да се нагласи дека системот AWD не може целосно да го замени погонот на четири тркала (4WD). Погонот на четири тркала (4WD) вообичаено е резервиран за многу сериозни теренски возила, подеднакво ја дели моќноста помеѓу сите четири тркала и нуди многу ниски степени на пренос што ги избира возачот.

AWD е префинет и софистициран систем, активно ја префрла моќноста од предните на задните тркала во милисекунди, неговата прилагодливост подобро одговара на поголемите брзини со кои се справуваат друмските автомобили. Комбинацијата на поголемо растојание од подлогата кај моделот F-PACE, системот AWD и системот за прилагодување кон површината (AdSR) – што автоматски го прилагодува погонскиот систем на условите – дава сосема доволна способност во повеќето ситуации.

Кога одите на теренско возење, пневматиците шлапкаат по меката, мочуришна површина, но потоа брзо наоѓаат цврста подлога. Теренот е исполнет со длабоки бразди и мали камења што се истркалале од трошниот врв, но F-PACE поминува преку нив, стрпливо совладувајќи го теренот на којшто повеќето автомобили ќе бидат несигурни. Кога ќе се паркирате на врвот ќе се чувствувате како смел истражувач, гледајќи го прекрасниот кривулест пат што се протега во далечината. Пат којшто изгледа како да е направен за најспортскиот автомобил на Jaguar: моделот F‑TYPE.

F‑TYPE R Coupé V8 е двосед со мотор со супер полнач што развива моќност од 550PS. Сериозно е брз дури и со спецификацијата со погон на задните тркала RWD, но погонот на сите тркала AWD му овозможува на R Coupé да „летне“ од 0 до 100km/h за само 3,7 секунди. И покрај неверојатните перформанси на овој автомобил, брзо пронаоѓате ритам. Ниска позиција за возење, реакцијата од секој систем – од моторот и менувачот, управувачот, карбонско-керамичките кочници – е моментална. Бучавата од четирите издувни цевки е рај за ушите, на мал број вртежи моторот преде како мачка, а под гас грми.

Сето тоа создава чувство на поврзаност помеѓу автомобилот и возачот, чувство што се засилува кога AWD ја фаќа површината, максимирајќи го зафатот без оглед дали забрзувате од место или возите брзо на празен пат. AWD F‑TYPE R се чини дека е најдобриот начин за да ги доживеете овие епски патишта. Сепак Jaguar отиде еден чекор понатаму за да го создаде чудесниот нов AWD F‑TYPE SVR, најбрзата и најмоќната верзија на моделот досега.

Погонот на сите тркала кај XE е целосно варијабилен, но во нормални услови 90% е погон на задните тркала.

F‑TYPE SVR е најбрзиот и најмоќниот сериски автомобил на Jaguar досега, врвен израз на AWD технологијата на Jaguar. Седите ниско во неговите уникатни спортски седишта и не можете а да не ја забележите разликата во внатрешноста на SVR со неговата кожа Jet Black, прошиена со уникатни ромбоидни форми и нејзиното контрастно порабување, и антилоп материјалот околу групата инструменти и на централната конзола. Притиснете го копчето старт и V8 моторот со моќност од 575PS ќе згрми низ издувните цевки од титан и Inconel; издувниот систем е за неверојатни 16kg полесен од стандарден систем и звучи како грмотевица. SVR ќе ви го забрза пулсот уште пред да тргнете.

Тоа е дело на Special Vehicle Operations, одделение на Jaguar Land Rover со задача најдоброто да го направи за едно ниво подобро. Со F‑TYPE R како појдовна точка, SVO го направи F‑TYPE SVR побрз, полесен, повозбудлив за возење па дури и внесе поголема визуелна драматика. Резултатот е суперавтомобил за сите годишни времиња којшто ги привлекува погледите, забрзува од 0 до 100km/h за само 3,7 секунди и има максимална брзина од 322km/h во верзијата coupé (314km/h во верзијата convertible).

Уникатни дизајнерски детали како нов преден одбојник со поголеми отвори за воздух, привлечни отвори за воздух на хаубата, подобрен заден спојлер од карбонски влакна и уникатен дизајн на кованите тркала од легура со димензија од 20 инчи. Ништо не е прекумерно, поголемите отвори за воздух го подобруваат ладењето; спојлерот на отворање се комбинира со рамниот долен дел од подот како кај тркчаки автомобил и задните отвори за воздух за да се добие подобра аеродинамика. Новите тркала од легура се за 13,8kg полесни, а на нив се поставени уникатни пневматици за 10mm пошироки отколку кај F-TYPE R, подобар зафат и побрза реакција.

Под хаубата, V8 моторот со супер полнач добива 25PS моќност, потпирањето со постојана променливост е потврдо за поголема контрола, а автоматскиот менувач со осум степени на пренос е подиректен. Најбитно, софтверот на системот Интелигентна динамика на погонот (IDD) на AWD беше преработен за да понуди уште поголема динамика во доживувањето.

Повлечете го селекторот на Quickshift трансмисијата во положба Dirve, тргнете и ќе забележите како потпирањето на SVR сега со поголема контрола го прилагодува F-TYPE; воланот на SVR е потврд, обезбедува дополнителна врска со површината на патот.

Најбрзиот сериски спортски автомобил на Jaguar досега, F‑TYPE SVR води во овој тест на групата модели со погон на сите тркала, а XE, XF, F‑PACE и XJ го следат.

Возете побрзо, одите со SVR низ неколку кривини и ќе ја почувствувате дополнителната прецизност од пошироките пневматици; спортскиот автомобил изгледа како залепен за својата патека и самодовербата брзо расте. Забрзајте и SVR ќе се спушти дури неговите пневматици ги пренесуваат перформансите врз патот и силното забрзување ќе ве залепи за седиштето. Во тој момент погонот на задните тркала ќе се повлече и ќе се активира магијата на погонот на сите тркала, AWD. Како што излегувате од кривини, можете да го почувствувате дополнителниот нагон на V8 моторот; повлекување на уникатната алуминиумска лопатка за менување степени на пренос активира неколку инстантни менувања во повисок степен на пренос што ќе измами широка насмевка на лицето на возачот додека V8 моторот ќе загрми низ издувните цевки.

Главните белези на надворешноста на F‑TYPE SVR се подобрениот заден спојлер од карбонски влакна, специјалните ковани тркла од легура со димензија од 20 инчи и најважниот детал, знакот SVR. SVR е најфокусираниот F-TYPE досега, но тој фокус не доаѓа на сметка на корисноста. Вентилите во издувниот систем ја намалуваат бучавата при постојана патна брзина, седиштата со електрично прилагодување во 14 насоки ве разгалуваат, а екранот на допир на системот за информации и забава InControl е компатибилен со технологијата за паметни часовници како Apple Watch. И без разлика на временските услови, како и да возите, AWD секогаш ви го чува грбот.

Официјални вредности за потрошувачката на гориво за серијата модели Jaguar AWD во l/100km (mpg): Во град 16,2 (17.4) – 5,5 (51.4), Надвор од град 8,5 (33.2) – 4,5 (67.8), Комбиниран циклус 11,3 (25.0) – 4,7 (60.6). Емисија на CO2 g/km: 269 – 123.

Фотосесијата за AWD и SVR се одвиваше во внимателно контролирана околина со искусни возачи. Не пробувајте. Секогаш почитувајте ги локалните ограничувања на брзината.

Достапноста на AWD, дали е дел од стандардната опрема или пак е опционална опрема, зависи од пазарот. За подетални информации консултирајте се со вашиот локален продавач на Jaguar.

F‑TYPE SVR со погон на сите тркала самоуверено ги совладува кривулестите велшки патишта во секакви услови.