Неверојатно уметничко дело што го опишува Jaguar XE со зборови и форма.
Алуминиумскиот облак со зборови е конструиран од еден од главните материјали на XE и има форма како неговиот аеродинамичен дизајн. Овој облак е направен од 95 зборови на седум јазици: француски, германски, шпански, италијански, англиски, руски и мандарински. Самите зборови ја изразуваат естетиката и главните карактерискити на XE.
Нашите дизајнери соработуваа со стручни лица од областа на компјутерски потпомогнат дизајн, графичка уметност, сценски дизајн и обработка на метали за да ја создадат скулптурата што имаше големо влијание кога беше прикажана во стаклената инсталација на Музејот за дизајн во Лондон. Инсталацијата беше прикажувана ширум светот.