SECURE TRACKER
И SECURE TRACKER PRO

Апликација In Control алармирана

ЗАШТИТЕТЕ ГО ВАШЕТО ВОЗИЛО СО ДОВЕРБА

Без оглед дали сте во близина или со километри далеку, Secure Tracker ја нуди сигурноста дека Вашето возило секогаш е заштитено. Ако некој го помести Вашиот Jaguar незаконски, Secure Tracker1 и Secure Tracker Pro1 Ве држат еден чекор понапред. На апликацијата Remote е достапен и директен број до центарот за следење на украдено возило наменет за тој пазар.

SECURE TRACKER

Режим theft (кражба) во апликација In Control

ЗНАК ЗА ТРЕВОГА ПРИ КРАЖБА

Ако со Вашето возило се манипулира неовластено или е украдено, нашиот наменски центар за следење на украдено возило веднаш добива знак за тревога. Исто така, ќе добиете известување преку апликацијата Remote и СМС порака. За дополнителна заштита, сите функции на апликацијата Remote привремено ќе бидат оневозможени во текот на инцидентот.
Поглед од назад на Jaguar F-TYPE

МЕЃУНАРОДНО ПРИЗНАТА СИГУРНОСТ

Secure Tracker е меѓународно признат стандард за систем за следење возила. Оваа престижна акредитација, која често ја бараат осигурителните компании на одредени пазари, го рефлектира највисокото ниво на сигурност и доверливост во автомобилската индустрија.
Secure tracker

ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ПРОНАОЃАЊЕ

Во случај на кражба, Центарот за следење на украдено возило веднаш ќе Ве контактира за да го потврди инцидентот. По потврдувањето, ќе работиме директно со полицијата, користејќи ГПС следење во реално време и други методи за брзо да го лоцираме и пронајдеме Вашето возило.
Режим guardian (заштитник) во апликација In Control

ЗАШТИТА СО РЕЖИМОТ GUARDIAN (заштитник)2

Предупредувајќи Ве за каква било неовластена интеракција со Вашето возило - дури и ако е отворено со Вашите сопствени клучеви - режимот Guardian (заштитник) Ви помага да се чувствувате безгрижно дома, во ресторан или каде било на друго место во светот. Додадете дополнително ниво на заштита со набљудување на Вашето возило во текот на временски период по Ваш избор.
Режим transport (транспорт) во апликација In Control

РЕЖИМ TRANSPORT (ТРАНСПОРТ)3

Ако Вашето возило се транспортира, како на пример на траект или на приколка, тогаш овозможете го режимот Transport (транспорт) од апликацијата Remote или од порталот InControl за да ги избегнете непотребните предупредувања. Откако ќе се вклучи, режимот Transport (транспорт) може да се постави за време до 72 часа.
РЕЖИМ SERVICE (СЕРВИС)<sup>3</sup>

РЕЖИМ SERVICE (СЕРВИС)3

Режимот Service (сервис) се грижи да ги избегнете непотребните предупредувања кога Вашето возило е кај Вашиот сервисер. Овој режим можете да го активирате за само неколку секунди преку апликацијата Remote или преку порталот InControl. Откако ќе се вклучи, режимот Service (сервис) може да се постави за време до 72 часа.

SECURE TRACKER PRO

АКРЕДИТИРАНА ТЕХНОЛОГИЈА ЗА СИГУРНОСТ

Secure Tracker Pro нуди подобрена сигурност преку акредитирана технологија, исполнувајќи ги строгите стандарди поставени од водечките авторитети во ОК за податоци за автомобилски ризик за согласност со категоријата Thatcham S5.

Во случај на обид за кражба, ќе добиете знак за тревога, а нашиот центар за следење украдено возило ќе добие известување. Потоа локацијата на Вашето возило се споделува со локалната полиција.

Secure Tracker Pro вклучува и секундарна автентикација што е вградена во Вашиот Паметен клуч, додавајќи дополнително ниво на заштита.

УПРАВУВАЈТЕ СО ВАШИОТ INCONTROL

За да имате корист од услугата Secure Tracker, ќе треба да активирате Ваша сметка, да преземете апликација и да управувате со претплатите.

JDX апликација за автомобил во уред

АКТИВИРАЈТЕ СМЕТКА НА INCONTROL

За да ги користите поврзаните услуги на Вашиот Jaguar поставете Ваша сметка на InControl и регистрирајте го Вашето возило преку порталот Jaguar InControl.
Паметен телефон што прикажува интерфејс на апликација за контрола на автомобил на виолетова позадина.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА АПЛИКАЦИЈАТА REMOTE

Со апликацијата InControl Remote сигурноста Ви е на дофат на раката, вклучувајќи ги потсетниците за заклучување на возилото и Secure Tracker или Secure Tracker Pro.
Екран за пријавување

УПРАВУВАЈТЕ СО ВАШИТЕ ПРЕТПЛАТИ

Ако сте постоечки клиент, проверете дали Вашата претплата на InControl е ажурирана и преземете ги најновите ажурирања на софтверот во апликацијата Remote. Преземањата можат да се закажат до две недели однапред.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.


Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.


Само компатибилни паметни телефони.


1Потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето.


2Во моментов е достапно само на одредени пазари. Режимот Guardian (заштитник) бара интернет врска, сметка на InControl и претплата за Secure Tracker. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето.


3Ако Вашето возило треба да биде во режимот Transport (транспорт) или режимот Service (сервис) подолго од 72 часа, контактирајте го центарот за следење за да побарате помош.