ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО I-PACE МОЖЕ ДА СЕ ВКЛОПИ ВО ВАШИОТ ЖИВОТ

Кога I-PACE беше претставен како првиот целосно електричен SUV на Jaguar, тој ја обележи визијата за чиста, безбедна и одржлива иднина на возилата на Jaguar. Ијан Калум, директор на дизајн во Jaguar, го опиша електричниот автомобил „неминовен“ и нема да биде изненадување кога ќе гледаме сè повеќе и повеќе електрични возила по нашите патишта.


За многумина од нас, одлуката да се префрлиме на електрично возило е голем чин што бара добро да се размисли. Важен фактор и главен дел од процесот на одлучување е да се разбере како електричното возило ќе се вклопи во нашиот живот. Тука на сцена стапува Go I-PACE.

Go I-PACE е интелигентна апликација што ви помага да го искусите животот како возач на I-PACE дури и пред да седнете зад неговиот волан.

Иако I-PACE има максимална автономија од 470km*, што значи дека 98% од патувањата во Обединетото Кралство можат да се завршат само со дел од полнежот на батеријата, автономијата е уникатна за секое патување на возачот и неговите навики во возењето. Go I-PACE беше развиен за да ги идентификува и користи таквите информации. Преку прибирање и анализирање на податоците од начинот на којшто возите при вашите редовни патувања, Go I-PACE ги пресметува главните статистички податоци, како автономијата на батеријата, и ги испраќа до вашиот уред што ви дава јасна слика на вашиот живот како возач на I-PACE.


Автономијата не е единствениот статистички податок што Go I-PACE може да го даде. Апликацијата дава и други елементи од животот со електрично возило, EV, како што се потенцијална заштеда на трошоците што би ја направиле ако се префрлите на електрично возило, локацијата на вашите најблиски станици за полнење и колку често ќе треба да ја полните вашата батерија.







Go I-PACE работи со помош на услугата за локација на вашиот уред за да ги запише поединечните патувања. Благодарение на својата напредна технологија, апликациајта може дури и да прави разлика помеѓу различни режими на пренос за да обезбеди дека информацијата што ја користи е точна.


Друг главен статистички податок што Go I-PACE го дава од вашето патување е потенцијалната заштеда на трошоците што би ја направиле ако се префрлите на I-PACE. Оваа вредност се пресметува со помош на реалните трошоци за гориво и енергија според акредитирани извори и актуелната потрошувачка на гориво на вашиот автомобил, така што вредноста важи за вас.
Go I-PACE работи со помош на услугата за локација на вашиот уред за да ги запише поединечните патувања. Благодарение на својата напредна технологија, апликациајта може дури и да прави разлика помеѓу различни режими на пренос за да обезбеди дека информацијата што ја користи е точна.

Друг главен статистички податок што Go I-PACE го дава од вашето патување е потенцијалната заштеда на трошоците што би ја направиле ако се префрлите на I-PACE. Оваа вредност се пресметува со помош на реалните трошоци за гориво и енергија според акредитирани извори и актуелната потрошувачка на гориво на вашиот автомобил, така што вредноста важи за вас.





Ако сакате да пронајдете станици за полнење, интерактивната мапа на Go I-PACE ви овозможува да пребарате такви станици долж одредена патека или во избрана област, на пример блиску до вашето работно место или до вежбалницата којашто редовно ја посетувате.

Како дел од уникатната слика што ја прави Go I-PACE со помош на информациите од вашите патувања, ќе можете да видите и колкав полнеж од батеријата би се користел по патување и колку полнења би биле потребни за да се покрие запишаната седмична километража. Интелигнетната апликација покажува и по колку патувања, ако ги има, ќе треба да застанете и да ја полните батеријата по пат.





Преземете ја GO I-PACE


Апликацијата Go I-PACE е спремна за преземање од следните продавници за апликации за iOS. Бесплатна е за користење и не е потребна регистрација.

- Обединетото Кралство: https://itunes.apple.com/gb/app/go-i-pace/id1397794566?mt=8
- Германија: https://itunes.apple.com/de/app/go-i-pace/id1397794566?mt=8
- Шпанија:https://itunes.apple.com/es/app/go-i-pace/id1397794566?mt=8
- Португалија: https://itunes.apple.com/pt/app/go-i-pace/id1397794566?mt=8
- Италија: https://itunes.apple.com/it/app/go-i-pace/id1397794566?mt=8
- Холандија: https://itunes.apple.com/nl/app/go-i-pace/id1397794566?mt=8


Апликацијата ќе биде достапна и во продавницата на Google Play – заедно со многу други продавници за апликации за iOS – наскоро.

*Потрошувачка на гориво: не е познато. Емисија на CO2: 0 (g/km). Автономија на EV: до 470km. Вредностите за автономијата на EV - електричното возило се базираат на сериско возило по стандардизирана патека. Постигнатата автономија ќе се менува во зависност од состојбата на возилото и батеријата, актуелната патека и опкружување и стилот на возење. Вредностите за автономијата на EV - електричното возило се базираат на WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила), новиот процес што беше постепено воведуван од 2017 година, што мери потрошувачка на гориво, потрошувачка на енергија, автономија и емисија на издувни гасови кај патничките возила во Европа. Овој процес е направен да обезбеди вредности поблиски до вредностите при реалното возење. Тој ги испитува возилата со опционална опрема и со посложени постапки на испитување и профили на возење.