JAGUAR I-PACE

ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

Додадете нов впечатлив белег на дизајнот на I‑PACE со помош на овие пакети за надворешноста.

ПАКЕТ BRIGHT EXTERIOR

Блескав пример на луксузниот карактер на I-PACE. Овој пакет вклучува хромирани завршни детали на куќиштата на ретровизорите, порабувања на прозорците и задниот дифузор.
ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

Збогатете го стилот на Вашиот I-PACE со фиксен панорамски покрив или со црн контрастен покрив. Панорамскиот стаклен покрив ја исполнува внатрешноста со природна светлина. Црниот контрастен покрив се протега од предното ветробранско стакло преку средниот дел на покривот па до спојлерот.
ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

На располагање имате богата понуда на тркала за Вашиот Jaguar I-PACE. Изберете го стилот и димензијата што највеќе Ви се допаѓаат и одговараат на Вашите потреби. Тркалата со димензија од 18“ се совршени за продолжување на автономијата на возење. Тркалата со димензија од 22“ го надградуваат стилот на Вашето возило.

ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

Збогатете го Вашето доживување со I-PACE со помош на широката палета со опции на пакети за внатрешноста.​

Пакетот Technology го обезбедува најдоброто доживување со интегрирана технологија. Вашиот I‑PACE со овој пакет добива Head-up дисплеј, уред за безжично полнење со засилувач на сигналот1 и ClearSight ретровизор2.

СИСТЕМИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ПОМОШ

Овие системи се дизајнирани да го зголемат Вашето уживање во возењето како и да обезбедат дополнителна безбедност преку иновативните технологии.

ПАКЕТ DRIVER ASSIST

Пакетот Driver Assist нуди група на елементи за помош при возењето меѓу коишто се системите Помош за мртов агол, Набљудување на сообраќајот зад Вас, Прилагодлива контрола на патната брзина со помош за управување и Набљудување за спречување судар одзади. Сите овие системи се дизајнирани за да уживате во поедноставно и побезбедно патување.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Дајте му личен вкус на Вашиот I‐PACE и пронајдете ги додатоците коишто одговараат на Вашиот животен стил.

ПРЕДНИ И ЗАДНИ КАЛНИЦИ

Предни и задни калници со знакот на Jaguar ги збогатуваат линиите на Вашето возило, го намалуваат прскањето и обезбедуваат заштита од нечистотија и удари од камчиња.

КОЛЕКЦИЈАТА JAGUAR

Нашите автомобили и нивниот дизајн се инспирација за нашиот ексклузивен асортиман на луксузна облека, додатоци и подароци.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

Целосно електричен SUV со високи перформанси.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ГЛАВНИТЕ ДЕТАЛИ
МОДЕЛИ НА JAGUAR I-PACE

МОДЕЛИ НА JAGUAR I-PACE

Погледнете ја целата серија на модели.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ГЛАВНИТЕ ДЕТАЛИ
СПЕЦИФИКАЦИИ

СПЕЦИФИКАЦИИ

Погледнете ги фактите и бројките.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
СО JAGUAR НА СТРУЈА

СО JAGUAR НА СТРУЈА

Откријте го возењето на струја.

1Само компатибилни паметни телефони.

2Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.

3Клучот за активирање може да се наполни за 1 час и обезбедува работен век на батеријата до 7 дена.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.

Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата на купување, од варијантата на моторот и трансмисијата.