ЗА JAGUAR

ЗА JAGUAR

C‑X16 - ВНАТРЕШНОСТ СО ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ

C‑X16 е автомобил што е дизајниран за перформанси, жеден за возење. Сакате да имате сопатник, па добро, тоа зависи од вас. Со намерно создавање на што е можно поизолиран простор околу воланот, возачот е „спакуван“ во кокпитот и седи точно во средината на овој свет.

Уникатноста изразена преку стилот на надворешноста на C‑X16 се засилува во моментот кога ќе се отвори вратата, кога возачот и совозачот ги пречекува црвена театрална внатрешност со декоративни површини изработени од најфините материјали; микрофибер Alcantara®, машински обработен анодиран алуминиум, карбонски влакна и темен хром.

Степените на пренос се избираат со рачка на менувачот што личи на џојстик којшто можеби е земен од млазен борбен авион, а истото се однесува и на групата прекинувачи-преклопници од алуминиум, карбонски влакна и хром.

Турнете го црвеното копче на стартерот и секвенцата за стартување како во авион ги вклучува дисплеите и инструмент таблата со два аналогни мерачи, додека екранот на допир дава увид во секој аспект од перформансите на автомобилот.

C-X16 - ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА

C-X16 - ИНОВАТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА

C-X16 - ПЕРФОРМАНСИ

C-X16 - ПЕРФОРМАНСИ