ПРОГРАМАТА CONTINUATION

Легендарниот победник на трката во Ле Ман, D-Type стана третото возило од програмата Continuation (продолжение) што излезе од Jaguar Classic, погонот за класик модели на Jaguar, по моделите Lightweight E‑type и XKSS.

D‑TYPE

Трикратен победник на трката во Ле Ман. Легендата се враќа.



Jaguar Classic повторно го започнува производството на легендарниот тркачки автомобил D‑type, во Ковентри, 62 години откако се произведе последниот примерок во 1956 година. Првиот Jaguar D-type што ќе биде составен во Jaguar Classic, инженерски прототип, ќе го има своето светско деби на салонот за ретро автомобили, Salon Retromobile, на саемот во Париз оваа недела.


Во погонот на Jaguar Land Rover Classic во Ворикшир ќе се произведат само 25 нови примероци од моделот D‑type, и тоа со прецизна рачна изработка. Во 1955 година Jaguar планираше да произведе 100 примероци од моделот D-type. Со само 75 произведени примероци, Jaguar Classic сега ја исполнува почетната амбиција на компанијата со создавање 25 целосно нови, временски правилни спортски автомобили.


Моделот D‑type, трикратен победник на трката 24 часа Ле Ман во 1955, 1956 и 1957 година, беше со шестцилиндричниот мотор XK. Секој аспект од примероците на D-type што се произведени за клиенти од 2018 година ќе биде изработен според автентичната, оригинална спецификација.


Тим Ханинг, директор на Jaguar Land Rover Classic, кажа: „ Jaguar D‑type е еден од најлегендарните и најубавите натпреварувачки автомобили на сите времиња, со извонреден рекорд на најтешката трка во светот. И денеска е подеднакво спектакуларен“.


„Шансата да се продолжи успешната приказна на D-type, преку комплетирање на неговото планирано производство во Ковентри, е една од оние шанси што се укажуваат еднаш во животот, проект што нашите стручни тимови во Jaguar Land Rover Classic со гордост ќе го извршат“.



D-type е третото возило од програмата continuation (продолжение) од Jaguar Classic, програма со којашто се опфатени примероци што недостасуваа кај одредени модели, шесте примероци од моделот Lightweight E-type што се завршени во 2014-15 година, и деветте примероци од моделот XKSS изработени во 2017-18 година.


Макотрпната истражувачка работа на стручните тимови на Jaguar Classic, со ексклузивен пристап до оригиналните технички цртежи и документација на Jaguar, е гаранција дека секој нов D-type ќе биде изработен според автентичните спецификации одредени од менаџерот за натпревари Лофти Ингланд и неговите инженери во 1950 година. Клиентите на D-type можат да избираат помеѓу спецификацијата за каросеријата Shortnose од 1955, или спецификацијата за каросеријата Longnose од 1956 година.


Инженерскиот прототип е спецификацијата Longnose од 1956 година, препознатлива по издолжената хауба, карактеристичната крајна перка зад главата на возачот, глава на моторот со голем агол помеѓу вентилите и шепи на кочниците што брзо се менуваат.


Кев Ричаз, директор за инженерство во Jaguar Classic, кажа: „Повторно креирање на деветте примероци од моделот XKSS изведени од D-type беше огромен успех, па дури и поголем технички предизвик од шесте примероци што недостасуваа од моделот Lightweight E-type, но лекциите што ги научивме од проектот XKSS ни овозможија ветувачки почеток при изработката на последните 25 примероци од моделот D-type. Секој примерок ќе биде апсолутно точен, до последниот детаљ, каква што и беше намерата на одделот за натпревари на Jaguar.”

ФЕНИКС ОД ПЕПЕЛТА: МОДЕЛОТ XKSS ПОВТОРНО ВОЗИ
Шест децении по познатиот пожар во фабриката Браунс Лејн што го избриша – моделот XKSS се врати.


Jaguar објави планови за производство на девет нови примероци од моделот XKSS.


Во почетокот се изработија само 16 примероци за извоз во САД пред преостанатите девет да бидат уништени во познатиот пожар во фабриката Браунс Лејн на 12 февруари 1957 година.


59 години подоцна, во Jaguar Classic ќе се произведат, со прецизна рачна изработка, девет сосема нови примероци на моделот XKSS според точната спецификација од 1957 година и ќе бидат ексклузивно достапни за избрана група на колекционери и клиенти.


Инспириран од проектот Lightweight E‑type, секој нов примерок на моделот XKSS од програмата Continuation (продолжение) ќе биде педантно рачно изработен во новиот објект на Jaguar во Ворик.


Приказната за моделот XKSS започна со трите последователни победи на моделот D-type на трката во Ле Ман во 1955, 1956 и 1957 година. По ова „Мистер Јагуар“ Сер Вилијамс Лајонс ја имаше големата визија за преправка на преостанатите 25 тркачки автомобили од моделот D-type во патнички верзии – со тоа го создаде првиот супер автомобил во светот.


Тим Ханинг, директор на Jaguar Land Rover Classic, кажа: „Моделот XKSS има единствено место во историјата на Jaguar и е автомобил што колекционерите ширум светот го посакуваа поради неговата ексклузивност и јасно забележливиот дизајн“.


„Стручниот тим од инженери и техничари на Jaguar ќе се потпре на децениското знаење на компанијата за да се гарантира дека секој од деветте автомобили е целосно автентичен и изработен според највисоките норми за квалитет“.


Првиот од новите примероци на моделот Jaguar XKSS од програмата Continuation (продолжение) ќе биде испорачан во 2017 година.

LIGHTWEIGHT E‑TYPE: ШЕСТ ПРИМЕРОЦИ ОД НАЈДОБРИОТ

Половина век откога беа произведени првите примероци, Jaguar Classic го донесува моделот Lightweight E‑type во 21-от век.


Инженери специјалисти прецизно изработија шест сосема нови примероци од моделот Jaguar Lightweight E‑type со што ја истакнаа способноста и стручноста што владее во новиот погон за класик модели Jaguar Classic.


Овие посакувани модели на автомобили од следната генерација, „Special GT“ E‑type, првобитно се произведуваа во 1963 година со нови алуминиумски каросерии за да се подобрат перформансите. Но, од планираните 18 примероци се произведоа само 12. Шесте сосема нови примероци од моделот Lightweight E‑type што сега го пополнуваат нивниот број, педесет години подоцна, ќе ги имаат оригиналните броеви на шасија на возилата што недостасуваа.


Прототипот за новите примероци на моделот Lightweight E‑type веќе беше направен и подложен на 15-дневно тест возење на тест патеката на Jaguar Land Rover во Гејдон за да се докаже динамиката на возилото и да се одредат оптималните поставки на потпирањето.


За создавање на новите примероци од моделот E-type требаше секоја позиција од лимаријата и секој дел детално да се проверат и повторно да се изработат пред да дојдат во фабриката Браунс Лејн на склопување, на неколку метри од местото каде се изработија оригиналните примероци.


Главен дел на моделот Lightweight E-type е неговата алуминиумска каросерија. Овој материјал го замени челикот во производството на E-type во потрагата по намалување на тежината – тежината беше помала за околу 114kg (205lb) во споредба со стандардниот автомобил.


И покрај временската дистанца од 50 години, алуминиумската каросерија на шесте нови примероци од моделот Lightweight ги сместува веднаш до актуелниот асортиман на Jaguar, моделите XE, XJ и F-TYPE изработени по истите стандарди со алуминиумски каросерии буквално од истата причина. Всушност, денес Jaguar е водечки во светот производител на автомобили со алуминиумска каросерија и компанијата има неспоредливо искуство во релативно новото поле за примена на технологијата со алуминиум за зголемување на сериското производство на автомобили.


Погонска единица во моделот Lightweight E-type беше високоразвиена верзија од редниот шестцилиндричен XK мотор на Jaguar којшто, со неговите две брегасти вратила во глава задвижувани со верига и алуминиумска глава со комори за согорување во форма на полутопка, остана напреден мотор и во 1963 година иако за прв пат се појави во моделот XK 120 уште во 1948 година. Овој мотор беше погонска единица во моделите C- и D-type во нивните пет победи во Ле Ман во 1950-тите години. Победник сам по себе во текот на својата кратка натпреварувачка кариера, моделот Lightweight E-type се здоби со светска слава и е многу посакуван.


Шесте нови примероци од моделот Lightweight E‑type се натпреварувачки возила со ФИА хомологација за историски моторспорт намени.


За повторното создавање на моделот Lightweight E‑type, Jaguar Classic може да се потпре на врвните вештини и искуство на многуте талентирани инженери и техничари коишто веќе работат во разни оддели во Jaguar, а сега се посветени на овој проект.


Секој од шесте избрани клиенти ќе стане сопственик на една од најретките работи – сосема нов примерок на моделот Lightweight E‑type, рачно изработен во фабриката Браунс Лејн што е посакуван исто како и некој од оригиналите.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
Пронајдете продавач
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас