ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ТИМОТ

За креирање уникатни, прекрасни автомобили треба талент, а тој е реткост како што се и самите автомобили. Запознајте ги дизајнерите на Jaguar.

ТАЛЕНТ ЗА ДИЗАЈН ПОЗНАТ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ

Jaguar не е само автомобил со високи перформанси. Дури и кога стои во место неговото присуство треба да ја возбудува душата. Постојано наградуван за нивниот привлечен дизајн, тимот дизајнери на Jaguar се смета за еден од најдобрите во светот.

ИЈАН КАЛУМ, RDI
Директор на дизајн, Jaguar

Познат како еден од најистакнатите дизајнери на автомобили во светот, Ијан го води тимот за дизајн на Jaguar од 1999 година, зацврстувајќи ја својата позиција како креатор на „брзи, прекрасни автомобили“. Од идејното возило C-XF па сè до целосно новиот F-PACE, Ијан креираше дизајнерски јазик што е синоним за луксуз и перформанси.

Ијан ја изгради својата славна кариера во студиото за дизајн на Форд, Ford Design Studio, потоа во тимот за дизајн на Том Вокиншо Рејсинг, TWR Design, и во тимот за дизајн на Астон Мартин, Aston Martin Design, каде што ги разви моделите DB7, DB9 и Vanquish.
ЏУЛИЈАН ТОМСОН
Директор, Напреден дизајн

Џулијан е одговорен за градење на идниот стратешки правец на дизајнот за Jaguar. Беше од голема помош за преродбата во дизајнот на производниот асортиман на Jaguar; вклучувајќи ги моделите XK, XF, XJ, F‑TYPE и неодамна претставениот модел XE.

Џулијан води тим од 25 дизајнери во групата за напреден дизајн. Истражува можни идеи за сериски возила до 10 години во иднина и ги изложува идните теми за дизајн и технологии за возила.
ВЕЈН БУРЏЕС
Директор на студио за сериски модели и SVO проекти

Вејн го води тимот за креативен дизајн што е одговорен за сите сериски возила на Jaguar, вклучувајќи ги неодамна претставените модели F‑PACE и XE, како и моделите XF, F‑TYPE и XJ.

Вејн порано работеше во Aston Martin Lagonda, а Ијан Калум оттаму го донесе во тимот за дизајн на Jaguar. Блиску соработува со Ијан, ја дизајнираше надворешноста на Aston DB9 и ја креираше почетната идеја за дизајн за тоа што стана Aston Vantage.
АЛИСТЕР ВЕЛАН
Директор за креативност, внатрешен дизајн

Алистер е фокусиран во обезбедувањето на водечката позиција на Jaguar за дизајн на внатрешност кај сите модели на Jaguar. Негова прва задача беше моделот XKR-Coupé Concept и потоа ја дизајнираше внатрешноста за идејниот модел C-XF како и за XF, и наградуваниот дизајн на внатрешноста на F-TYPE.

Алистер го водеше дизајнот на серискиот F‑TYPE Coupé, студијата за производство на C-X75 хибрид суперавтомобил, идејното возило F‑TYPE Project 7 и од неодамна целосно новиот Jaguar F‑PACE, SUV со високи перформанси.
АДАМ ХАТОН
Директор за креативност, надворешен дизајн

Адам почна во Jaguar vo 1998 година со првиот идеен автомобил F‑TYPE Concept Car. Подоцна ја разви надворешноста на моделот C-XF што беше прифатена со воодушевување како и таа на повеќе пати наградуваниот сериски модел, а и на луксузниот седан XJ.

Како водач на одделот за надворешен дизајн, Адам одигра фундаментална улога при креирањето на театралните пропорции својствени за интелигентната алуминиумска конструкција на каросеријата на Jaguar, според којашто се креираа возбудливите модели новиот XE, целосно новиот XF и динамичниот F-PACE.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас