ЗА JAGUAR

ЗА JAGUAR

ШТО Е C‑X17 CONCEPT?

C‑X17 Concept е првиот спортски кросовер како идејно возило на Jaguar и ги меша заводливиот дизајн и интелигентните перформанси што се обележја на Jaguar. Ова идејно возило ги нуди придобивките на кросовер, сигурната позиција за возење и високото ниво на флексибилност. Возилото ја прикажува целосно новата интелигентна алуминиумска конструкција на каросеријата на Jaguar, проектирана и изработена за да понуди квалитет, издржливост и сигурност што се водечки во класата.

ОД ИДЕЈА ДО ПРОИЗВОД

Напредната, алуминиумска модуларна каросерија на C-X17 Concept ја обезбедува флексибилноста за употреба во бројни модели без да се загрозат уникатниот карактер, дизајнот, динамиката, перформансите и луксузот, карактеристики по коишто Jaguar е препознатлив.

ПАМЕТЕН ОДВНАТРЕ

Кабината на C‑X17 Concept ги соединува иновативната интерактивна технологија со модерните традиционални висококвалитетни материјали и британската мајсторска изработка за да се добие вистински луксуз и софистицираност. Привлечниот дизајн и вкупната практичност на внатрешноста, заедно со сестраноста - вклучувајќи го големиот багажен простор - значи дека возилото е добро за семејството како што е возбудливо за возачот.

ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ

ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ

Сигурната положба за возење е дизајнирана за да даде чувство на безбедност и изолираност во луксузот на кабината. За завршна обработка во кабината се користат првокласни материјали како нажлебен алуминиум и црн полиран анодиран метал за темен, софистициран ефект. Вниманието кон деталите го опфати и вртливиот менувач што ги контролира режимите за возење. Со завршна обработка во блескав рутениум и театрално излегува од лежиштето штом C‑X17 Concept ќе се активира.
ИНТЕРАКТИВНА КОНТРОЛА ПРЕКУ РАБОТНА ПОВРШИНА

ИНТЕРАКТИВНА КОНТРОЛА ПРЕКУ РАБОТНА ПОВРШИНА

Иновативниот систем Интерактивна контрола преку работна површина е центар за информации и забава со повеќе екрани со серија од меѓусебно поврзани екрани на допир што ги поврзуваат патниците со возилото. Секој патник може да поставува фотографии, видео и аудио содржини од својот мобилен уред и да ги споделува со другите патници во возилото, како и да се поврзува со пријатели на другите канали за социјални медиуми.
MERIDIAN 3D ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК

MERIDIAN 3D ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК

Аудио систем дизајниран ексклузивно за C‑X17 од Meridian, британските експерти за звук, со опкружувачки звук во 3Д преку 28 звучници, се карактеризира со технологијата Meridian Trifield 3D што на секој патник во возилото му овозможува оптимално, првокласно аудио доживување со опкружувачки звук во 3Д.
КОНФИГУРАЦИЈА НА СЕДИШТА

КОНФИГУРАЦИЈА НА СЕДИШТА

Оригиналното возило во сината боја Caesium Blue што беше претставено во Франкфурт имаше четири стилски единечни седишта, додека подоцнежниот C‑X17 Concept во златната боја Liquid Gold ја имаше сестраноста што ја нуди аранжманот со пет седишта. Овој аранжман ја нагласува сестраноста на автомобилот и неговата удобност за семејно патување. Двете верзии на C‑X17 Concept обезбедуваат вистинска рамнотежа помеѓу комфорот, поддршката и сестраноста.
БАГАЖЕН ПРОСТОР

БАГАЖЕН ПРОСТОР

Пространиот багажен простор ја нуди и флексибилноста на двете привремени седишта што се извлекуваат нагоре од подот кога автомобилот е паркиран и крајната врата е отворена.
ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

Уникатниот панорамски покрив на C‑X17 Concept го збогатува чувството на едноставност и исполнетост со воздух во кабината. Овој покрив се карактеризира со контури на перки за да обезбеди уникатен „елиптичен“ панорамски поглед и поотворен преглед на околината што ја гледате додека минувате покрај неа.

НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА

ПОГОН НА ЗАДНИТЕ ТРКАЛА

Во услови со нормален зафат на тркалата со патот интелигентниот систем Погон на сите тркала во C‑X17 Concept ја пренесува тракцијата до задните тркала. Уникатно решение во сегментот на спортски кросовер возила што се грижи да се обезбеди динамика во возењето, доживување својствено за Jaguar. Системот постојано ја набљудува површината на патот за да го спречи и да реагира на провртувањето на тркалата што ќе ја зголеми самодовербата на возачот и ќе ја унапреди стабилноста на возилото во услови на слаб зафат на тркалата со патот.

ГАЛЕРИЈА

Разгледајте ја долупоставената галерија за да видите повеќе од возбудливиот C‑X17 Concept.