КАКО ДА ПОЛНИТЕ ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ

Полнењето на целосно електричен или плаг-ин хибриден Jaguar е едноставно.

ТИПОВИ НА КОНЕКТОРИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

Целосно електричните и плаг-ин хибридните (PHEV) автомобили на Jaguar користат комбиниран систем за полнење (CCS) што е компатибилен и со полнењето со наизменична струја AC и со полнењето со еднонасочна струја DC.

ПОЛНЕЊЕ СО НАИЗМЕНИЧНА СТРУЈА AC

ПОЛНЕЊЕ СО НАИЗМЕНИЧНА СТРУЈА AC

Горниот дел од CCS влошката на возилото се користи за полнење со наизменична струја АС. Познат е под името конектор Type 2 и е компатибилен со Вашиот домашен полнач, јавните станици за полнење со наизменична струја АС и домашните приклучници за струја.
БРЗО ПОЛНЕЊЕ СО ЕДНОНАСОЧНА СТРУЈА DC

БРЗО ПОЛНЕЊЕ СО ЕДНОНАСОЧНА СТРУЈА DC

Долниот дел од ССЅ влошката на возилото има два пина што се комбинираат со трите горни пинови за да се обезбеди брзо полнење на батеријата со еднонасочна струја DC. До двата долни пина можете да пристапите ако го отстраните капакот на долната приклучница.

КАБЛИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ ПРЕКУ ДОМАШНА ПРИКЛУЧНИЦА (MODE 2)

КАБЕЛ ЗА ПОЛНЕЊЕ ПРЕКУ ДОМАШНА ПРИКЛУЧНИЦА (MODE 2)

Опционалниот кабел за полнење Mode 2 во Вашиот Jaguar го поврзува Вашето возило со домашна приклучница преку конектор Type 2 на едниот крај и приклучник на другиот крај.
КАБЕЛ ЗА ЈАВНИ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ И ЅИДНА КУТИЈА (MODE 3)

КАБЕЛ ЗА ЈАВНИ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ И ЅИДНА КУТИЈА (MODE 3)

Кабелот за полнење Mode 3 на двата краја има конектор Type 2 и Ви овозможува да го поврзете Вашето возило со професионално инсталиран домашен полнач (ѕидна кутија) и јавна станица за полнење со наизменична струја AC.

СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ СО КАБЕЛ ИЛИ БЕЗ КАБЕЛ

СТАНИЦА ЗА ПОЛНЕЊЕ СО КАБЕЛ

СТАНИЦА ЗА ПОЛНЕЊЕ СО КАБЕЛ

• Еден трајно приклучен кабел ја поврзува станицата за полнење со Вашето возило
• Станиците за брзо полнење со еднонасочна струја DC секогаш се со кабел
• Домашните полначи можат да бидат инсталирани со приклучен кабел
СТАНИЦА ЗА ПОЛНЕЊЕ БЕЗ КАБЕЛ

СТАНИЦА ЗА ПОЛНЕЊЕ БЕЗ КАБЕЛ

• Јавните станици за полнење со наизменична струја AC и ѕидните кутии без кабел имаат приклучница за наизменична струја AC за да го поврзете кабелот Mode 3 на Вашето возило
• За флексибилност, домашните полначи можат да бидат инсталирани со кабел или без кабел

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

Искусете го светот на електрифицирани перформанси на Jaguar со нашиот асортиман на целосно електрични и хибридни автомобили.
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ГИ ИСТРАЖУВАТЕ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Полнење на Вашето целосно електрично или PHEV возило во домашни услови е најзгодниот начин за да го започнете денот со полна батерија.
ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

Благодарение на постојано растечката инфраструктура на јавните станици за полнење, полнењето на електрично возило кога сте на пат е најдостапно досега.

Jaguar Land Rover Limited постојано бара начини да ги подобри спецификацијата, дизајнот и производството на своите возила, делови и дополнителна опрема. Измените постојано се случуваат и оттаму, го задржуваме правото на измена без известување.


*Само компатибилни паметни телефони