РЕВОЛУЦИОНЕРЕН ДИЗАЈН

Jaguar е посветен на светот да му донесе значаен дизајн што претставува визуелна драма, ги плени и ангажира емоциите, не само со прекрасните возила туку и во сите аспекти на животот.

ИНСПИРАЦИЈА ШТО ТРАЕ

Низ годините, дизајнерите на Jaguar замислија многу заводливи, легендарни автомобили: меѓу другите D-type, со својата аеродинамична грпка; E-type, веројатно најпосакуваниот автомобил на Jaguar и наградуваниот XE - крунисан како најубавиот автомобил на саемот за автомобили Festival Automobile International во Париз во 201x година. Изгледа дека постои бескраен извор на инспирација. Прашањето е едноставно, што е следно? Тоа ќе го дознаете прво тука, во Просторот за дизајн.

F‑TYPE СО ДОПОЛНИТЕЛЕН БРИТАНСКИ ДУХ
Веќе познат насекаде во светот по својот дизајн, шармот на F-TYPE е дополнително збогатен со ексклузивниот модел British Design Edition. Овој модел се базира на моделот F‑TYPE „S“, а бројните визуелни подобрувања, деталите во внатрешноста и специјалната палета со бои инспирирана од британското знаме на овој британски спортски автомобил му додаваат уште повеќе британски стил.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
НАЈМОЌЕН JAGUAR ДОСЕГА
Мешање на класичен стил со најновото во технологијата на погонскиот дел и способноста на моторот. Jaguar F-TYPE Project 7 е совршената комбинација на историски дизајн и динамика на 21-от век. Откријте како овој спортски автомобил од специјална серија за колекционери стана најбрзиот и најмоќниот Jaguar што е направен досега.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ОБЛИКУВАН СО ЗБОРОВИ
Фестивалот на дизајн во Лондон беше домаќин на извонредната скулптура создадена од дизајнерите на Jaguar. Jaguar XE во природна големина формиран од зборови, на бројни јазици, што се користат за да го опишат; неговиот изглед, чувство, возење и комфор.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Jaguar
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Jaguar грижа за корисници или општи прашања
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте тест возење преку вашиот локален продавач на Jaguar
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Пронајдете продавач на Jaguar блиску до вас