„Најубавиот автомобил што е направен досега“. Reborn.
Опишан како „Најубавиот автомобил што е направен досега“ според Енцо Ферари, Jaguar E-type го претставува гламурот и возбудата на лудите 60-ти. Скоро 60 години подоцна, програмата Jaguar E‑type Reborn ќе ги претстави примероците на моделот E-type од серијата 1 обновени според нивната оригинална спецификација за да можат идните генерации на ентузијасти и колекционери да ги купат директно од Jaguar Classic.
E-type ја дефинираше својата генерација. Тој беше сè што 60-тите значеа и стана автомобилот на избор за меѓународниот џет-сет, супер модели и рок ѕвезди.
Како што Лондон почна да лудува, почна да одекнува и „грмењето“ на Jaguar E-type. Овој автомобил брзо го зацементира својот легендарен статус покрај другите великани на дизајнот, уметноста, музиката и модата.
Нашите најсовремени работилници во новото седиште на погонот за класик модели Jaguar Land Rover Classic во Ковентри ги нудат најдобрите објекти за реставрација. Со 30 работни места за програмата Reborn, тимот на Jaguar Classic ја комбинира најновата технологија со традиционалните мајсторски техники за обновување и преработување на некои од најславните модели на Jaguar што се направени досега.
Како креатори на E-type, мајсторите во Jaguar Classic се многу повеќе од техничари и инженери. Тие се страстни заштитници на еден од најголемите британски брендови досега. Страст што поминува во услуга, мајсторство и квалитет од светска класа. Затоа ви посакуваме добредојде во нашиот неверојатен нов објект во Ковентри - градот во којшто се роди Jaguar E-type..
За да дознаете како да купите Jaguar E‑type Reborn за вас разговарјте со член на нашиот стручен тим:
Јавете се на +44 (0)203 601 1255
или преку е-пошта info@classic.jaguar.co.uk