Чесност
Веруваме дека бизнисот треба да се води во фер услови, на чесен и транспарентен начин. Сè што правиме мора да го издржи тестот на јавноста.
Разбирање
Почит, сочувство и човечност: се грижиме за нашите клиенти и колеги ширум светот.
Совршеност
„Доволно добро“ никогаш не е доволно добро. Наша цел е исполнување на највисоките можни стандарди за начинот на којшто работиме, за квалитетот на нашите автомобили, производи и услуги.
Заедништво
Успехот е резултат на градењето силни врски со взаемна придобивка со нашите колеги, партнери и клиенти насекаде во светот.
Одговорност
Секогаш сме одговорни кон земјите, заедниците и местата каде што работиме. Наша цел е да обезбедиме придобивки за сите што работат со нас.
„Страста и посветеноста на нашите луѓе се главната движечка сила на нашиот успех“.
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР, Jaguar Land Rover