• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

XJ50 LWB

Со своите напредни технологии за возење и врвниот комфор, XJ50 навистина е еден единствен.

МАКСИМАЛНА МОЌНОСТ (5.0 V8)

340PS
450Nm

ЗАБРЗУВАЊЕ

5,9 секунди 0-100km/h

МАКСИМАЛНА БРЗИНА

250km/h

Со префинетиот мотор и множеството од напредни технологии за возење, XJ50 LWB (големо меѓуоскино растојание) нуди отменост на луксузен автомобил со брза реакција и учество на возачот како во спортски автомобил. XJ50 LWB се карактеризира со повеќе од еден метар простор за нозете за патниците на задните седишта, и тоа е совршената средина во којашто можете да работите и да се релаксирате.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО МОДЕЛОТ СО СТАНДАРДНО МЕЃУОСКИНО РАСТОЈАНИЕ КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ВОЗБУДЛИВ НА ДОПИР

XJ50 се карактеризира со прекрасните седишта од мека зрнеста кожа обележени со прошивање со ромбидни форми со контрастни шевови. Ексклузивната координација на бои се задржува низ целата кабина.

ИСКЛУЧИТЕЛНО ЛУКСУЗЕН

Ќе го откриете квалитетот на мајсторската изработка што се протега низ целата внатрешност на XJ50, квалитет што го издвојува од останатите.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

ОДРАЗ НА СТИЛ

XJ50 изгледа навистина уникатен, благодарејќи на исклучителните 20”-ни тркала од легура „Style 5045“ со 5 двојни краци во бојата Gloss Black обработени со дијамант и суптилното хромирано означување на страничните отвори за вентилација и на капакот на багажниот простор. За да се истакнува уште повеќе, најдобриот модел на Jaguar во целост ги комбинира самоуверените одбојници на моделот XJ Autobiography со црната мрежа на украсната маска.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА

ПЕРФОРМАНСИ И ПРЕФИНЕТОСТ

Независно дали забрзувате, совладувате свиоци или се движите по нерамни површини, системот Прилагодлива динамика на XJ50 го набљудува автомобилот до 500 пати во секунда. Во спрега со воздушното потпирање, системот постојано го менува амортизирањето за да одговара на условите. Овие постојани прилагодувања се грижат за мирното возење и стабилноста на XJ, унапредувајќи ја контролата без никакви загуби во комфорот при возењето.

ИСТРАЖЕТЕ ГО ДОЖИВУВАЊЕТО ВО ВОЗЕЊЕТО

СПЕЦИФИКАЦИИ НА МОДЕЛОТ XJ50

Истражете ги спецификациите на Jaguar XJ50.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ НА XJ

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

Создадете еден совршен XJ за вашиот стил на возење, вашиот деловен стил и за вашиот животен стил.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ