Филозофијата на Jaguar е насочена кон повторно дефинирање на перформансите и, како што вели Адријан Халмарк, „Jaguar го прави тоа со поглед што е цврсто вперен кон иднината“. C-X16 е добар показател за спортските автомобили на Jaguar од следната генерација коишто ќе развиваат моќност на нови технолошки напредни начини.
Погонскиот систем во C‑X16 е прототип, V6 мотор, целосно изработен од легури, со супер полнач. Оваа единица сама по себе го обележува патот кон унапредени, ефикасни, моќни мотори со внатрешно согорување од следната генерација. Но, идејниот автомобил може да побара услуги и од електромотор за да ги засили перформансите, идеја што е инспирирана од системите во Формула 1.
Намалена потрошувачка на гориво значи автомобилот може да работи како електрично возило со нулта емисија на издувни гасови на брзини до 80km/h – и овозможува константна, кратка ерупција на моќност и забрзување ако се побара. Оваа функција е позната под името „Push to Pass“ (притисни за претекнување) и му овозможува на возачот да ја зголеми моќноста на автомобилот за 70kW (еквивалентно на 95PS) за краток период од 10 секунди. Во неверојатниот случај да ви треба дополнителна моќност, можете да ја најдете веднаш под вашите прсти, чека да ја ослободите само со притискање на копче на воланот. Бидејќи електромоторите немаат „дупка“ во забрзувањето, оваа моќност е достапна веднаш.
За да се задржи беспрекорната мускулатура и непреченото струење на воздухот долж крилата на автомобилот, рачките на вратите целосно се вовлекуваат во каросеријата. Сензорите на допир што се вградени во рачките активираат тивки електромотори што ги извлекуваат алуминиумските рачки за возачот и совозачот.