ЗА JAGUAR
ШТО Е C‑X17 CONCEPT?

C‑X17 Concept е првиот спортски кросовер како идејно возило на Jaguar и ги меша заводливиот дизајн и интелигентните перформанси што се обележја на Jaguar. Ова идејно возило ги нуди придобивките на кросовер, сигурната позиција за возење и високото ниво на флексибилност. Возилото ја прикажува целосно новата интелигентна алуминиумска конструкција на каросеријата на Jaguar, проектирана и изработена за да понуди квалитет, издржливост и сигурност што се водечки во класата.

ОД ИДЕЈА ДО ПРОИЗВОД

Напредната, алуминиумска модуларна каросерија на C-X17 Concept ја обезбедува флексибилноста за употреба во бројни модели без да се загрозат уникатниот карактер, дизајнот, динамиката, перформансите и луксузот, карактеристики по коишто Jaguar е препознатлив.

УБАВИНАТА НА JAGUAR

C‑X17 Concept требаше да биде стилски, спортски и возбудлив. Требаше да се издвојува од останатите, а истовремено да го задржи чувството за безвременска софистицираност што е вообичаено за Jaguar.

Ијан Калум, директор на дизајн во Jaguar, вели, „C‑X17 од почеток го дизајниравме според посебна група на принципи, длабочо чувство за тоа што е Jaguar: возбудливи пропорции, јасни линии, рамнотежа на формата. Самоуверен и моќен, но сепак со прекрасна сензуалност, C‑X17 е смел, уникатен Jaguar“.

ПАМЕТЕН ОДВНАТРЕ

Кабината на C‑X17 Concept ги соединува иновативната интерактивна технологија со модерните традиционални висококвалитетни материјали и британската мајсторска изработка за да се добие вистински луксуз и софистицираност. Привлечниот дизајн и вкупната практичност на внатрешноста, заедно со сестраноста - вклучувајќи го големиот багажен простор - значи дека возилото е добро за семејството како што е возбудливо за возачот.

ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ
Сигурната положба за возење е дизајнирана за да даде чувство на безбедност и изолираност во луксузот на кабината. За завршна обработка во кабината се користат првокласни материјали како нажлебен алуминиум и црн полиран анодиран метал за темен, софистициран ефект. Вниманието кон деталите го опфати и вртливиот менувач што ги контролира режимите за возење. Со завршна обработка во блескав рутениум и театрално излегува од лежиштето штом C‑X17 Concept ќе се активира.
ИНТЕРАКТИВНА КОНТРОЛА ПРЕКУ РАБОТНА ПОВРШИНА
Иновативниот систем Интерактивна контрола преку работна површина е центар за информации и забава со повеќе екрани со серија од меѓусебно поврзани екрани на допир што ги поврзуваат патниците со возилото. Секој патник може да поставува фотографии, видео и аудио содржини од својот мобилен уред и да ги споделува со другите патници во возилото, како и да се поврзува со пријатели на другите канали за социјални медиуми.
MERIDIAN 3D ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК
Аудио систем дизајниран ексклузивно за C‑X17 од Meridian, британските експерти за звук, со опкружувачки звук во 3Д преку 28 звучници, се карактеризира со технологијата Meridian Trifield 3D што на секој патник во возилото му овозможува оптимално, првокласно аудио доживување со опкружувачки звук во 3Д.
КОНФИГУРАЦИЈА НА СЕДИШТА
Оригиналното возило во сината боја Caesium Blue што беше претставено во Франкфурт имаше четири стилски единечни седишта, додека подоцнежниот C‑X17 Concept во златната боја Liquid Gold ја имаше сестраноста што ја нуди аранжманот со пет седишта. Овој аранжман ја нагласува сестраноста на автомобилот и неговата удобност за семејно патување. Двете верзии на C‑X17 Concept обезбедуваат вистинска рамнотежа помеѓу комфорот, поддршката и сестраноста.
БАГАЖЕН ПРОСТОР
Пространиот багажен простор ја нуди и флексибилноста на двете привремени седишта што се извлекуваат нагоре од подот кога автомобилот е паркиран и крајната врата е отворена.
ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ
Уникатниот панорамски покрив на C‑X17 Concept го збогатува чувството на едноставност и исполнетост со воздух во кабината. Овој покрив се карактеризира со контури на перки за да обезбеди уникатен „елиптичен“ панорамски поглед и поотворен преглед на околината што ја гледате додека минувате покрај неа.
НАПРЕДНА ТЕХНОЛОГИЈА
ПОГОН НА ЗАДНИТЕ ТРКАЛА
ПОГОН НА ЗАДНИТЕ ТРКАЛА

Во услови со нормален зафат на тркалата со патот интелигентниот систем Погон на сите тркала во C‑X17 Concept ја пренесува тракцијата до задните тркала. Уникатно решение во сегментот на спортски кросовер возила што се грижи да се обезбеди динамика во возењето, доживување својствено за Jaguar. Системот постојано ја набљудува површината на патот за да го спречи и да реагира на провртувањето на тркалата што ќе ја зголеми самодовербата на возачот и ќе ја унапреди стабилноста на возилото во услови на слаб зафат на тркалата со патот.

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ

Системот Насочување на вртежниот момент преку кочење (TVbB) му дава на возачот уште поголема контрола и го унапредува движењето низ кривините. Овој систем се грижи возилото да ја одржува посакуваната патека и ја намалува веројатноста од надуправување.

ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ОДЗАДИ
ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ОДЗАДИ

C‑X17 Concept се карактеризира со системот Забележување на сообраќајот одзади што се грижи за сите патници кога ги отвораат вратите на возилото. Овој напреден систем за активна безбедност издава предупредување кога приоѓаат предмети што можеби се сокриени во мртвиот агол на патниците во возилото.

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО

Инспиративни перформанси, едноставен за возење и мала потрошувачка на гориво. C‑X17 Concept нуди палета од мотори со различни зафатнини, вклучувајќи ја новата фамилија ефикасни четирицилиндрични бензински и дизел мотори со голема моќност. C‑X17 Concept има најмала потршувачка на гориво и најниска емисија на CO2 во својата класа, благодарение на своите ефикасни мотори и целосно новата интелигентна алуминиумска каросерија.

ГАЛЕРИЈА

Разгледајте ја долупоставената галерија за да видите повеќе од возбудливиот C‑X17 Concept.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас