ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ЗА ВОЗЕН ПАРК И ДЕЛОВНИ АКТИВНОСТИ

Освежете го Вашиот бизнис со значително намалување на трошоците и акредитиви за одржливост.

Приклучувањето на Вашиот возен парк во светот на електричната енергија на Jaguar има потенцијал да го освежи начинот на којшто работите. Нулта емисија на издувни гасови, намалени тековни трошоци и значителни финансиски стимулации се само некои од причините зошто е време да ја прифатите електричната револуција.

НАМАЛЕНИ ТАКСИ ЗА СЛУЖБЕНИ АВТОМОБИЛИ

Таксите за електричните автомобили вообичаено се помали отколку за бензинските или дизелските возила. Вашата организација може исто така да има придобивки од одбитокот што ја одбива вредноста на возилото од Вашите годишни профити.
НАМАЛЕНИ ТАКСИ ЗА СЛУЖБЕНИ АВТОМОБИЛИ
НУЛТА ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

НУЛТА ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

Целосно електричните автомобили – и плаг-ин хибридните автомобили кога возат во режим за целосно електрично возило (ЕВ) – на Jaguar можат да постигнат максимална моќност со нулта емисија на издувни гасови. Ова може да го намали вкупното влијание што го има Вашата компанија врз околината и да пренесе имиџ што ја рефлектира Вашата посветеност на одржлив бизнис.
ПОМАЛИ АКЦИЗИ И ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

ПОМАЛИ АКЦИЗИ И ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА

Општо земено, акцизите за електрични автомобили се пониски, а може да бидат и нула. Во земји каде што регистарските таблички се купуваат дополнително или се добиваат на лотарија, електричните возила можат да имаат поволности преку намалени трошоци па дури и целосно да ја избегнат лотаријата за регистрација на возила.
ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ

ПОМАЛИ ТРОШОЦИ ЗА СЕРВИСИРАЊЕ

Бидејќи целосно електрични погонски системи имаат помалку подвижни делови од бензински или дизелски мотор, а регенеративното кочење е релативно понежно за кочниците и пневматиците, трошоците за сервисирање се помали.
СУБВЕНЦИИ ЗА ОПРЕМА ЗА ПОЛНЕЊЕ

СУБВЕНЦИИ ЗА ОПРЕМА ЗА ПОЛНЕЊЕ

Во многу земји, владите ќе понудат грантови за систем од станици за полнење во претпријатија што можат значително да ги намалат трошоците за купување и инсталирање на системот и заедничките станици за полнење.
ПОГОДНОСТ И ПРИСТАП

ПОГОДНОСТ И ПРИСТАП

Во некои градови, на електричните автомобили им е дозволено да ги користат коловозните ленти наменети за возила со повеќе патници, без патници во нив, како и коловозните ленти наменети за автобуси. Исто така, обично се ослободени од давачки за зони со густ сообраќај, за зони со ниска емисија на издувни гасови и за нив нема ограничувања за паркирање.
ЗАШТЕДА НА ГОРИВО

ЗАШТЕДА НА ГОРИВО

Трошокот за струја по километар вообичаено е помал од трошокот за бензин или дизел. Ова ги прави целосно електричните и плаг-ин хибридните автомобили поевтини за користење на дневна основа. Возачите можат да заштедат уште повеќе со користење на домашен полнач во поевтината ноќна тарифа на струјата.

ПРЕФРЛЕТЕ СЕ НА СТРУЈА

Разговарајте со нашиот тим за Вашите следни чекори кон електрифицирање на Вашиот бизнис со електричен автомобил на Jaguar.

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

Искусете го светот на електрифицирани перформанси на Jaguar со нашиот асортиман на целосно електрични и хибридни автомобили.
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

Jaguar Land Rover Limited постојано бара начини да ги подобри спецификацијата, дизајнот и производството на своите возила, делови и дополнителна опрема. Измените постојано се случуваат и оттаму, го задржуваме правото на измена без известување.