JAGUAR E‑TYPE ZERO

Имајте го најубавиот електричен автомобил на светот.

Тргнувајќи од успехот на неговата прекрасна идејна форма, со задоволство ги објавуваме плановите за сериско производство на нашиот Jaguar E-type Zero - нашето славно минато го носиме во електричната иднина.

Во 1961 година, Jaguar E-type го измени правилникот со својата рамнотежа помеѓу перформансите на спортски автомобил и префинетиот стил. Денес, E-type Zero - оригинален E-type што е целосно фабрички обновен и преобразен - го комбинира духот на нашата икона од 60-тите со технологијата на погонски системи со нулта емисија на издувни гасови.

Дали сте заинтересирани да го имате најубавиот електричен автомобил во светот? Контактирајте уште денес.

ЈА ЧУВАМЕ ЧИСТОТАТА НА ЕДНА ИКОНА

Во Jaguar Classic нешто специјално е на хоризонтот. Во денешното време на растечка свест за животната средина, наскоро ќе понудиме преобразби во електрични погонски системи што ќе го зачуваат изгледот, управливоста и перформансите на оригиналните модели E-type - но со нулта емисија на издувни гасови. Овие преобразби ќе бидат потполно реверзибилни и можат да се применат на кој било 6-цилиндричен мотор за моделот E-type.
УНИКАТЕН ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОНСКИ СИСТЕМ

УНИКАТЕН ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОНСКИ СИСТЕМ

Целосно електричниот литиум-јонски погонски систем има слични димензии со оригиналниот шестцилиндричен реден мотор на Jaguar и е поставен на истото место за да се задржат оптималната распределба на тежина и управливоста. Софистицираниот едностепен редуктор се грижи за постигнување на максимална моќност во најмалиот можен отпечаток.
ПЕРФОРМАНСИ ИНСПИРИРАНИ ОД I‑PACE

ПЕРФОРМАНСИ ИНСПИРИРАНИ ОД I‑PACE

Ја комбинираме на нашата стручност за обновување со најсовремената технологија од Jaguar I-PACE и на E‑type Zero му овозможуваме да понуди перформанси без компромис. Спринтот од 0 до 100km/h на нашето идејно возило беше далеку под 7 секунди и благодарение на неизменетата распределба на тежината напред-назад, тоа вози и кочи како оригиналот.
БЕЗВРЕМЕНСКИ СТИЛ И ПАМЕТНА ТЕХНОЛОГИЈА

БЕЗВРЕМЕНСКИ СТИЛ И ПАМЕТНА ТЕХНОЛОГИЈА

Покрај најсовремениот погонски систем, изменетите инструменти и ефикасните ЛЕД фарови, моделот E-type Concept Zero на возачите им нуди единствена можност да ја збогатат оригиналната внатрешност на нивните модели од 60-тите со опционалниот систем за информации и забава со екран на допир. Совршена мешавина од традиционална мајсторска изработка и современост.