Чудесна комбинација од грандиозност и перформанси. Jaguar XF има нова палета на дизел мотори што е надградена со технологијата на делумно хибридно возило.
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 115†
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km
Од 4,4†
Голем простор за нозете, приспособливи положби на седиштата и нови опционални седишта со масажер. Вашиот XF е вистинско катче за релаксација.
XF ги привлекува погледите од сите страни. Современите карактеристики, вклучувајќи ја украсната маска со декоративна фолија, се дел од разубавената надворешност на XF.
Искустете го надалеку познатото возење на Jaguar. Во нашата серија модели сега се вклучени нови дизел мотори со технологијата на делумно хибридно возило за поефикасни патувања.
Системот Погон на сите тркала (AWD) на Jaguar е уникатен помеѓу ваквите системи. Овој систем ја има функцијата Интелигентна динамика на погонот што ги предвидува граничните можности на тракцијата и го префрла вртежниот момент за да се одржува контролата и смиреното возење.
Стандардни карактеристики на Pivi:
• Екран на допир од 11.4"
• DAB дигитално радио
• Посредник со нов дизајн
• Apple CarPlay® 1
• Android AutoTM 2
• Remote3
Надградете го системот во Pivi Pro4 и ќе бидете во друштво со најновото од вештачката интелегенција за системите за автомобил. Овие новитети обезбедуваат карактеристики каков што е самоукиот систем за навигација, за да можете да уживате во целосно поврзано патување.
Изберете некој од бројните прикази, вклучувајќи ја 3Д навигацијата на цел екран, информациите за возење, или накратко погледнете што емитира аудио системот, а сето тоа на новиот Интерактивен дисплеј за возачот со екран од 12,3 инчи со висока резолуција.
Опционалниот Head-up дисплеј5 на ветробранското стакло ги прикажува главните информации. На приказот во боја можете едноставно да ги видите брзината на Вашето возило, избраниот степен на пренос и насоките за навигација.
Британската компанија Meridian Audio се грижи за музичкото доживување. Тука не се работи само за погласна музика. Тука се работи за интензивирање на музиката преку длабок, чист и реален звук со помош на комбинацијата од напредна технологија за акустика и стратешки позиционираните звучници. На тој начин се создава аудио платформа - ние ја нарекуваме „звучна сцена“ - што точно одговара за внатрешноста на XF. Изберете еден од опционалните аудио системи, MeridianTM или MeridianTM со опкружувачки звук.
Со активното исклучување на буката од патот, благодарејќи на иновативната технологија од аудио експертите Meridian Audio и намаленото ниво на вибрации, XF нуди зголемен комфор за Вас и Вашите сопатници.
Луксузен деловен седан со уникатен дизајн, динамично возење и најсовремени технологии. Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Jaguar XF.
Персонализирајте го Вашиот XF по Ваш вкус, според Вашиот животен стил и Вашите интереси.
Нашите автомобили и нивниот дизајн се инспирација за нашиот ексклузивен асортиман на луксузна облека, додатоци и подароци.
†Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.
Погледнете ги WLTP вредностите.
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новата официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење. Вредностите се прикажани како автономија според WLTP постапките за испитување. Најниските вредности се однесуваат на најекономичниот/најлесниот пакет од опции.
Највисоките вредности се однесуваат на најнеекономичниот/најтешкиот пакет од опции. WLTP прописот диктира дека кога разликата помеѓу најниските и највисоките вредностите за CO2 е помала од 5g, тогаш се декларира само највисоката вредност.
1 Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.
2 Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.android.com/auto/.
3 Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar. Апликацијата Jaguar Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.
4 Connected Navigation ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar.
5 На некои пазари бара соларно стакло. Правците на навигацијата се појавуваат на ветробранското стакло само кога во возилото е вграден системот Pivi Pro.
6 Може да се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Jaguar
7 На сликата е прикажан додатокот Jaguar Click and Go, се продава посебно. Без таблет. Се применува политика за фер користење. По искористувањето на 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот. За подетални информации во однос на политиката за фер користење, а поврзани со оваа функција, погледнете ги условите за користење на InControl Pivi Pro на www.jaguar.com/pivi-pro-terms. Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината. ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци.
8 Клучот за активирање може да се наполни за приближно два часа и обезбедува до десет дена работен век на батеријата.
9 Само кај верзијата Saloon. Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Jaguar за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.
Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е регистриран заштитен знак на Trifield Productions Ltd.
Apple CarPlay е регистриран заштитен знак на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење на крајниот корисник на Apple Inc.
Android Auto е регистриран заштитен знак на Google LLC.