ЗА JAGUAR

ЗА JAGUAR

JAGUAR LAND ROVER ВО ЗАЕДНИЦАТА

Како корпоративни членови на Бизнис во заедницата (BITC) од 1987 година, посветени сме на постојано подобрување на нашето влијание врз општеството со:


  • Управување, мерење и интегрирање на одговорни деловни практики во нашите деловни активности.

  • Преземање заедничка акција за справување со недостатоците.

  • Инспирирање, иновирање и водење преку споделување на учењето и искуството.


Лесно им е на големите корпорации да даваат празни ветувања, така што ја поддржуваме нашата посветеност на бројни начини. Прво, се фокусираме на две главни области – помагаме да се подобри образованието и да ги привлечеме луѓето во инженерството. Овој фокус е поддржан со ресуси што ни требаат за да направиме вистинска разлика.

Второ, како членови на клубот BITC PerCent, нашата програма за односи со заедницата одреди да придонесуваме со повеќе од 1% од нашиот профит пред оданочување.

Ова го одржуваме без оглед на тешката економска ситуација и ќе продолжиме да инвестираме во програми за однос со заедницата од коишто имаат придобивки сите што се во контакт со нив. Исто така, ги охрабруваме нашите продавачи, добавувачи и други компании да работат на сличен начин со нивните заедници.

Вклученост на вработените

Нашите луѓе се во срцето на нашиот успех. Нивните вештини, страст и посветеност отсекогаш биле клуч за креирање на возбудливи автомобили. Денес тие ги користат нивните вештини за доброто на заедниците во коишто работиме и живееме.

Ги охрабруваме сите вработени да ја играат нивната улога – секој има 16 часа работа годишно во програми за поддршка на заедницата. Можат да бидат вклучени во што сакаат, од работа со ученици со посебни потреби, одржување на древни шуми, до надгледување на работата на училиштата и секакви други активности.

Од првиот ден нашите дипломци имаат можност да се вклучат во разни настани и активности преку програмата Ignition. Овие настани и активности се дизајнирани за да можат дипломците да стекнат самодоверба и искуство со што ќе се истакнуваат на работа и во заедницата.

Ги поддржуваме младите

Веруваме дека иднината ни е во рацете на младите. Затоа, нудиме бројни програми и функции што се дизајнирани за да отворат нови можности и да го донесат светот на бизнисот, образованието и спортот до младите во заедниците во коишто работиме. Тука спаѓаат:


  • Образовни центри за деловна соработка. На младите им нудиме практично искуство од светот на работата во нашите производни локалитети во Обединетото Кралство.

  • Зони за образовна акција. Ги седнуваме на една маса деловните субјекти и локалните училишта за да се решат слабите резултати и ниската посетеност.

Размислуваме локално

Постојано ги набљудуваме нашите активности и како тие влијаат на луѓето што живеат блуску до нашите локации. Одржуваме добри односи со локалните заедници што ќе ни помогне при донесувањето на вистинските одлуки што се базираат на точната информираност.

Членови на локалниот совет и претставници на жителите ни се придружуваат за да ги прегледаме нашите планови и ни ги кажуваат нивните идеи и загриженост.

Индустриски здруженија

Активно сме вклучени во многу индустриски здруженија што работат за намалување на влијанието на нашите деловни активност врз животната средина и обезбедување на одржлива иднина. Тука спаѓаат здруженијата:


  • Уметност и бизнис

  • Заедничка цел за Бирмингем и Ковентри

  • Бизнис во заедницата

  • Бизнис во програмата за животна средина

  • Конфедерација на британската индустрија

  • Зони за образовна акција во Ковентри, Ливерпул и Ноусли

  • Образовни центри за деловна соработка

  • Совет за животна средина

  • Форум за иднината

  • Groundwork активности во Ковентри и Ворикшир, и Groundwork активности во Мерсисајд

  • Совет за учење и вештини

  • Локално стратешко партнерство

  • NSPCC Ковентри бизнис група

  • Партнерство за учење

  • Здружение на производители и трговци во автомобилската индустрија (SMMT)

  • Форум за мобилност при Програмата за животната средина на Обединетити Нации

  • Светскиот бизнис совет за Одржлив развој одржлива мобилност


Како ченови на SMMT ние сме посветени на градење долгорочни и квалитетни врски со вработените, добавувачите, клиентите, акционерите и заедниците во коишто работиме.