ЗА JAGUAR

ЗА JAGUAR

C-X16 - ПЕРФОРМАНСИ

C‑X16 се карактеризира со совршена распределба на тежината во однос 50:50 и прототип на хибриден погонски систем што се состои од 3.0-литарски бензински V6 мотор со супер полнач, развива моќност од 380PS (280kW) и вртежен момент од 450Nm, што е поврзан со електромотор, развива дополнителна моќност од 95PS (70kW) и вртежен момент од 235Nm. Хибридниот погонски систем ги движи задните тркала преку трансмисија со осум степени на пренос и му овозможува на ова идејно возило со мала тежина да забрза до 100km/h за 4,4 секунди пред да продолжи за да ја постигне максималната брзина од 300km/h.

Новиот V6 мотор ја користи истата алуминиумска конструкција со мала тежина како и осумцилиндричниот мотор, има блок изработен со леење под притисок со зголемен број на завртки на капаците на главните лежишта за да се добие поголема јакост и префинетост. Цилиндерската глава со две брегасти вратила и четири вентили по цилиндер е изработена од рециклиран алуминиум за да се намали влијанието на производството врз животната средина.

Алуминиумската шасија со мала тежина овозможува мала потрошувачка на гориво од 6,9l/100km и емисија на CO2 од 165g/km при комбиниран циклус на возење. За намалување на потрошувачката на гориво во реални услови на возење менувачот со осум степени на пренос е опремен со системот на Jaguar Интелигентен Стоп/Старт, што го гаси моторот 300 милисекунди откако автомобилот ќе застане. Овој систем што неодамна беше лансиран во моделот XF, користи стартер со двоен соленоид што може повторно да го стартува моторот за времето коешто е потребно стопалото на возачот да се премести од педалот за кочници на педалот за гас.

За да се обезбеди дека погонската единица не дава само моќност туку и префинетост по којашто се познати автомобилите на Jaguar, V6 моторот се карактеризира со патентиран систем од противтегови со независна ротација поставени на предниот и задниот дел од моторот. Сите што ја знаат мирната работа на моќниот V8 мотор ќе се уверат дека V6 моторот ги дава истите карактеристики за моќност и префинетост, со свој сензационален звук, а во исто време нуди помала потрошувачка на гориво и пониска емисија што ги исполнува стандардите за емисија на издувни гасови SULEV 30 (возило со супер ултра ниска емисија) и EU VI.

C-X16 - ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА

C-X16 - ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА

C‑X16 - ВНАТРЕШНОСТ СО ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ

C‑X16 - ВНАТРЕШНОСТ СО ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ