ЕВОЛУЦИЈАТА НА XF

Дизајнот на Jaguar XF еволуираше, но неговата технологија и пространството од перформанси се револуционерни. Дизајнерите Ијан Калум и Адам Хатон објаснуваат како созреа средишниот седан модел на Jaguar.

Се приближувате од позади до вашиот Jaguar XF, ја кревате раката и ја фаќате кваката на вратата за возачот. Во тој момент, можеби во заоблувањето на крајот од хаубата ќе го препознаете духот на првиот спортски седан модел на Jaguar, моделот Mk II од 1960-тите години. Секој што ја знае таа икона ќе почувствува несекојдневна возбуда при погледот на ова познато заоблување во модерен автомобил како XF. Тоа е целосно модерен дизајн, автомобил чијшто физички облик, како и перформансите и технологијата што ги има во себе, гледа кон иднината.



Но вештината на Ијан Калум, директор на дизајн во Jaguar, и неговиот тим е таква да можат да ги внесат овие суптилни детали без да го нарушат модерниот изглед на XF. Се забавуваат. И создадоа автомобил што, како сите други производи со добар дизајн, сега изгледа одлично, но ќе продолжи да открива повеќе детали како овој, колку што подолго живеете со него.

Оригиналниот Jaguar XF веќе стана еден од оние легендарни модели на Jaguar. „Така што решивме, сосема свесно, да го развиеме“, започна Калум. „Првиот XF го трансформираше брендот и го пренесе јазикот на модерниот дизајн“, вели Адам Хатон, што доби задача од Ијан Калум да ја надгледува надворешноста на XF. Тој работеше и на првиот XF. „Мислам дека знакот за добар дизајн на автомобил е дека кога го заменувате тој сè уште изгледа добро на патот и се продава добро. Така што ова не е време за револуционерни промени во XF. Наместо тоа, сакавме да надградиме сè што е добро во врска со тоа“.

Се разбира, многу работи се сменија од првото појавување на XF во 2007 година. Се појави покомпактниот спортски седан XE, што овозможи поголемиот XF малку да созрее. Големата инвестиција на Jaguar во технологија ги донесе лесната алуминиумска конструкција на каросеријата, напредните четирицилиндрични мотори Ingenium произведени од страна на Jaguar во неговата фабрика за мотори, и серија на технологии со фокус кон возачот, од водечкиот во класата систем за информации и забава InControl Touch Pro што овозможува многу поголемо ниво на поврзливост, до системот Контрола на движењето по секаква површина (ASPC) што им овозможува на возачите да имаат доверба при тргнување со мала брзина во лизгави услови (XF беше првиот во својот сегмент што понуди ваков систем).

Можете да ги видите техничките унапредувања што ги прави XF во своите форми и пропорции. Интелигентната алуминиумска конструкција на каросеријата на којашто се потпира е буквално тоа: конструкција, не е фиксна „платформа“ врз која мора да се постави каросерија. Тимот за дизајн имаше слобода да почне од точните први принципи, позиционирање на тркалата точно каде што сакаа да бидат за да се добијат совршени пропорции и совршен став.

Иако овој автомобил е малку пократок од претходниот XF за да се подобри способноста за маневрирање во град, изгледа како да е поголем, посериозен автомобил бидејќи меѓуоскиното растојание се зголеми а тркалата се поставија поблизу до аглите. Пократкиот нос ја урамнотежува поформалната, исправена украсна маска за да се одржува динамиката на автомобилот, додека издолжената секција помеѓу предната оска и воланот му дава на автомобилот поголемо премиум чувство, истакнувајќи ги пропорциите што ги очекувате кај луксузен седан со голем мотор и погон на задните тркала (и покрај тоа што вашиот XF може да има четирицилиндричен мотор и погон на сите тркала).

„Малку го преместивме XF бидејќи во портфолиото го имаме XE“, вели Хатон. „XF моделот што е на залез мораше да биде сè. Беше основен автомобил, деловен автомобил, купе со четири врати. Сега XE овозможува XF да се развие во тоа што го гледате тука“.

XF ги спојува совршениот став и идеалните пропорции со паметните, суптилни детали.

Се разбира, поголемо меѓуоскино растојание дава поголем простор во кабината, а XF ќе има најголем простор за нозете на задните седишта во својата класа. Значи, тимот за дизајн избра да го расветли тоа преку „шесто светло“, дополнителен прозорец поставен во Ц-столбот зад задните врати. Овој детаљ, и малку поизразениот, формален капак на багажниот простор се веројатно највпечатливите измени во XF.

Но, само кога разговарате со дизајнерите станува очигледна префинетоста на нивната работа: начинот на којшто ја фаќаат, контролираат и насочуваат светлината за да ја оживее формата и да не натера да се заљубиме во дизајнот без да знаеме зошто. Побарајте го нежниот „набор“ што оди наназад од фаровите па сè до капакот на багажниот простор на XF – обележје на седан моделите на Jaguar од минатото – но исто така и начин да се фатат светлосните зраци на хаубата што ќе ги привлекува погледите. Или надобро од сè можеби „светлосната стрела“: линија што тече наназад од лаковите на предните крила и долж страничниот дел од каросеријата, истакнувајќи ја порамната странична линија на овој поформален седан.

„Mark II ја имаше оваа убава линија што почнува над предното тркало и оди непрекинато до задниот дел“ вели Хатон. „Ние само ја интерпретираме на многу модерен начин. Ијан ја крсти како светлосна стрела. Можете да видите дека заоблувањето е апсолутно совршено. Линијата завршува на задниот дел. Оваа линија му дава елегантен британски стил на автомобилот. Исто така, оваа линија го прави автомобилот уште потенок. XF има мала тежина, а наша работа е да го покажеме тоа преку надворешниот дизајн“.

Калум и неговиот тим ги споија совршениот став и пропорции со паметните, суптилни детали. XF повторно ја прикажува упорноста на Калум за дизајн со сензуален поглед директно од горе, што од друга страна причинува вашата перцепција за формата на автомобилот да се менува како што се движите околу него на улица. Но, дизајнот не постои во вакуум. Токму како што дизајнот на XF беше потпомогнат од неговата алуминиумска конструкција на каросеријата, така и тимот за дизајн им помогна на инженерите и стручните за аеродинамика во Jaguar да го создадат – заедно со XE – моделот на Jaguar со најдобра аеродинамика досега со коефициент на отпор на воздухот од само 0,26.

Комбинирајте ги измазнетиот облик со четирицилиндричниот дизел мотор Ingenium со мала потрошувачка на гориво, намалувањето на тежината од околу 190kg и останатите унапредувања за намалување на потрошувачката на гориво, како електричниот серво волан, ќе можете да специфицирате еден XF што ќе емитира најмалку 104g на CO2 на секој изминат километар*.

„Тоа е големата приказна за XF“, вели Калум. „Со момците од аеродинамиката работевме уште од првата скица. Ако работите според холистички принцип и само се обидувате да го направите целиот автомобил што е можно поаеродинамичен, ќе добиете нешто без форма. Наместо тоа, работиме на деталите, ги управуваме воздушните струи низ автомобилот и околу автомобилот, како што би направил инженер за тркачки автомобил. На тој начин добивате многу подобар резултат, и за дизајнот и за ефикасноста“.

И двајцата знаат дека добиле совршен резултат: автомобил што ги соединува водечкиот дизајн со најсовремена технологија што сега се очекува од Jaguar и невообичаеното пространство од перформанси. Хатон вели, „Знаете, не е баш едноставно да се создаде автомобил што не изгледа непријатно од ниеден агол. Но, уверен сум дека не можете да направите лоша фотографија на XF“.

*Наведените вредности за потрошувачката на гориво се според официјалните тестови на производителот во согласност со ЕУ прописите.

Вистинската потрошувачка на гориво на возилото може да се разликува од потрошувачката добиена со вакви тестови и овие вредности се наменети само за споредба.

Официјални вредности за потрошувачката на гориво на XF во l/100km (mpg): Во град 11,9 (23.7) – 4,8 (58.9), Надвор од град 6,7 (42.2) – 3,6 (78.5), Комбиниран циклус 8,6 (32.9) – 4,0 (70.6). Емисија на CO2 g/km: 204 – 104.

„ДИЗАЈНЕРИТЕ ЗНААТ ДЕКА ДОБИЛЕ СОВРШЕН РЕЗУЛТАТ: АВТОМОБИЛ ШТО ГИ СОЕДИНУВА ВОДЕЧКИОТ ДИЗАЈН СО НАЈСОВРЕМЕНА ТЕХНОЛОГИЈА ШТО СЕГА СЕ ОЧЕКУВА ОД JAGUAR И НЕВООБИЧАЕНОТО ПРОСТРАНСТВО ОД ПЕРФОРМАНСИ“.

ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА ФАМИЛИЈАТА НА СЕДАН МОДЕЛИ НА JAGUAR
Jaguar претставува три прекрасни седан автомобили што можат да го исполнат секое барање.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО ЕКСПЕРТИТЕ НА JAGUAR
Длабоко во седиштето на инженерство во Гајдон, стотици технички волшебници работат на подобрување на идните модели на Jaguar. Запознајте ги седумтемина различни но величенствени претставници на одделите, од специјалисти за виртуелна реалност до специјалисти за самоуки автомобили и акустика.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
F‑PACE – ЛУКСУЗНИОТ SUV СО ВИСОКИ ПЕРФОРМАНСИ
Спортско теренско возило на Jaguar што ги разбива стереотипите за практичност и елеганција. Дизајнерите што го осмислија моделот F-PACE ја опишуваат нивната инспирација.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ