ЗА JAGUAR

ЗА JAGUAR

C‑X16 — ЧУДЕСНА ВИЗИЈА ЗА ИДНИНАТА НА JAGUAR

Jaguar C‑X16 беше претставен на саемот за автомобили во Франкфурт, Frankfurt Motor Show, во 2011 година.

C‑X16 е спортски двосед што е поинтересен од останатите. И што е најважно, иако е идеен автомобил, тој е смел израз на дизајнот и технолошките намери во иднината на Jaguar.

„Jaguar отсекогаш имал спортско срце, а C-X16 е совршеното олицетворение на нашата визија за спортски автомобил на Jaguar за 21-от век. Тој е брз, прекрасен и ја истакнува нашата посветеност на развојот на одржливи технологии за погонски системи. Ги опфаќа докажаните силни страни на чувствителниот дизајн на Jaguar, „животинската“ агилност и инспиративните перформанси и ги комбинира со карактеристиките што нè поставуваат на курсот за спортските автомобили на иднината со ниска емисија на издувни гасови“, вели Адријан Халмарк, глобален бренд директор на Jaguar.

Како и идејниот автомобил C-X75 пред него, C-X16 не остава простор за сомневање дека тоа е автомобил со високи перформанси. И исто како C-X75, остриот изглед на автомобилот е повеќе од поткрепен со импресивната статистика. Ова е идеен автомобил што е способен за спринт од место до брзина од 100km/h за само 4,4 секунди, постигнува максимална брзина од 300km/h и може да забрза од 80km/h до 120km/h за само 2,1 секунди.

Алуминиумската каросерија на C‑X16 е поставена што е можно „потесно“ врз напредната механика, неговиот грациозен став ја истакнува неговата динамика. Употребата на едноставни но корисни линии споени во нискиот аеродинамичен покрив и задниот крај му даваат на C-X16 мускулест но уметнички изглед што може да го има само Jaguar.

Ијан Калум, директор на дизајн во Jaguar, се согласува. „Спортски автомобил на Jaguar треба да има јасно визуелно движење во својот дизајн, а C-X16 е совршената демонстрација на таа цел. Секоја негова линија почнува со чувство на функција, а завршува со чувство на јасност. Тоа е пристапот што на C-X16 му дава решителен став. Еден поглед на C-X16 и сакате да го возите – баш тоа треба да го почувствувате покрај спортски автомобил на Jaguar“.

C-X16 - ПЕРФОРМАНСИ

C-X16 - ПЕРФОРМАНСИ

C‑X16 - ВНАТРЕШНОСТ СО ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ

C‑X16 - ВНАТРЕШНОСТ СО ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ

C-X16 - ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА

C-X16 - ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА