Приклучувањето на струја во домашни услови останува наједноставниот начин да го наполните Вашиот целосно електричен и плаг-ин хибриден автомобил секој ден. Но, со сѐ повеќе јавни станици за полнење на нашите патишта – од оддалечени зелени пазари до станици на автопат – полнењето во движење никогаш не било поедноставно.
Целосно електричните и плаг-ин хибридните автомобили се компатибилни со два типа на јавни станици за полнење.
Станиците за полнење со наизменична струја AC се лоцирани на станиците за дестинациско полнење како во трговски центри, спортски сали и паркинзи за автомобили.
Станиците за брзо полнење со еднонасочна струја DC се лоцирани на автопат и јавни патишта.
Иако полнењето на некои станици е бесплатно, најголемиот дел од станиците се достапни преку погодни методи за плаќање, вклучувајќи мобилни апликации, сметки преку членство или бесконтактна банкарска картичка. Трошокот за полнење вообичаено е комбинација од додаток за поврзување, време на полнење (трошок на час) и/или износот на искористената енергија (трошок по kWh).
Наша препорака е да се запознаете со работата на повеќе од еден давател на услуги за да си обезбедите најдобро покривање и најдобри методи за плаќање на Вашите претпочитани патеки – особено при патување во друга земја.
1 Времето потребно за полнење на батеријата ќе зависи од неколку фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: состојбата и времето на полнењето на батеријата; температура на батеријата; и актуелната употреба.
*Официјални вредности за потрошувачката на гориво: N/A (нема податоци); Вредности за I-PACE во kWh/100 km (миљи): Комбиниран циклус 22,0-25,2 (35,4-40,5). Емисија на CO2 0 g/km. Автономија во режим на ЕВ: до 470 km (292 миљи). Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.
Погледнете ги WLTP вредностите за I-PACE
**Официјални вредности за потрошувачката на гориво за E-PACE PHEV во l/100 km (mpg): Комбиниран циклус 1,4 - 1,6. Емисија на CO2 33 g/km. Автономија во режим за ЕВ: до 60 km. Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисија на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.