Се комбинираат најнови технологии за бојадисување, првокласни завршни обработки и врвна мајсторска изработка за да се добијат уникатните возила.
Премиум палетата на бои на SV ги користи најнапредните и најиновативните технологии на бојадисување што се достапни. На трислојните и четирислојните ултра металик бои им се придружени волшебните бисерни бои коишто се карактеризираат со дополнителен слој на пигменти за да се постигне театрална длабочина на нијансата и прелевањето, како и издржливост.
Без оглед дали на Вашиот вкус повеќе му одговара живата портокалова нијанса Atacama или сината Petrolix, нијанса на сина боја што е инспирирана од перформанси, секоја боја од премуим палетата со бои на SV ќе внесе возбудливо ново поглавје во приказната за Вашето возило од соништата.
Многу бои од премиум палетата на SV се карактеризираат со пигментот ChromaFlairTM. Повеќеслојните пигментни снегулки од метален оксид даваат бои со треперливи нијанси и нежна промена кога се набљудува од различни агли и под светлина со различен интензитет. Спектралните бои од асортиманот на нашата програма Специјални ефекти содржат највисоко ниво на пигментот ChromaFlairTM за да се добие најсилна театрална појава.
*Потребна е дополнителна грижа при чистење на надворешноста на возилата со сатенска матирана површина. За подетални информации консултирајте го Вашиот продавач.
**Sunset Gold Satin Finish not available on F-PACE