ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

Започнете го секој ден со полна батерија.

Кога ќе дојде време за полнење на Вашиот Jaguar, најдобро е тоа да го направите во домашни услови. Едноставно приклучете го на струја Вашето возило навечер – исто како што го приклучувате Вашиот мобилен телефон – и до утрото може да биде целосно наполнет и спремен за возење.

ДОМАШНИ ПОЛНАЧИ – СОВРШЕНИОТ НАЧИН ЗА ПОЛНЕЊЕ

За најбрзо полнење во домашни услови Ви препорачуваме професионално инсталиран домашен полнач – познат и како ѕидна кутија или домашна станица за полнење.


Инсталирањето вообичаено ќе бара посебен приватен паркинг – како на пример приоден пат или гаража – за да се поврзе со електричната мрежа во Вашиот дом. Проверете ја соодветноста на Вашиот имот со давателот на услуги за домашен полнач што сте го избрале.

СЕ БУДИТЕ И СПРЕМЕН СТЕ ЗА ТРГНУВАЊЕ

СЕ БУДИТЕ И СПРЕМЕН СТЕ ЗА ТРГНУВАЊЕ

Домашен полнач ќе полни целосно електричен автомобил преку ноќ и ќе даде до 35 km (22 миљи)1 автономија на 60 минути со помош на напојување со моќност од 7 kW.
ЗАШТЕДЕТЕ ПАРИ СЕКОЈ МЕСЕЦ

ЗАШТЕДЕТЕ ПАРИ СЕКОЈ МЕСЕЦ

Полнењето во домашни услови не само што е едноставно, туку и трошокот за струја е помал по километар во споредба со бензин или дизел. Тој трошок можете дополнително да го намалите со евтината тарифа на електричната енергија.
ПОТВРДЕН КВАЛИТЕТ

ПОТВРДЕН КВАЛИТЕТ

Домашните полначи од даватели на услуги што се докажани во индустријата се дизајнирани да се користат на секакви временски услови.

ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНИ И ПЛАГ-ИН ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ

ПОЛНЕЊЕ НА ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ<sup>1</sup>*

ПОЛНЕЊЕ НА ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ1*

Базирано на полнење на Jaguar I‑PACE до 470 km (292 миљи) со помош на домашен полнач со моќност од 7 kW.

  • 7kW AC public chargers will charge overnight from 13 hours. Or up to 35km (22miles) of range from 60 minutes
ПОЛНЕЊЕ НА ПЛАГ-ИН ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ<sup>1</sup>**

ПОЛНЕЊЕ НА ПЛАГ-ИН ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ1**

Базирано на полнење на Jaguar E-PACE до 55 km (34 миљи) со помош на домашен полнач со моќност од 7 kW.

  • 7kW AC home chargers will charge 0-80% from 1 hour 24 minutes

ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ИНСТАЛИРАЊЕТО НА ВАШИОТ ДОМАШЕН ПОЛНАЧ

1. ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ ДАВАТЕЛ НА УСЛУГИ

1. ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ ДАВАТЕЛ НА УСЛУГИ

За да го почнете процесот на инсталирање на домашен полнач, изберете го Вашиот давател на услуги за полнење во домашни услови. Вашиот продавач на Jaguar може да Ви помогне во тоа.
2. АНКЕТА ЗА СООДВЕТНОСТ

2. АНКЕТА ЗА СООДВЕТНОСТ

Вашиот избран давател на услуги за полнење ќе спроведе анкета преку телефон или онлајн за да ја одреди соодветноста на Вашиот имот за ѕидна кутија.
3. ДОГОВОРЕТЕ ГО ДАТУМОТ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ

3. ДОГОВОРЕТЕ ГО ДАТУМОТ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ

Договорете датум за инсталирање со Вашиот избран давател на услуги. Ако ги исполнувате условите за грант од државата за покривање на трошоците за инсталирање, тогаш Вашиот давател на услуги ќе го бара тоа во Ваше име.
4. ИНСТАЛИРАЊЕ И ДЕМОНСТРАЦИЈА

4. ИНСТАЛИРАЊЕ И ДЕМОНСТРАЦИЈА

На договорениот датум, Вашиот избран давател на услуги ќе ја инсталира Вашата ѕидна кутија и ќе Ви ги објасни основите на полнењето.

ДОМАШНИТЕ ПРИКЛУЧНИЦИ ЗА СТРУЈА ОБЕЗБЕДУВААТ ДОПОЛНИТЕЛЕН МИР

Ако не сте дома подолг период и немате пристап до домашен полнач, тогаш стандардната домашна приклучница за струја што се користи за електрични уреди во домаќинството ќе го полни и Вашето возило, но со многу помала брзина. Ова се постигнува со едноставно приклучување на струја на кабел за полнење (Mode 2), опционален кабел во Jaguar, во домашна приклучница.

ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

Искусете го светот на електрифицирани перформанси на Jaguar со нашиот асортиман на целосно електрични и хибридни автомобили.
ЦЕЛОСНО ЕЛЕКТРИЧНИ И ХИБРИДНИ АВТОМОБИЛИ НА JAGUAR

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ГИ ИСТРАЖУВАТЕ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА

КАКО ДА ПОЛНИТЕ

КАКО ДА ПОЛНИТЕ

Запознајте се со едноставните чекори за полнење на Вашиот целосно електричен или PHEV автомобил, без оглед дали сте дома или на пат.
ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ

Благодарение на постојано растечката инфраструктура на јавните станици за полнење, полнењето на електрично возило кога сте на пат е најдостапно досега.

1 Времето потребно за полнење на батеријата ќе зависи од неколку фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: состојбата и времето на полнењето на батеријата; температура на батеријата; и актуелната употреба.


*Официјални вредности за потрошувачката на гориво: N/A (нема податоци); Вредности за I-PACE во kWh/100 km (миљи): Комбиниран циклус 22,0-25,2 (35,4-40,5). Емисија на CO2 0 g/km. Автономија во режим на ЕВ: до 470 km (292 миљи). Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


Погледнете ги WLTP вредностите за I-PACE


**Официјални вредности за потрошувачката на гориво за E-PACE PHEV во l/100 km (mpg): Комбиниран циклус 1,4 - 1,6. Емисија на CO2 33 g/km. Автономија во режим за ЕВ: до 60 km. Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисија на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


Погледнете ги WLTP вредностите за Е-PACE