F‑TYPE PROJECT 7

Фузијата на класичен дизајн и висока технологија го прави најбрзиот Jaguar досега.

JAGUAR ВО СВОЈАТА НАЈЧИСТА ФОРМА

F‑TYPE Project 7 е спортски автомобил од колекционерско издание, во ограничена серија од само 250 возила низ целиот свет. Овој модел е најбрзиот и најмоќниот Jaguar досега, способен да постигне брзина од 96km/h за само 3,8 секунди и максимална брзина од 300km/h. Дизајниран е од страна на нашиот тим Special Vehicle Operations (SVO) и има една јасна цел - задоволство во возењето.

СПОЈ НА МОДЕРЕН И РЕТРО СТИЛ

Кај Project 7 дизајнерската крв на историскиот D-type се помеша со крвта на современиот F-TYPE, добитник на наградата светски дизајн на автомобил. Иако најистакнатиот детал од ретро стилот е уникатната грпка зад главата на возачот, течните, заоблени линии на D‑type преовладуваат во целиот дизајн.