ДИЗАЈН НА ЗВУКОТ

Кога електричните автомобили ќе ги запоседнат улиците засекогаш ќе се смени и нашата урбана бучава.

Секој што гледал (и слушнал) Формула Е ќе знае, електричните возила се многу потивки од возилата со мотор со внатрешно согорување. Навистина, оваа релативна тишина е фактор што дозволи трките во Формула Е да се одржуваат во градски средини каде што Формула 1 би се мачела и ја прави Формула Е покомпатибилна со урбанизирани и густо населени средини.



Таквата тишина ќе биде карактеристика и на новите електрични друмски возила на Jaguar и е особено добра вест за градовите - како за возачите така и за жителите. Но тоа ниво на тишина има и свои предизвици исто така.

yt:hMZM6gvRSJ4
I‑PACE Concept | Дизајн на звукот

„Градовите ќе станат непријатно потивки со електричните возила. Со години ја намалуваме бучавата во сите наши возила, но новата технологија за електрични возила ни дава интересен предизвик со тоа што одненадеж тие се малку претивки. Постои опасност пешаците да не ги слушнат возилата кога им се приближуваат. Значи, како останати корисници на градскиот простор треба да сме сигурни дека нашите возила се безбедни и рационални“.
Ијан Сафилд, техничар стручен за NVH (бучава, вибрации и непријатни звуци) во Jaguar Land Rover

Автомобилите на Jaguar отсекогаш биле познати по неверојатниот звук, па и новиот електричен автомобил на Jaguar нема да се разликува на тоа поле. Но, за да може безбедно да се слушне на мала брзина тој треба да емитира нов тип на звук за да ги извести останатите учесници во сообраќајот за своето присуство и за својата насока на движење. Исто така, во други ситуации, звукот треба да го вклучи возачот и да му даде повратна информација за динамиката на возењето. Што се однесува до тоа какви ќе бидат овие различни звуци, клиентите ќе треба да почекаат сè додека не го тестираат серискиот модел, во продажба од 2018.

ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ
I‑PACE CONCEPT
Впечатлив поглед на нашиот прв електричен сериски автомобил што се напојува преку батерија. Автомобил со погон на сите тркала AWD, моќност од 400PS, 5 седишта, со автономија од преку 500km (310 миљи).
ИСТРАЖЕТЕ ГО I‑PACE CONCEPT
JAGUAR RACING
Натпреварувањето на патеката во светскиот шампионат на ФИА во Формула Е ни обезбедува реална, брза пробна патека за тестирање и усовршување на технологиите за електричен автомобил.
ИСТРАЖЕТЕ ГО JAGUAR RACING
I‑PACE CONCEPT: <br> ОД ТРКА НА ДРУМ
Го истражуваме патувањето од тркачкиот автомобил I‑TYPE Formula E до I‑PACE Concept. Откријте го првиот целосно електричен друмски автомобил на Jaguar.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ ОД ТРКА НА ДРУМ