ЗА JAGUAR
<center>КВАЛИТЕТ, ПРОВЕРЕНОСТ И СИГУРНОСТ</center>

Автомобилите на Jaguar се произведуваат на нашата најсовремена линија за производство во Касл Бромич. Тоа е место со почит кон мајсторската изработка, каде што стотиците високотехнолошки роботи и мултимилионските машини работат совршено синхронизирано покрај илјадниците висококвалификувани работници. Грант Мекферсон, директор на оперативните активности, треба да осигура дека секој автомобил е совршен.

„Jaguar отсекогаш се залагал за совршено инженерство и прекрасен дизајн“, вели Грант, „нашата улога е да ја оствариме замислата на тимот за дизајн, секој пат и со секој автомобил. Наша работа е да ја постигнеме строгата спецификација, а за мене квалитет е способноста за одново и одново да ја постигнуваме таа спецификација. Тука го внесуваме вниманието кон деталите. Произведуваме луксузни автомобили“.

Уникатни автомобили, произведени по нарачка

Секој Jaguar е изработен по нарачка така што секој автомобил на производната линија веќе има свој сопственик што чека на него. Имено, тоа е фактот што ја поткрепува природата на рачната изработка во неверојатниот процес на производство на Jaguar.

„Се работи за изненадување и задоволство“, вели Грант. „Сакам секој возач да има прекрасно доживување кога за прв пат ќе влезе во својот нов Jaguar. Наша желба е да ги надминеме очекувањата на клиентите. Jaguar има фантастични производи со легендарен дизајн, и ние сериозно ги сфаќаме нашите дисциплини“.

Квалитет од почеток до крај

Во пракса, ова внимание кон деталите значи дека секој автомобил постојано е под надзор додека патува низ фабриката. Во текот на производството на секој XJ, на пример – од неговиот почеток како алуминиумски лим до моментот откога ќе излезе од линијата за склопување како луксузно возило – тој ќе помине низ илјадници прецизни проверки на процесот и квалитетот. Во ретки случаи кога автомобилот не е совршен на крајот од процесот, тој не продолжува сè додека не се изврши корекција на проблемот, проверка на корекцијата, па повторна проверка, за на крај да се смета за совршен.

„Најважно е секој да биде целосно фокусиран на тоа што го правиме тука. Произведуваме премиум автомобили“, вели Грант. „Произведуваме автомобили Jaguar“.

На крајот на процесот, посебно одредени инспектори го прегледуваат секој автомобил, проверуваат дали сè функционира како што треба, дали има никакво оштетување и дали секој автомобил е изработен според нивото на совршенство што го бара Jaguar.

Постигнувањето на Jaguar во истражувањето APEAL (перформанси, ефект и изглед) на J.D. Power and Associates

Вниманието кон деталите пресуди Jaguar да биде прогласен за „Број 1 производител на автомобили“ во истражувањето на What Car? J.D. Power за 2013 година, втора година по ред.

Истражувањето за задоволство на сопствениците на возила во Обединетото Кралство се базира на оценките на околу 18.000 сопственици на возила по две години, во просек, од поседувањето на возилото. Се оценуваше секој аспект на возилото, од перформанси, дизајн и комфор, па сè до квалитет, сигурност, трошоци за експлоатација и задоволство од работата на продавачите и сервисите.

„Ова е големо признание за сите во Jaguar“, кажа Чез Халет, главен уредник на What Car? „Истражувањето покажа дека клиентите се навистина задоволни со своите Jaguar-и, остварување со исклучителна важност за секој производител на автомобили“.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашиот совршен Jaguar
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar