Спортскиот седан редефиниран.
ЕМИСИЈА НА CO2 ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС g/km‡
Од 130‡ со автоматска трансмисија
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС l/100km‡
Од 4,9‡ со автоматска трансмисија
Префинета внатрешност со фокус кон возачот.
ЕМИСИЈА НА CO2 ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС g/km‡
Од 130‡ со автоматска трансмисија
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО ПРИ КОМБИНИРАН ЦИКЛУС l/100km‡
Од 4,9‡ со автоматска трансмисија
Мускулестиот став на XE што инстинктивно ги привлекува погледите ја нагласува неговата стилска појава. ЛЕД фаровите со препознатливи светла за дневно возење DRL, широката украсна маска и динамичниот преден одбојник го истакнуваат главниот профил на возилото.
Внатрешност креирана околу вас. Кабината во стил на кокпит се карактеризира со нов дизајн кон централната конзола којашто, заедно со селекторот SportShift на Jaguar и JaguarDrive Control, го симболизира спортскиот дух на XE.
Дефинирајте го вашиот XE со внесување на вашиот карактер во него. Персонализирајте го со помош на широката палета од опции и додатоци, од уред за безжично полнење до осветлени знаци.
За да се постигне ниво на безбедност коешто е најдобро во класата и да се добие максимална оценка од 5 ѕвезди во тестовите на Euro NCAP, XE нуди извонредна заштита од судар, со високи резултати во сите категории, вклучувајќи ги категориите за безбедност на Патник и на Пешак.
XE е опремен со палета на системи за активна безбедност вклучително системот Итно кочење за дополнително да го унапреди нивото на безбедност од светска класа.
Нашите тековни бензински мотори и новите дизел мотори се најчистите и најефикасните мотори што сме ги произвеле досега. Нашиот нов електричен погонски систем е иднината на возењето. Кој е вистинскиот за вас?
Пронајдете ја вашата лична рамнотежа од ефикасност, перформанси и луксуз во серијата модели на XE.
Напреден и ефикасен. XE нуди динамично возење со мала потрошувачка на гориво и ниска емисија на CO2, што го прави совршен избор за бизнис корисници.
1Стандард кај HSE.
2Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
*Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите според NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите според WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.
Погледнете ги вредностите според WLTP.
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.