Нашите тековни бензински мотори и новите дизел мотори се најчистите и најефикасните мотори што сме ги произвеле досега. Нашиот нов електричен погонски систем е иднината на возењето. Кој е вистинскиот за вас?
Погонски систем на едно возило е секоја компонента што го претворува изворот на енергија (гориво/батерија) во движење преку мотор / електромотор, трансмисија, погонски вратила, диференцијали и оски.
Највообичаени погонски системи за возила се бензински, дизел, електрични возила на батерии (BEV) и плаг-ин хибридни електрични возила (PHEV).
Jaguar I PACE е опремен со монофазен вграден полнач со назименична струја - АС со моќност од 7kW, што може целосно да го наполни возилото преку ноќ и да даде автономија од 35km на час. Најбрз и најпогоден начин за полнење во домашни услови е со помош на ѕиден полнач, кој може за помалку од 2 часа да ја надомести енергијата што е потрошена при просечно дневно возење.
Кога користите домашна приклучница, брзините на полнење се помали отколку кај ѕидниот полнач (до 11km автономија на час), но се доволни за да се измине просечна дневна градска релација од 60km ако возилото се полнело преку ноќ.
Кога сте далеку од дома, најдобриот начин за брзо полнење на вашата батерија при долги патувања е со јавен полнач со еднонасочна струја, DC – типичен полнач со моќност од 50kW може да даде до 270km автономија на час. Некои мрежи веќе нудат побрзи 100-150 kW полначи, а повеќето мрежи планираат надградби во блиска иднина.
Благодарејќи на својата литиум-јонска батерија од висока технологија којашто има капацитет од 90kWh, Jaguar I‑PACE има автономија од 470 километри* според WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила).
WLTP е процес што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови во патничките автомобили во Европа. Овој процес е направен да обезбеди вредности што се поблиски до вредностите при реалното возење.
Дизел моторите имаат помала потрошувачка на гориво поради повисоката енергетска густина на горивото и начинот на којшто таа енергија се ослободува при согорувањето. Ако годишно изминувате околу 20.000 километри или повеќе, тогаш дизел моторот најверојатно ќе биде поисплатлив избор за вас.
Вообичаено, дизел моторот развива поголем вртежен момент од бензинскиот мотор, што значи дека неговата моќност е позгодна за теренско возење и влечење.
Ние, во Jaguar Land Rover, инвестиравме повеќе од 1 милијарда фунти во нашиот најсовремен центар за производство на мотори за да развиеме фамилија на поефикасни бензински и дизел мотори.
Од септември 2018 година, сите наши дизел мотори во ЕУ и ЕЕА ги исполнуваат регулативите EU6d-Temp и Real Driving Emissions (RDE- емисија на издувни гасови при реални услови на возење). Тоа значи дека нашите нови дизел мотори се толку чисти што можат слободно да минат низ зоната за ултра ниска емисија на издувни гасови што наметнува парична казна за возачите што емитираат високо ниво на загадувачи.
Со производството на нашите најчисти мотори досега, ние значително го намалуваме влијанието врз животната средина.
Со цел да ги исполнат строгите регулативи, воведени во 2009 година, сите нови дизел возила се опремени со филтер за издувни гасови. Овој филтер е познат и како филтер за дизел честички (DPF). Филтерот за дизел честички, DPF, ефикасно ги фаќа и заробува честичките од издувните гасови и на тој начин се грижи за намалување на емисијата на издувни гасови.
Дали сте спремен да создадете еден Jaguar според вашиот животен стил, според вашиот стил на возење и според вашите финансиски очекувања? Едноставно, изберете едно возило од нашиот асортиман за да го започнете вашето ново патување со Jaguar.
Апликацијата Go Jaguar I‑PACE може автоматски да ги следи вашите патувања и да ви дава факти и бројки како да сте го возеле новиот целосно електричен Jaguar I‑PACE. Погледнете ги мапите од вашите патувања, видете ги предвидените автономии и искористувањето на батеријата, локацијата до вашите најблиски станици за полнење и добијте проценка за заштедата што можете да ја направите.
*Вредностите за автономијата на EV - електричното возило се базираат на сериско возило по стандардизирана патека. Постигнатата автономија ќе се менува во зависност од состојбата на возилото и батеријата, актуелната патека и опкружување и стилот на возење.
Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до вредностите од реалното, секојдневно возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.