Нашите дизајнери направија типичен модерен британски спортски автомобил што е најбритански досега.
Моделот F‑TYPE, во светот познат како икона на современиот дизајн и добитник на наградата за светски дизајн на автомобил на годината, сега е достапен во престижната изведба British Design Edition во двете верзии на каросеријата, и како coupé и како convertible. Основа на овој модел е моделот F‑TYPE „S“, a автомобилот доаѓа во црвена, бела или сина (или црна ако инсистирате) боја.
Мали измени за големи разлики. F‑TYPE British Design Edition се карактеризира со преден разделник во црната нијанса gloss black, странични декоративни елементи и заден дифузор во боја на каросеријата, додека кај верзијата coupé достапен е фиксен спојлер. Тркалата се поголеми - 20 инчи, со уникатна завршна обработка и црвени шепи на кочниците. Суптилни еднобојни знаци со детал на британското знаме ги китат предната украсна маска и крајната врата.
Внатрешноста на автомобилот е збогатена со суптилни префинети детали како првокласна кожа во бојата Jet низ целата кабина, декоративните површини од карбонски влакна ги заменуваат алуминиумските, а на централната конзола и на спортските седишта е знакот British Design Edition. За поголема практичност, багажниот простор кај верзијата convertible е зголемен за 8 литри во споредба со претходните модели.
„F‑TYPE е спортски автомобил што ги возбудува сетилата, со визуелна драма што е индивидуална, а во исто време и многу британска. Создавањето на British Design Edition ни даде можност суптилно да го подобриме изгледот на F‑TYPE - одвнатре и однадвор“.
Ијан Калум, Директор на дизајн
Додека дизајнерите на Jaguar ја унапредуваа естетиката на F-TYPE, технолозите беа зафатени со унапредувањата во нивна област. InControl apps ви овозможува да комуницирате со автомобилот далечински преку вашиот паметен телефон или вашиот Apple Watch. Аудио системот е надграден со два звучни системи Meridian. Најважно од сè, срцето на автомобилот е 3.0-литарскиот V6 мотор со супер полнач што развива моќност од 380PS и е во комбинација со рачна трансмисија со шест степени на пренос или со автоматска Quickshift трансмисија со осум степени на пренос, со погон на задните или на сите тркала и надграден систем за кочење.