Кога се зборува за дизајн и конструкција на автомобили, тогаш сигурната и проверена алуминиумска конструкција на каросеријата со мала тежина е дел од филозофијата на Jaguar повеќе од 70 години.
Првиот модел на Jaguar XK120 во 1940-тите години имаше алуминиумски делови, додека тркачките модели C-Type и D-Type што доминираа на Ле Ман во 1950-тите години и моделот Lightweight E‑Type во 1960-тите години беа пионери во дизајнот на шасии и каросерии од алуминиум. Во 2003 година, го редизајниравме нашиот легендарен модел XJ со алуминиумска конструкција со спојки и заковки што беше за 40 проценти полесна од каросеријата на претходникот. Денешните седан модели, спортски автомобили и SUV возила на Jaguar ги уживаат придобивките од петтата генерација на таквото размислување за алуминиумот.
Главната придобивка од алуминиумот е фактот дека неговата специфична тежина е три пати помала од специфичната тежина на челикот. Ова ни дава можност да изработиме шасија што е значително полесна од челична шасија. Тоа ја намалува потрошувачката на гориво, се намалува емисијата на издувни гасови и се подобрува динамиката на возилото. Секои 100kg намалување на тежината со алуминиумска шасија ја намалуваат емисијата на CO2 на возилото за 9g/km, а во текот на работниот век возилото ќе потроши до 800 литри гориво помалку.
Нашата филозофија за алуминиумот не е само за намалување на тежината – туку и за изработка на дизајнерски решенија што се покрути, побезбедни, со поголема јакост и посигурни.
Сега сме мајстори во употребата на алуминиумот како материјал за производство. Алуминиумскиот лим што го користиме како суровина – со дебелина од 0,9mm за надворешните делови, или со дебелина до 3mm за делови за коишто се бара поголема јакост – се пресува во комплексни облици и форми за зголемување на јакоста и со помош на сила од 2000 тони се продупчува со милиметарски прецизни дупки. Тоа дава извонредни резултати. Страничниот лим за F-PACE е еден од најголемите делови што сме ги произвеле, а сепак тежи само 5,8kg.
„ФИЛОЗОФИЈАТА НА JAGUAR ЗА АЛУМИНИУМОТ Е ... ИЗРАБОТКА НА ДИЗАЈНЕРСКИ РЕШЕНИЈА ШТО СЕ ПОКРУТИ, ПОБЕЗБЕДНИ, СО ПОГОЛЕМА ЈАКОСТ И ПОСИГУРНИ“.
Со помош на лекциите што ги научивме од воздухопловната индустрија создадовме револуционерен начин на изработка на алуминиумска шасија, наречен „riv-bonding“ (поврзување со заковки). Алуминиумските лимови се залепени помеѓу себе со супермоќно лепило, а потоа се вметнуваат поцинкувани заковки, изработени од челик со примеси на бор, со сила до 10 тони.
Кога шасијата се пече на температура од 170ºC во погонот за бојадисување, лепилото во стегнатиот алуминиумски сендвич станува цврсто како бетон и го претворува тенкиот алуминиумски лим во феноменално крута конструкција. Земете ја алуминиумската монокок каросерија на спортскиот автомобил F-TYPE, којашто тежи само 261kg, но има многу голема торзиона крутост. Кај XE, таквото размислување беше издигнато на следното ниво, што го направи најцврст седан модел на Jaguar досега.
Обработката на алуминиумот е потивка, почиста и бара помалку енергија од класичната челична конструкција на шасијата. За рециклирање на алуминиумот се троши само 5 проценти од енергијата за создавање алуминиумска суровина, без да се наруши структурата на материјалот. Сето тоа ни помага да го намалиме отпечатокот на Jaguar врз животната средина пред тој и да излезе на патот.
Шасијата на Jaguar не е единствениот елемент каде што се користи размислувањето за алуминиумот за да се намали тежината и да се добијат поефикасни и подинамични перформанси, како и подобрена издржливост и сигурност. Новата генерација на моторите Ingenium на Jaguar Land Rover има блок и глава од леан алуминиум. Овие мотори се за 24kg полесни, 17 проценти подобри во поглед на триењето и за пет децибели потивки.
Значи, нашиот нов тип на возила е побезбеден, поефикасен и посигурен во секој поглед, од глава до пети.