ЗА JAGUAR
ИНОВАТИВНО ВОДСТВО<br>ДЕФИНИРАЊЕ НА ИДНИНАТА НА JAGUAR


 
Иновацијата е втората природа на д-р Ралф Шпет. На 18ти февруари 2010 година беше поставен за извршен директор на Jaguar Land Rover и го надгледуваше забележливиот пресврт во работата на компанијата, со зголемување на продажбата, отворање над 8000 работни места и претставување на значајни модели, меѓу другите XJ и F‑TYPE, модел што го дефинира брендот.
 
Самопрогласен вљубеник во автомобилите, вози Jaguar XFR и има класик модел E‑Type. Голем дел од овој успех се должи на инсистирањето на д-р Шпет на фокусирање на дизајнот во секој аспект од работата на компанијата – не само на автомобилите, туку и на начинот на работа на целата организација.
 
„Зборувам за тоа како ги дизајнираме сите наши процеси, како ги дизајнираме истражувањето и производството, како ги дизајнираме обуките, плановите за вработување, личните вештини. И како ги дизајнираме нашите односи со продавачите и на крај со нашите клиенти“.
 
Ова го гледа како клуч на успехот – креирање вредност и иновирање за да се создаде вистински финансиски поврат што ќе ги оправда понатамошните инвестиции во иновирањето – совршен принципиелен круг.
 
„Сè повеќе стануваме меѓународна компанија, развиваме повеќе производи, инвестираме во различни технологии во различни области“.
 
По дипломирањето на факултетот за Економско инженерство на Универзитетот во Розенхајм, Германија, се стекна со докторат по инженерство. Има и почесна титула на индустриал професор на Универзитетот во Ворик.
 
д-р Шпет неколку години работеше како деловен советник пред да почне да работи во BMW во 1980 година. По 20 години помина во Premier Automotive Group, дел од Ford Motor Company, како директор на производство, квалитет и планирање производи. Неговата последна работа во BMW беше потпретседател на Land Rover кога BMW беше сопственик на брендот.
 
Потоа стана директор на производство, квалитет и планирање во Premier Automotive Group (PAG), дел од Ford, кога BMW го продаде Land Rover на Ford во 2000 година. Потоа беше раководител на глобални активности во германската меѓународна компанија за индустриски гасови и инженерство Linde Group, пред да помине во Jaguar Land Rover.
 
„Ова е значаен момент за Jaguar Land Rover“, смета тој. „Ова не е застарена индустрија, автомобилите се напредна технологија за иднината“. Со преместување на напредниот истражувачки тим од 170 луѓе во Универзитетот во Ворик, тој стои зад плановите за инвестирање над 100 милиони фунти во заедничко истражување во следните неколку години. Исто така, внимателно ги следи можностите за одвојување на технологиите што се развиени за Jaguar Land Rover, како што е гасна микро турбина развиена од Bladon Jets за моделот Jaguar C-X75.
 
Роден е во Рот, Германија, д-р Шпет е оженет и има две ќерки.
 
 
 
„Иновацијата во дизајн, инженерство и технологија е во сржта на нашиот бизнис“.
 

д-р РАЛФ ШПЕТ
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР, Jaguar Land Rover

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас