WALLPAPER* HANDMADE

Jaguar ја инспирира прославата на најдоброто од меѓународниот дизајн.

СОРАБОТКА ЗА ДА СЕ СЛАВИ СОВРЕМЕНИОТ ДИЗАЈН

Во 2014 година, Jaguar соработуваше со Wallpaper*, највлијателното списание за дизајн и стил во светот, во поставувањето на првата изложба Wallpaper* Handmade што ќе се одржи надвор од Милано. Во излозите на „Хародс“ во Лондон беа поставени повеќе од 50 експонати.

СЛАВНА КОМПАНИЈА
Дизајнери беа Хермес, Алфредо Хаберли, Хери Винстон, Константин Грчиќ, Исај Вајнфелд, Пол Коксиџ, Михаел Анастасиадес, починатиот Дејвид Колинс, Барбер Осгерби, Бриони, Наото Фукусава, Луј Витон, Сем Хехт и Полтрона Фрау. Имаше и дизајнерски парчиња инспирирани од Jaguar и идејни автомобили на Jaguar.
JAGUAR ДИЗАЈН ВО НЕОЧЕКУВАНИ ФОРМИ
За да ја прославиме нашата вклученост во настанот, изложивме пет нови идејни производи, коишто го истражуваа јазикот на дизајн на Jaguar. Од транспортер за домашни миленичиња до инсталација за осветлување и беа дизајнирани од Мориц Валдемејер, Нери и Ху, Матју Густафсон, Фредерискон Сталард и Салватори со Jaguar Advanced Design.
JAGUAR ПРОДОЛЖУВА ДА ГИ ИНСПИРИРА ИДНИТЕ КЛАСИК МОДЕЛИ
Масата 7 содржи бројни дизајнерски вредности на Jaguar, убавината на линијата и чистата форма, а притоа не ја заборава нејзината намена и функција. Во соработка со дизајнерот Габриеле Салватори познат по работата со природен камен, тимот на Jaguar Advanced Design ја дизајнираше оваа масичка за кафе од едно парче мермер. Предизвикувачки дизајн, на прв поглед скоро неизводливо, нејзините елегантни линии ги претставуваат брзината и агилноста. Масата 7 ги поместува границите на дизајнот на мебел. На ист начин како што Jaguar креира возбудливи автомобили.
ПРИВИЛЕГИЈА

„Планираме да креираме дел што не е верен само на дизајнерските вредности на Jaguar – убавината на линијата и чистата форма – туку и нешто што има намена и функција.

Користејќи го мермерот на начин што го предизвикува традиционалниот поглед на материјалот, дизајниравме и произведовме, во соработка со Салватори, прекрасна масичка за кафе. Направена од едно парче на мермер, нејзината форма визуелно ги изразува брзината и агилноста, се стеснува и сето тоа го обликува во една динамички течна површина.

Нашите соработници; Салватори се иновативни производители на производи од природен камен, со седиште во близината на Карера мермер во Версилиа, Италија. Имавме блиска соработка со нив за да го искористиме нивното непроценливо искуство и знаење за материјалот.

Тргнуваме од рачна скица и идејата ја преведуваме во 3Д со компјутерско моделирање. Тоа потоа командува со автоматското сечење на мермерот, обликувајќи го во неговите груби пропорции. Потоа мермерот рачно се дотерува, а со завршната обработка се креираат префинети чисти површини што се уникатни само за ова парче.

За да се надополни формата додадовме суптилен мотив на површината на масата. Ромбоидниот облик е преземен од логото на наследството на Jaguar - Jaguar Heritage, мотив што е синоним за брендот, мотив за којшто почувствувавме дека ги привлекува погледите особено кога на него дејствува светлина.

Преку комбинирање на најмодерните техники на дизајн и производство со традиционалната рачна скулпторска техника произведовме дел на сличен начин како што денес би развивале автомобили на Jaguar“.

Сајмон Тови, сениор дизајнер, Jaguar Land Rover

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас