• Jaguar F‑PACE

    Најпрактичниот спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar E‑PACE

    E‑PACE е првиот компактен СУВ на Jaguar. Тој е уникатна комбинација на изглед, агилност и динамично возење.

  • Jaguar I‑PACE

    Претставување на првиот целосно електричен перформансен SUV на Jaguar.

  • Jaguar F‑TYPE

    Моќен, агилен и сосема посебен, F‑TYPE е вистински спортски автомобил на Jaguar.

  • Jaguar XE

    Најнапредниот, најефикасниот и најпрефинетиот спортски седан на Jaguar досега.

  • Jaguar XF

    Вистински беспрекорни перформанси, апсолутно задоволство во возењето.

  • Jaguar XJ

    Драматична комбинација на убавина, луксуз и моќност.

Play

ВНАТРЕШНОСТ

Од екранот на допир од 10" до рачно изработениот фурнир, XJ осигурува исклучителни стандарди за технологија, луксуз и комфор†. Откријте ја квалитетна мајсторска изработка низ целата внатрешност којашто XJ го издвојува од останатите.
CO2 EMISSIONS g/km

As low as 99 on Manual
As low as 106 on Automatic

FUEL ECONOMY Combined mpg (l/100km)

From 75.0 (3.8) on Manual
From 68.9 (4.1) on Automatic

†Возилата што се прикажани во филмовите може да не се точните претставници на најновите обновувања и надградби. Ве молиме обратете се до вашиот локален продавач на Jaguar за да ги добиете најновите спецификации.

Внатрешноста на XJ е технолошки напредна како што е и луксузна. Низ целата кабина на XJ е присутна квалитетна мајсторска изработка којашто го издвојува од останатите. XJ се карактеризира и со најновата технологија во автомобил за поврзливост којашто се грижи за вашето информирање и забава. Со големиот избор на бои, материјали и завршни обработки, внатрешноста ја отсликува јасната и чистата надворешност.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРОСТОР ЗА ДИШЕЊЕ

ПРОСТОР ЗА ДИШЕЊЕ

Во кабината на XJ, впечатокот за простор се нагласува преку панорамскиот покрив и рачно изработениот фурнир којшто се простира низ кабината. Чувството за луксуз се подвлекува со возбудливите спортски елементи, а фосфорно сината светлина создава елегантен завршен впечаток. Со XJ никогаш нема само да патувате, вас ќе ве превезуваат на друго место.

ДРУГА ДИМЕНЗИЈА

ДРУГА ДИМЕНЗИЈА

XJ моделите со големо меѓуоскино растојание го издигаат луксузот на просторот на друго ниво без да ја загрозат убавината на стилската надворешност на XJ. Со повеќе од еден метар простор за нозете за патниците на задните седишта, тоа е совршената средина во којашто можете да работите, да уживате во многуте опции за забава или едноставно да се опуштите и релаксирате.

БЕСПРЕКОРНА МАЈСТОРСКА ИЗРАБОТКА

Во наслоните за глава кај моделот XJ50 е втиснато логото на Jaguar, јагуарот во скок. Логото XJ50 се појавува во гравурата на инструмент таблата и на предниот централен потпирач за раце, а фурнирот во бојата Gloss Shadow Walnut обезбедува богат, контрастен акцент во кабината.

СЕКОЈ ДЕТАЉ Е ЗЕМЕН ВО ПРЕДВИД

СЕКОЈ ДЕТАЉ Е ЗЕМЕН ВО ПРЕДВИД

Пространиот заден дел од кабината на XJ е направен да ве разгали. Тој дел може дополнително да се надгради со поединечни екрани, на отворање, од 10,2 инчи со висока резолуција со остра слика и централен потпирач за раце во којшто се сместени елементи за контрола за мултимедија и за предните и задните седишта, а обезбедува и корисен простор за одлагање предмети. За комфор, удобност и приватност на располагање се и работните масички на соборување, ЛЕД светлата за читање, паѓачките потпирачи за нозете и електричните завеси на задните странични прозорци.

КОЖА ПРОШИЕНА СО ШЕВОВИ СО РОМБОИДНИ ФОРМИ

КОЖА ПРОШИЕНА СО ШЕВОВИ СО РОМБОИДНИ ФОРМИ

Кај XJ моделите Portfolio, Autobiography и XJ50, кожниот тапацир се карактеризира со софистицирано прошивање со шевови со ромбоидни форми како врв на луксузот.

ТЕХНОЛОГИЈА ПОД ВАС

Мултифункционалните седишта на XJ ви овозможуваат целосна контрола на вашиот личен комфор. И предните и задните седишта се карктеризираат со електрично прилагодување така што совршената положба за седење е на еден допир на копчето од вас. Дури и после многу часови зад воланот, од XJ ќе излезете свежи и спремни.

ДРУГА ДИМЕНЗИЈА

Погледот од кабината на XJ е исклучителен: панорамскиот покрив со стакло што ја рефлектира топлината се простира наназад и преку задните седишта. Ги филтрира ултравиолетовите зраци и ја исполнува кабината со природна светлина создавајќи чувство на прекрасна проветреност, завидна пространост и, благодарејќи на ефикасното затемнување, голема приватност.

ПЕРСОНАЛИЗИРАН ЛУКСУЗ

ПЕРСОНАЛИЗИРАН ЛУКСУЗ

Кабината на XJ е и современа и луксузна, создадена да ги возбудува сетилата. Внатрешноста можете да ја персонализирате со помош на достапните материјали и завршни обработки за да одговара на вашите строги стандарди. Големите површини од мека кожа и прекрасните фурнири кај XJ придонесуваат за неговата уникатна, луксузна атмосфера.

XJ е врвниот седан на Jaguar. Совршената комбинација на најсовремена технологија, спортска динамика и богат луксуз. Креирајте го вашиот совршен XJ со помош на нашиот конфигуратор.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

* *Карактеристиките и нивната достапност може да се разликуваат во зависност од спецификациите на возилото и пазарот. За подетални информации консултирајте го вашиот локален продавач на Jaguar.