ЗА JAGUAR
C‑X75 — НАЈНАПРЕДНИОТ JAGUAR ШТО Е НАПРАВЕН ДОСЕГА

Jaguar C‑X75 ќе учествува во спектакуларна сцена со потера со автомобили во новиот филм за Џејмс Бонд: Спектра, додека Хинкс го брка Бонд низ улиците на Рим.

Кога Jaguar го претстави идејното возило C‑X75 во 2010 година тоа беше почетокот на нова глава во иновациите и технолошкиот напредок со којашто автомобилот за само две години се разви од дизајнерска идеја до целосно функционален прототип.

Во тој неверојатно краток временски период, Jaguar и развојниот партнер Williams Advanced Engineering креираа плаг-ин паралелно хибридно електрично возило (PHEV) со погон на сите тркала, со мотор со најголема специфична моќност во светот и првата монокок шасија на Jaguar изработена од карбонски композитни материјали.

Иако во 2012 година беше донесена одлука C‑X75 да не влегува во производство поради глобалната економска ситуација, беше јасно дека тоа идејно возило беше моќен приказ на водечката во светот стручност на Jaguar во областа на конструкција на лесни каросерии за возила и идеалната опрема за тестирање на иновативното истражување што го изведе компанијата во делот на погонски системи со високи перформанси и ниска емисија на издувни гасови.

Големите постигнувања во развојот на прототиповите на C-X75, вклучувајќи ја и најсовремената хибридна технологија, карбонските композитни материјали и напредните дизајнерски решенија развиени во соработка со Williams Advanced Engineering ќе бидат искористени за истражување и развој во други области, иновативни производи за иднината и инженерство од следната генерација за брендот Jaguar.

„Програмата C‑X75 го претставува врвот на стручноста на Jaguar во инженерство и дизајн. Тоа е веројатно најбрзата опрема за тестирање во светот за најнапредните технологии во светот, во комбинација со извонредна хибридна погонска единица со фасцинантни перформанси. Jaguar секогаш настојува да ги обликува автомобилите на утрешнината, а со проектот C‑X75 ги поставивме основите за следната генерација иновации на Jaguar“. – Адријан Халмарк, глобален бренд директор на Jaguar.

Најголема густина на моќност и вртежен момент

C‑X75 има комбинирана моќност од 850bhp и вртежен момент од 1000Nm. Овие вредности ги постигнува со помош на својот најсовремен, инспириран од Формула 1, 1.6-литарски 4-цилиндричен мотор со двоен полнач (турбо полнач и супер полнач) што развива моќност од 502 bhp при 10.000 врт./мин..

Овој мотор е споен со електромотори со најголемата густина на вртежен момент и моќност што се произведуваат и развиваат дополнителна моќност од 390 коњски сили. Пакетот од батерии во C-X75 е пакет со највисока постојана номинална моќност за PHEV возила во светот, способен да обезбеди повеќе од 300kW во состојба на полн капацитет.

C‑X75 може да забрза од 0 до 160km/h за помалку од шест секунди, благодарение на својата напредна автоматизирана рачна трансмисија со 7 степени на пренос што овозможува промените на степенот на пренос да се извршуваат за помалку од 200 милисекунди. Првиот прототип C‑X75 се леснотија ја надмина брзината од 320km/h при тестирањето, а автомобилот има теоретска максимална брзина од 354km/h.

Спојлерот на отворање и аеродинамиката на подот создаваат сила на притисок кон коловозот поголема од 200kg при брзина од 320km/h, а активните системи ја унапредуваат стабилноста на големи брзини.

Извонредно ниска емисија на издувни гасови и чист електричен режим

Благодарение на најекстремните PHEV спецификации на која било мобилна батерија во развој, C‑X75 ќе вози 60km во чист режим на електрично возило и неговата емисија на CO2 паѓа под 89g/km.

Проектот C‑X75 му овозможува на Jaguar да постави уште построго барање како најзначаен инвеститор во иновативна технологија во Обединетото Кралство. Резултатите од програмата C-X75, особено за технологијата за напредни погонски системи и композитни материјали со мала тежина, ја демонстрираат водечката позиција на Jaguar во областа на развојот и производството на најсовремените автомобили.

C‑X75 ја поместува секоја граница за моќност, перформанси и ефикасност на горивото.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас