• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

XJ

XJ е врвниот седан на Jaguar, совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз.

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km

Од 185*

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус l/100km

Од 7.0*

XJ го редефинира поимот за луксузен автомобил. Тој е драматична комбинација од убавина, луксуз и моќност. Обезбедува агилност и нуди освежувачко динамично доживување во возењето. За патниците, кабината претставува место за комфор и релаксирање. XJ се карактеризира со целосно ЛЕД фарови и крајни светла како и со системот InControl Touch Pro како дел од стандардната опрема, заедно со мноштво други надградби и во внатрешноста и на надворешноста. Ниту еден автомобил не изгледа и не возбудува како XJ.

Креирајте свој модел

СТИЛ И ЕЛЕГАНЦИЈА

XJ нуди квалитет и мајсторска изработка што се гледа на секоја рамна површина, на секоја заоблена површина, како и на секоја линија. Можете да изберете од палетата со стилски теми за внатрешноста, меѓу коишто се седиштата од мека зрнеста перфорирана кожа во бојата Ivory прошиена со ромбоидни форми со тапацир на горниот дел на инструмент таблата во бојата Ebony, тапацир на таванот од антилоп материјал во бојата Ebony и фурнир во бојата Gloss Figured Ebony.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

STYLE AND ELEGANCE

Lorem ipsum dolor si.

СТАНДАРДНО ИЛИ ГОЛЕМО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ

Стандардно меѓуоскино растојание (SWB) или Големо меѓуоскино растојание (LWB), секој XJ е совршена средина за работа или за одмор во слободното време. Моделите со LWB се карактеризираат и со простор за нозете поголем од еден метар и со уникатно „лимузинско“ возење со изменети поставки на воздушното потпирање за уште поголем комфор.

XJ СО СТАНДАРДНО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ XJ СО ГОЛЕМО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ
ОФИЦИЈАЛНО ИЗВОНРЕДЕН

XJ ги освои највисоките резултати за целокупен квалитет во сегментот на луксузни возила за 2016 година во истражувањето "Total Quality ImpactTM" спроведено од страна на Strategic Vision Inc. Оваа сеопфатна студија го мери целокупното сопственичко искуство при што од возачите е побарано да ги оценат сите аспекти на купувањето, поседувањето и возачкото доживување. Таа опфаќа сè: од сигурноста до возбудата да се управува и лојалноста кон автомобилот. Ние сме горди што XJ е оценет како "извонреден" од страна на најдобрите судии за било кој автомобил - од сопствениците.

ПОДВИЖЕН ДИЗАЈН

Самоуверениот стил на XJ вклучува импресивна, исправена предна украсна маска со мрежест детаљ, моќни целосно ЛЕД фарови и впечатливи ЛЕД крајни светла со уникатна графика со тенка декоративна линија. Моќниот карактер на XJ се отсликува во нискиот, широк став и долгата, затегната странична линија.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА

* Возилата што се прикажани во филмската содржина на оваа веб-локација може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

XJ50 SPECIAL EDITION

Инспириран од минатото, проектиран во сегашноста. Моделот Special Edition по повод 50-годишнината, ги слави 50-те години на XJ со ексклузивни дизајнерски решенија и педантно внимание кон деталите.

ИСТРАЖЕТЕ ГО XJ50

ВНАТРЕШЕН МИР

Со исклучителен луксуз, низ целата внатрешност на XJ ќе откриете квалитетна мајсторска избработка којашто го издвојува од останатите. Со XJ никогаш нема само да патувате, вас ќе ве превезуваат на друго место.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

МОЌЕН, СО БРЗА РЕАКЦИЈА, ПАМЕТЕН

Секој мотор на XJ нуди извонредна комбинација од перформанси, префинетост и ефикасност. На располагање се V6 турбодизел мотор или три бензински мотори. Меѓу бензинските мотори се и 3.0-литарскиот V6 мотор со компресор и моќниот 5.0-литарски V8 575PS мотор со компресор на XJR575. Сите мотори се карактеризираат со функцијата Stop/Start за дополнително унапредување на ефикасноста на горивото и намалување на емисијата на CO2 кај XJ.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ДОЖИВУВАЊЕТО ВО ВОЗЕЊЕТО

УБАВИНА. СИЛА. АГИЛНОСТ

Целосно алуминиумската конструкција на каросеријата на XJ не само што се одликува со јакост и крутост, туку се одликува и со екстремно мала тежина. Споена со заковки и без ниту еден заварен спој, 100-процентната алуминиумска монокок конструкција на шасијата и каросеријата, го позиционира XJ меѓу автомобилите со најмала тежина во неговата класа. Одличниот однос моќност/тежина ги унапредува сите аспекти на перформансите, а монокок конструкцијата нуди зголемена крутост за унапредена управливост како и одлични придобивки за безбедноста.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ДОЖИВУВАЊЕТО ВО ВОЗЕЊЕТО

ДОБРО ПОВРЗАН АВТОМОБИЛ

Со функцијата Remote Premium којашто сега е стандард во моделот XJ, можете да го набљудувате вашето возило од вашиот паметен телефон. Проверете го нивото на горивото, заклучете го вашиот автомобил далечински, поставете ја идеалната температува во кабината и пронајдете го вашиот XJ едноставно со функцијата Remote Beep and Flash (звучен и визуелен сигнал). А откако ќе влезете во вашето возило, системот Touch Pro, најсовремениот систем од следната генерација за информации и забава за автомобил кај XJ, ви ги носи сите битни елементи за контрола и светот на забавата на дофат на раката.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА ВО АВТОМОБИЛ
XJ ЗА БИЗНИС

XJ ЗА БИЗНИС

Моделот Jaguar XJ донесува иновативни технологии и префинет луксуз во вашиот возен парк и гарантира дека возачите ќе уживаат во времето минато зад воланот на ова возило. XJ прави и добро деловно чувство, нуди исклучителна ефикасност благодарејќи на својата алуминиумска конструкција со мала тежина и моќниот, ефикасен дизел мотор.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА СЕРИЈАТА МОДЕЛИ

ИСТРАЖЕТЕ ЈА СЕРИЈАТА МОДЕЛИ

Прегледајте ја серијата XJ и откријте ја вашата совршена комбинација на перформанси, управливост и комфор.

XJ СО СТАНДАРДНО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ
XJ СО ГОЛЕМО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ